И јас би сакал девојките да имаат подршка барем пола од онаа што ја имаа момците со Барселона и ПСЖ ама реално не сме голема група..Да речеме 500 редовни членови се друго се дечки што одат само на поинтересни утакмици, па од тие 500 души колку ќе можат да одат денес во Железара а после да одат во Борис, да не зборам кога ќе се навива на ФК организирано, па кога ќе има и гостувања, некогаш и на РК Вардар нема да можеме да одиме, не е лесно ни физички а ни финансиски и крајно несериозно е да се нафатиме на тоа, а и не е фер за девојките, сега да ги бодриме а после да играат пред 100 души заедно со џандарите...И да не бидам погрешно сфатен, ова си е само мој став, а и не велам дека девојките не заслужуваат да бидат бодрени, ама реално такви се можностите, ако толку има заинтересирани, гледам само се жалите, да се собереме 30-тина души од Кајгана и машко и женско и старо и младо па да урламе 60 минути