[Кајгана готвач] Натпревар за оваа недела: Смути

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Toa doma mama pravi ovoj period a? :D
Не. Правам зимница деновиве па да се искористи нешто :)
А за тоа што ти мислиш дека готвењето не е мое дело, тоа е сосема друго, јас еднаш згрешив и тоа веќе нема да го повторам..... туку ти кај си, зготви нешто да те видиме ;)
П.С. И да не забегуваме многу офтопик ;)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Mир у куќа :icon_lol:
Отворена е тема за гласање за плескавици од тиквички.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Времево како што залади наеднаш, верувам дека повеќето од половина кајганџии се настинати, со размрсолавени носиња, црвени грлца и ги тресат трески. Затоа рецептов за оваа недела ќе биде во духот на доброто здравје, кое ви го посакувам на секој од вас.(y)
Најдобар лек против настинки и грипови е домашно приготвена пилешка супа.

Домашна пилешка супа

Потребни состојки:
1 Кромид со средна големина
2-3 Моркови
Пашканат, Целер, опционално
Пилешко месо(копан, поткопан, пилешки гради, крилца или било што друго милувате од пилешко)
1 Компир со средна големина
Фиде за супа
1 Лимон (или лимонтус)
1 Јајце
50 до 70 грама Јогурт
Магдонос
Сол
Бибер
Вегета


Начин на подготовка:
Кромидот го сецкате ситно, морковот, пашканатот и целерот на кругови. Во тенџере со вода, полно до врвот, го ставате пилешкото, зеленчуците и зачините. Компирот исто го сецкате на коцки. Од кога добро ќе се свари пилешкото, го вадите од тенџере и го одделувате месото од коските и го сецкате на мали парчиња. Го враќате месото назад во тенџерето и го додавате исецканиот компир. Проверете дали е сварен компирот, па додате го фидето и ситно сецканиот магдонос. Доколку сакате, може да изрендате кора од лимон во супата. И повторно зачинете со сол и бибер.
Во друг длабок сад го цедите целиот лимон или половина, зависно колку сакате да ви биде киселка супата (или ставате ¼ пакетче лимонтус), го додавате јајцето и јогуртот. Со виљушка ја матите смесата додека не стане еднолична.
Кога во тенџерето се сварило фидето, ја тргате супата од оган. Со кутлач, земате од супата (само од водата, без месото и зеленчуците) и претурате во другиот длабок сад каде се наоѓаат изматените лимон, јајце и јогурт, и цело време мешајте со виљушка додека претурате еден кутлач по друг, за да не ви се згрутчи јајцето. Кога половината од супата ќе ви биде префрлена во длабокиот сад, почнете да ја враќате назад во тенџерето, повторно кутлач по кутлач и промешувајте на секое.

Е па кајганџии на здравје нека ви е!

За да ви биде помрсна супата, користете месо од стара кокошка. ;)






Туууу ама се настрвив, сега одам да си направам пилешка супа... :noze:



Олимпија
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ајде бе домаќинки и домаќини, ве фати мрза у последно време! :D
Еве ја мојата супа, малце помрсна ми испадна, ама сепак ја изедоа дома. :) Бидејќи немав фиде со кнедли ја правев.
1.JPG

2.JPG
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ане, ме изнастрви. Не јадам кнедли, ама твоиве прекрасно изгледаат.
 

MamaLover

Admiral
Член од
2 март 2013
Мислења
296
Поени од реакции
304
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.901
сигурен/a си дека ова е супа? мене ми личи на онаа вода во која се брцаат пиперките за да се исчистат кога се прави ајвар
Кaква е таква е важно направил. Ајде да ја видиме твојата може ќе биде поубава. :)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
сигурен/a си дека ова е супа? мене ми личи на онаа вода во која се брцаат пиперките за да се исчистат кога се прави ајвар
Не сум сигурен :pos:

Сигурен сум, супа е.... да ја пробаш ќе побараш уште една чинија :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Фала за рецептава Блу, ради настинкава нешто не ми се фаќа многу многу да готвам сам па ќе гледам да ја натерам мајка ми да ми ја направи :D.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Фала за рецептава Блу, ради настинкава нешто не ми се фаќа многу многу да готвам сам па ќе гледам да ја натерам мајка ми да ми ја направи :D.
А бе мрдни си го газот, оди зготви ја супата и ставај слики овде. Башка и послатко ќе ти биде сам ако си ја правиш! ;)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А бе мрдни си го газот, оди зготви ја супата и ставај слики овде. Башка и послатко ќе ти биде сам ако си ја правиш! ;)

Немав се што ми треба, а се мислев. Денес направив луто гравче и пинџур од патлиџани, модри патлиџани, пиперки, кромидче, праз и лукче :D. Бомба.

Ќе ја направам утре ако не, ако трае и утре натпреварот. Само немам добар апарат, нема да фатам добри фотки како вас (а и да имам добри фотки, како да се такмичам со тебе и Anne-то?) :D
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Ќе ја направам утре ако не, ако трае и утре натпреварот. Само немам добар апарат, нема да фатам добри фотки како вас (а и да имам добри фотки, како да се такмичам со тебе и Anne-то?) :D
Пробај де, ние сакаме конкуренција што повеќе. Ти не си ни пробал. :P Од кај знаеш, можеби ќе не тепаш. (како да не):oops:
 

Anne.

~
Член од
4 декември 2009
Мислења
4.629
Поени од реакции
10.284
Ќе ја направам утре ако не, ако трае и утре натпреварот. Само немам добар апарат, нема да фатам добри фотки како вас (а и да имам добри фотки, како да се такмичам со тебе и Anne-то?) :D
Ането па што вади квалитетни фотки со мобилниот абе шта да ти причам. Немој тука со изговори туку прај ја супата ок? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom