Прва брачна вечер (некогаш и сега)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто ми ги вадиш зборовите од контекст?

Не сакам да бидам дрска спрема тебе, трудна си. Секое добро за тебе и за малото што го носиш.

Иначе има и такви, само за поклони што прават свадби. :)


Хах нема врска бе, ако сум трудна, пиши си што ти лежи на срце :)
 
Прва брачна ноќ... пред скоро 10 години, декември 2003... а како вчера да беше...
Тој ден ми беше напорен... многу... како физички, така и психички. Го памтам секој еден детаљ...
Значи, бидна свадба... прво матично, па црква, и ресторан на крајот, со сите нишани.
Тогаш не даваа соба за младенците хехехе. Сега дават.
Фала им на другарите мои кои се организираа и ги собраа поклоните од ресторанот и ги транспортираа до станот уште пред крајот на свадбата :)
И, така, беше некаде скоро 4 сабајле, недела беше веќе... направивме адетот, нешто леб и вода кај моите, па јас и госпожата у колата и отидовме у станот кој до скоро го нрекувавме дома :) Тоа е едно мало станче од 48 квадрати, кое таа декемвриска ноќ беше празно... во едната соба полн под поклони, и само наместена спална. Друго ништо немавме... а да! И, една кварцна греалка, која ја имав купено порано... се собиравме друштво во тој стан да играме јамб, хант... такви работи :)
Не бев ни близу до пијан. На мојата свадба испив една чашка ракија, чашка шампањ, едно пиво и многу сокови...
Падна квалитетен секс.... и заспавме.
Недела околу ручек... се разбудивме, броевме пари, отваравме поклони. Бевме на ручек докај моите и пак отваравме поклони...
 
Денешнива свадби кои траат по 24 саати, ми се многу безвеза. Зошто да се малтретираш во еден ден се да направиш, матично, црква, ресторан, кога можеш во една недела се да си распоредиш.

Нормално дека после таква 24 часовна гилотина ќе спијат како заклани, само што ќе допрат до кревет. Ама прво мора да се пребројат поклоните, кои на самите покани биле назначени да се донесат во плик. Која глупост, еј. Посељачко нешто, од тоа на покана да стои нема.

Ова е врвот :pos:
pliko.jpg
 
:pos: :pos: :pos:

Чекај, чекај. Ова стои на пликото од поканата? Или ти ме тролаш, со фотошоп? Зар можно е до тој степен некој да се дрзне бе? Еј не ми се верува дека и вакви будали постојат.

Ја видов на фб, секакви будали има во нашата земја и ништо чудно да е навистина пратена. :D
 
Ние живеевме скоро две години заедно пред бракот, а најверојатно и многу други од младите, така што не гледам причина зашто првата брачна ноќ би требало да има некое посебно значење. Време е да олабавиме малку од стандардните наметнати норми и да живееме како што сакаме, не треба да има правила. Да се спие на првата брачна ноќ, да се бројат пари и ставаат слики на фејсбук или пак да се има секс, ништо од ова не треба да биде срамота или како што некои овде го нарекуваат "за жал".
Сите ние имаме само еден живот и треба да го изживееме по своја волја, тоа е моето мислење на темава.
 
Picture 2119.jpg Точно пред 35 години, матично Идадија,општина центар-Скопје и потпис во црниот тефтер.
А за прва вечер,причекав уште доста долго,таа не беше од овој град,јас немав соба,стреите ни беа постела мека.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom