Очекував кикс.
Тајмингот беше совршен да кикснеме и ние и Атлетико. Гостувања кај Осасуна(ние) и кај Еспањол(тие).
Не го гледав натпреварот, ама за мене беше очекуван резултат. Знав дека повеќе од 1 гол не паѓа на оваа утакмица, на крај и 0-0 завршила.
Прво, гостувањето кај Осасуна секогаш е тешко. Оваа сезона посебно. Почнаа катастрофално, го сменија Мендилибар, сега имаат нов тренер па играчите се желни за докажување кај новиот тренер. Некогаш знаеме да ги тепаме и со 3-4 гола разлика на нивен терен(иако многу ретко), ама некогаш знаеме да се намачиме, па и титула да изгубиме таму(пред 2 сезони).
Второ, играчите се враќаат од интернационални натпревари. Патувале илјадници километри пред само 5-6 дена. За разлика од Осасуна, кај нас цел тим е составен од играчи кои играат за своите репрезентации. Ги чувавме Меси и Маскерано да не играат за Аргентина, ама видовме дека ниеден од нив не играше во прв состав вчера. И тоа ме радува, затоа што тоа значи дека Тата размислува на подолг план, ги чувал играчите за периодот кој што допрва ни следува.
Трето, за 2 дена патуваме во Италија, на едно тешко гостување, кај 7-кратниот европски шампион, Милан. Мораше некои играчи да се одмараат. Меси не беше прв состав, 3ца играчи не ни беа во составот. Значи Тата предвреме како да си планирал само 1 бод од овој натпревар. Лошо е што ја прекинавме серијата баш пред Ел Класико, ама тоа може мотивационо да делува на играчите.
Вчерашниот натпревар е веќе зад нас, сега на ред е да мислиме за Милан. После натпреварот со Милан, ќе мислиме за Реал.