Патување низ светот?

  • Креатор на темата Креатор на темата smihajlo
  • Време на започнување Време на започнување
Флексибилни ќе бидеме за маршутата не е проблем. Само да не биде муабетот од Прилеп, во Берово да одиме :D
Се арно се убо ама по прилепски шо би рекле ние колку бона че ме фати отприлика сето ова :)
Оти едно е кефот ама ако е мн скап тешко дека ќе ја шетам нашава државичка, а после то да трпам за нешто што стварно ми треба :)
 
Нема да спиеме по хотели, не се секирај. Ако имаш шатор, вреќа за спиење, таман ќе биде.
Минимално трошоци бензин и храна.
 
Ајде, и јас сум за ако ме примате. Одамна барам вакви луѓе.
 
blue ladybug, има личности кои имаат приоритет во твојот план? На пример ете на аватар имам тениско топче, тенисот е спорт исто како и ракометот а ти обожаваш ракомет рецимо и така да имам некои плус поени во твојот избор?! :icon_mrgr:

Значи сум заинтересиран и јас, секако прво Македониичкава а после и пошироко. Ми е срам кога ке ме прашаат дали сум ја прошетал источна Македонија. :(
 
Тоа се бараше некој со искуство, а не овие се хејтери :D

Ако не те мрзи наведи некои препреки со кои се соочи при првото патување иако да речеме си планирал, но сепак испаднало нешто неочекувано.

П.С Претпоставувам најтешко е да се почне кога ќе се совлада стравот се останато ќе си дојде на место. :)

Во принцип сум човек кој се грижи се да биде по план, и гледам да сум спремен за секаква ситуација.

Најголемата почетна препрека е психолошката. Тоа се однесува на целото планирање, грижите и помислите на како ќе се одвива патувањето, а и самиот старт на такво патување.
Втората препрека, доколку се патува со автостоп, е исто психолошка, односно моментот кога за прв пат ќе ја испружиш раката. Но после првиот превоз, ќе увидиш дека не е ништо страшно, па понатаму е полесно. (Автостопот си е посебна приказна, може да се дебатира како посебна тема).
Од психолошки потешкотии може да се наведат и ситуациите кога се случува да заглавиш на некое место, обично подалеку од поголема населба/град, или пешачиш неколку километри покрај автопат на 40 степени температура, со 20кг опрема, па се случува да се замислиш дали воопшто требало да тргнеш на патување. На крај испаѓа "угоре високо, удолу длабоко", односно исто ти се фаќа да продолжиш напред, или да се вратиш назад и да го завршиш патувањето.
Кај некои луѓе се јавува носталгија после подолг период надвор од дома (јас живеам одделно од родителите од кога наполнив 18 години, па го немам тој проблем, навикнат сум).

После барем едно поголемо патување, овие помисли и ситуации се сведуваат на минимум, и натаму обично не се препреки.

Од физички препреки, од мое лично искуство, се случило неколку пати да заглавам, заради недоволно сообраќај, или временски неприлики (дожд).
Со мене носам шатор и вреќа за спиење, па досега сум спиел на паркинзи од бензински пумпи, големи паркинзи за шлепери, во железнички станици, покрај автопат, во природа ...

Ми се случиле интересни ситуации, но никогаш некој поголем проблем.

Еве и за патувањето со велосипед на брат ми и другар му до Измир, Турција, пред 3 години:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1511920364&id=14&setIzdanie=22175

Доколку ве интересира нешто друго, или некои случки и ситуации, слободно прашајте.
 
Лани ја шетав италија месец и нешто, сакав автостоп меѓутоа се одлучив за веспа затоа што е забрането автостоп во европа и сум била сведок неколку пати како доаѓаат џандари и даваат казни на автостопери :( треба да пазиш каде дигаш рака :)

И со веспа морам да кажам супер беше, две ранчиња со облека (бев со дечко ми), шатор, вреќа за спиење и друго ама баш ништо не ти треба :) поминавме 8.000км

Иначе затоа што сум изгорена по азија, обично земам билет до таму и после месец дена ја шетам државата кај што сум отишла :) годинава бев во шри ланка, пред две години тајланд. Следна дестинација меѓутоа мора да биде македонија, со веспа до дома и после круг низ македонија :)
 
Лани ја шетав италија месец и нешто, сакав автостоп меѓутоа се одлучив за веспа затоа што е забрането автостоп во европа и сум била сведок неколку пати како доаѓаат џандари и даваат казни на автостопери :( треба да пазиш каде дигаш рака :)

Кој те лажеше дека автостоп е забрането??

Единствено во некои држави автостопот е забранет на автопат (каде и онака нема смисла да се стопира).

Во моите 10,000 километри поминати со автостоп, само еднаш полиција ми рекла дека не е дозволено, а тоа беше на наплатната рампа кај Ниш, Србија (не дека не е дозволено, туку тие не оставаат да се стопира таму).
 
во италија ако стопираш во близина на бензиска на пример, прво од бензиската ќе те избркаат а и ќе ти викнат полиција. никој не ме лажел, сум видела :)
--- надополнето: 19 октомври 2013 во 19:55 ---
можда сум грешка, можда се погодило да видам исфрустрирани некои што кој знае од кои причини им сметаат автостопери :)
 
Коцкичке, како зборев ...со жабари прво со убаво, влагаш на бензинска правиш промет, оставаш окез на фаца и фино лепо и превоз може да најдеш ако им е погоден денот :icon_mrgr: Капак на се ако помине згодна цура и и викнеш скуза бела фика даме ун пампино, по што им стануваш омилен. Се палат на странци што зборат нивен јазик, исто ко Коби Брајант кога вика "не сери".
Мене ми успеало во Италија, од Тревизо до Болоња да стигнам автостоп жив здрав. Исто и од дикили до измир, пред 2 години иако патував на +60 степени едно 2 саати, момент кога кожата од телото ми личеше на таа од баба ми.
Ама од искуство, најдобра шанса имаат 2 другарки, евентуално пар и самец.
 
аха, глеј кажи на погрешната итаљанка фар ми ун помпино па коа ќе те подберат да видиш колку ќе им бидеш омилен :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom