Веќе кога сме кај Морати.... Како е Берлускони?
--- надополнето: 18 октомври 2013 во 12:52 ---
„Честитка“ за Јуве, мораат да им платат на Челси 21 милиони за Муту

Случајот од 2004 година е завршен пред ФИФА, Италијанците ќе мораат да платат оштета, последна шанса е Лозана!
Да потсетиме, Јувентус го зеде Муту како слободен играч, по што Челси го раскина договорот со него поради тоа што беше позитивен на кокаин.
Во тој перид „Бјанконерите“ немаа слободно место за странец надвор од ЕУ, Муту потпиша за Ливорно кој го проследи во Јувентус. Лучиано Моџу и неговиот син кој е фудбалски агент го објавија целиот трансфер.
Челси го тужеше Муту за штета од 17 милиони фунти кој ја претрпел, судот донесе одлука во корист на Англичаните, но Муту никогаш не ги плати споменатите пари. Тогаш „Сините“ го тужеа Јувентус и Ливорно кои се должни да ја надокнадат штетата бидејќи имаа корист од ангажирањето на слободен играч.
Звучи нелогично, но ФИФА донесе таква одлука, па двата италијански клубови се соочуваат со суспензија, ако не го решат проблемот. Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус ангажираше адвокати, ќе вложат жалба во спортскиот суд во Лозана која е последна истанца.
Нивната жалба се базира на тоа дека немаат ништо со Муту бидејќи договорот е потпишан поради тоа што го раскинал договорот со Челси, поточно три месеци подоцна.