Предлог за мал бизнис?

  • Креатор на темата Креатор на темата david_91
  • Време на започнување Време на започнување
Токму тоа сакав да го кажам со тоа „клиенти на кој им требаат солуции со подолгорочни проекти“, таму се парите. Најголемите ИТ фирми во Мкд така прават пари.
Правење сајтчиња за xx долари е добро за поедници кој сакаат да заработат џепарец за викенд, но не и за фирма која ќе треба да опстои со месеци и години. Плус за вакви проекти ќе треба да се тепаш со Индијци кои ќе го работат проектот и за 1 долар само ти да не му го земеш.

Големите плати во овој сектор треба да те загрижуваат како (со)сопственик на фирма, а не да те радува.
Мислиш ли дека можеш да најдеш такви клиенти и да се избориш со Индијци?

Воопшто не ме загрижува платата, мојата девиза е работникот да биде задоволен за да го даде максиумот, да ги има сите услови кои му се потребни. Се разбира таа плата не е за почетници, туку за луѓе со искуство на кои им се работи. Јас така работам, некогаш ти се качуваат на глава зависи од карактер на човек, али имам одлична атмосфера и однос најдругарски со сите. Ако му дадеш се и да забушава, ќе ја види само вратата, ти како сопственик не губиш ништо :)
 
Си играте фирма а :icon_lol:?
Ако ви фалат индијци за проектче барајте ме ;)
 
Мислиш ли дека можеш ... да се избориш со Индијци?

Штом можат другите фирми ќе се снајдеш и ти. За покомплексни проекти ни Индијците не се толку ефтини.

Мислиш ли дека можеш да најдеш такви клиенти?

Требаат луѓе со контакти по странство. Можеби Фаранг или некој друг, не јас.
 
Некоја семинарска да не ви се наоѓа за бизнис план на мал бизнис:D
 
Си имаме фирма, си бараме нешо ко забава. Сакаш да ни споделиш некое инфо плус?

Конкретна информација за конкретно прашање. Јас одредено време си вадев џепарац ама кога индијци ти се клиенти и индијци ти се работна сила нема нешто многу пари.
Идеи има на претек, ако има озбилни за соработка со озбилни предлози повелете на пп.
 
Ја би едно малско клубче 1,2 плазми и плејстешн онака за тепање време. Плус кафица ова она и цела зима пратење спорт и такви работи ... Ќе цута бизнисот. Само неам кеш да почнам .. Да се намочам во тоа кешот .
 
Да не го заборави FARANG

Да секако Farang, ама тој е играч некаде далеку одовде Far East и Down Under - најдобрите зони за инвестирање, не верувам дека тука нешто би правел авантури.... Инаку од Кајганава би ги спомнал и Windfucker, Сончко, Ceasar, Maksimmus, Тomsaso.... и Bucio секако! :)
 
Па нели муабетот беше да си немаме работа со наши за плаќање. Ако одиме по таа логика тогаш тој е сосем на право место во право време. Алката која недостасува за пробивање на странски пазар. А и ке претпоставиме по негово кажување тука на форум дека воопшто нема да му претставува проблем да инвестира некое евро. Нема ни да сети дека му фалат:)
 
Дали отварањето на фризерница во Скопје или Гостивар би се исплатело и колку се на се би чинело започнување на таков бизнис? :)
 
Да секако Farang, ама тој е играч некаде далеку одовде Far East и Down Under - најдобрите зони за инвестирање, не верувам дека тука нешто би правел авантури.... Инаку од Кајганава би ги спомнал и Windfucker, Сончко, Ceasar, Maksimmus, Тomsaso.... и Bucio секако! :)

Да, убаво помисли на него, немаме хигиеничар.
--- надополнето: Oct 22, 2013 4:25 AM ---
Конкретна информација за конкретно прашање. Јас одредено време си вадев џепарац ама кога индијци ти се клиенти и индијци ти се работна сила нема нешто многу пари.
Идеи има на претек, ако има озбилни за соработка со озбилни предлози повелете на пп.
Јас да знам што би требало да те прашам во врска со овој бизнис ќе те прашам. Али појма неам така да ќе мораш сам да ми објасниш како иде постапката за барање на клиенти. Работна сила ќе најдеме не ни требаат индијци :)
 
Јас со outsourcing со ИТ пробав пред неколку години и мое искуство е дека во МКД лугето кој се занимаваат со тој бизнис не се баш стабилни за бизнис партнери. Ако не си во таа струка треба да си многу претпазлив. Проекти во тоа време да најдам не беше проблем, збориме за проекти од $500 000+ пред се од банкарската индустрија. Значи клиенти банки кој сакаат да развиваат свој софтвер/апликации за стриктно нивна употреба.

Во МКД тогаш мислев дека имам луге што можат тоа да го изведат, они ме молеа уствари да почнеме нешто. На крај кога почнавме испадна дека си аплицирале и за работа во странство и отидоа да работат во Чешка за мање више исти пари што ги плаќав во МКД, наводно појака фирма таму, плус некој луди услови што ги нуди чешката влада за породилно и што ти знам. Не е битно, не се лутам донекаде сам сум си крив требаше малку различно да го сработам тоа, да си најдев веќе постоечка ИТ фирма и само да влезевме ко партнери нешто како joint venture. На крај се се заврши само на Филипините, на сред проект морав да префрлам се во Манила.

Проблемот што ќе го имате со ИТ outsourcing е дека тоа се работи на глобално ниво. Тешко дека ќе бидете конкурентни со Индија или Филипините на пример. Таму англиски е и официјален јазик и имаат каде каде поразвиен outsourcing пазар него МКД.

Не е невозможно ако се најде работа за почеток.

Мислам дека би можело и на поситно да се оди, тоест да се искористи нашата МАК бизинис дијаспора и да се работи со нив. Јас на пример користам virtual assistant/virtual office од Филипините. Наместо да запослувам некој што ќе ми ги спрема презенациите, попoлнува разни документи, фотокопира, води плати и некој делови од сметководство, да ми закажува состаноци и некој помали/поситни работи и за тоа да плаќам луге во Австралија за мене тоа денес го работата на Филипините и тоа може да се работи дури од и дома ако е нешто поситно за почеток. Заштедувам 80% на овој начин и вака функционирам со години.

Таков бизнис би функционирал во МКД. Канцеларија со 3-4 секретарки, еден сметководител и цепај virtual office. 20тина клиенти ти се доста. Не би било проблем да се најдат.
 
да ви се придружам и јас на дискусијава.
фаранг, и сам знаеш дека ова (болдот) во мкд е сосема возможно. 1-2 месеца и канцеларијата е спремна за работа.
љаца и бранчез знам дека се луѓе на место, така да од нив треба да се почне. а и аракен како трет човек. ............ДАААААААА, јас се местам за логистичка подршка ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom