Подготовка:
Изренданите тиквици ставете ги во цедалка, посипете ги со сол и оставете ги да се цедат 15 минути. Стиснете ги да се доисцедат и помешајте ги со останатите состојки.
Загрејте малку зејтин во тава и ставајте од смесата со лажица. Пржете ги плескавиците од двете страни додека не се заруменат.
Засукајте ракавите и да видиме слики од зготвеното
пред неколку дена ги правев...само што не ставив прашак за пециво, помалку јајца, рендани пармезан и моцарела...одлични испаднаа! крцкави надвор а меки внатре
Моја препорака за готвачите да не ставате јајца, туку да ги замесите со минерална вода, брашно и малку сода. Ќе пораснат убаво и нема после тоа да ви се стврднат туку кога ќе се оладат дупло поубави ќе бидат, плус така се вегетеријански за тие што не јадат јајца.
На сличен начин и јас ги правам само што не ставам кромид и сирење, туку тиквички, моркови, магданос, масло и ги месам со брашно и минерална вода.
Јас правев по рецепт на CafeDelMar (тенкју) и многу убави ми испаднаа.
Пред тоа имав еден обид - тиквичките не ги оставив да се исцедат и пробав да ги обликувам со раката и ми се распаднаа.
Значи битен момент во приказната е смесата да се става со лажица.
Прилог кон тоа може да биде кисела павлака, со малку мајонез, лук и копар. (со копарот внимателно) или само павлака и лукче.
Ги правев двапати. Првиот пат ја намалив дозата, правев со две тиквички и ги оставив да се цедат 1 саат. Ставав брашно многу затоа шо мислев дека треба со рака да можат да се обликуваат. Ама нема шанси. И мислев дека сум ги утнала, ама секако смесата беше направена па почнав да ги пржам.
Сва среча, испаднаа преубави!!! Значи со две тиквички испаднаа многу плескавици и сите дома успеавме да се најадеме.
Втор пат ги правев сабајлево, ама сега со една тиквичка и не ја оставив да се исцеди убаво и многу водено ми стана, ич не се погодија убави.
Еве една сликичка од тие првиот пат шо ги правев. Со шопска салата преубаво одат.
Страв ми беше дека ќе ми се растураат дека ставав се од прилика, ама ја погодив смесата.
Ги правев со тиквици, компир, кромид, лук, магдонос, зелена пиперка, 2 јајца, малце лебни трошки, пола пакетче прашок за пециво, малку брашно, бибер, вегета и семе од коприва.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.