Пишале да некој си прочитал и нема заинтересирани, а тоа цела банда тајно си пишуваат и се договараат. Од кај да знаеме ние што вие си пишувате по пп
Па не знаете, доволно е тоа што беше пишано овде. Дали тука некој ќе праша, дали по пп, не е важно. Намерно пишуваме и по повеќе пораки, и оставаме простор некој да додаде луѓе плус во пораките ако пројавиле интерес. Како што кажаа и другите, имаше неколку души кои прочитале за собиранката или чуле од други, и пак им беше дадено инфо, дојдоа и супер си поминаа. Пак не ми е јасно кукањево.
Друго, не сме ни први нит ќе бидеме последни што прават такви собиранки од одбран круг луѓе (пак потенцирам, нашиов никогаш не е абсолут, дружиме и други луѓе ако имаат интерес да се појават, често и нефорумџии примаме). Има такви собиранки и од луѓе кои или не се веќе со профили на форумов или не се веќе активни. Фино лепо, пар пати се случи едни до други на исто место да бидеме излезени, и двете групи (иако за мене глупо), се држеа на страна и изолирани (а маса до маса, и во другиот случај, круг до круг, во парк). Имаше и други групи, ајде да не ги спомнувам сега. Од повеќето луѓе од баграва имам броеви, немаше да има потреба од приватни пораки договарање, ако сме мислеле само ние "одбраните" да си се видиме. Не ви држи вода муабетов, не за друго.