LCD телевизори

Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
samsung ue 40 f 6400 akxxh sakam ovoj da go zemam vredi li za tie pari?
Ако не ти е битно 3D, спореди го тој самсунг со овие два модели
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=206070
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=205707

Сите се добри но користат различни панели, одлучи си кој има најдобра слика според тебе.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Што мислите за овој ТВ, пожелно како коментар од корисници на моделов:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=206860

2. Зашто некои членови на форумов советуваат избегнување на купување ТВ уреди од „Филипс„? Што е проблемот со нив?
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
845
Поени од реакции
447
2. Зашто некои членови на форумов советуваат избегнување на купување ТВ уреди од „Филипс„? Што е проблемот со нив?
Затоа што генерално користат панели со послаб квалитет, често имаат backlight bleed и од усб читаат само fat32, ntfs не подржуваат, што значи не може да ставиш поголем филм од 3 GB на усб.

Еве ти тема отворена од корисник на филипс
http://forum.kajgana.com/threads/lcd-philips-32-3606-58h.60486/

И не знам зошто би купувал филипс кога за иста цена со исти спецификации имаш и самсунг и LG
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=201705
http://technomarket.com.mk/products/09128832/lg-32ln575s

Имаат иста цена како филипсот, а користат подобри панели, немаат backlight bleed и имаат подобар smart и подршка за сите фајлови од усб...
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Затоа што генерално користат панели со послаб квалитет, често имаат backlight bleed и од усб читаат само fat32, ntfs не подржуваат, што значи не може да ставиш поголем филм од 3 GB на усб.

Еве ти тема отворена од корисник на филипс
http://forum.kajgana.com/threads/lcd-philips-32-3606-58h.60486/

И не знам зошто би купувал филипс кога за иста цена со исти спецификации имаш и самсунг и LG
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=201705
http://technomarket.com.mk/products/09128832/lg-32ln575s

Имаат иста цена како филипсот, а користат подобри панели, немаат backlight bleed и имаат подобар smart и подршка за сите фајлови од усб...
Не сум љубител на „Самсунг„ ради боите кои ги даваат нивните панели (ствар укуса...), а алтернатива за „Филипс„ ми е само „ЛГ„, поради тоа што и двете фирми имаат панели со топли бои.

Моделот од „ЛГ„ кој си го посочил на линкот веќе го меркам, а како маана ми се чини дека е тоа што има „само„ 100 хз, за разлика од посочениот модел од „Филипс„ кој наведува слика од 200 хз. Моделов од „Филипс„ го гледав како изложбен модел во „Техномаркет„ и разочарувачки сецка, иако има 200 хз. :confused:

Во секој случај, Ти благодарам за советот-идам на „ЛГ„.

Како и колку сецка слика со 100 хз во секојдневно користење (гледање ТВ, гледање ДВД...) а изворот на сликата да не е некој ХД плеер? Пред една година, во една скопска продавница имав прилика непосредно да споредувам 3 ТВ апарати од „Филипс„ со 50,100 и 200 хз и разликата е доста забележлива, разбира се, во корист на оној модел со слика од 200 хз.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622

Едно прашање... дали овие констатации важат генерално за сите филипс телевизори (зборувам од различен ценовен ранг), и дали освен членот кој ја отвори темата за поплака од филипс телевизорот има и некој друг што се има пожалено на овие работи?

Читајќи ја темата добив впечаток дека од една(?) поплака кон филипс телевизор (од низок ценовен ранг) е донесен генерален заклучок од членовите дека треба да се избегнуваат сите филипс телевизори. Мислам, backlight bleed и читањето на NTFS се работи кои што можат да се проверат на лице место. За панелите со послаб квалитет генерално треба да се прогугла малку за да се добијат информации, но ако јас сум потрошувач кој сака да купи филипс, визуелно ќе ја проверам сликата/звукот со мои фајлови, и ако квалитетот на тоа што го гледам/слушам ме задоволи, квалитетот на панелот нема да ми игра толкава улога во одлуката колку што на пример би ми значело разликата во цената за некоја илјадарка.

Да појаснам, не дека ги бранам филипс или нешто слично (имам дома самсунг :), само некако тоа за филипс (барем читајќи ја темата) ми изгледа нешто како bad rumor.
 
Тоа со топли бои се подесува во менито, но ако сакаш прецизни бои тогаш само IPS панел. А овој панел го користат LG(освен во најевтините модели) и panasonic. За филипс не сум сигурен можеби во поскапи модели користат ips панел. Тоа со refresh rate се прават многу трикови, кај LG тие 100 hz, мислам дека се како 50hz. Најдобро провери ги на лице место и види кој има пофлуидно движење на сликата, на тие херци што се напишани не им верувај многу. Стави некое клипче со брзо движење и провери на двата телевизори.

@SpiderWeb
Ако ја прочиташ таа тема ќе видиш дека уште еден корисник на филипс го убедуваше дека сите low end модели мора да имаат backlight bleed што апсолутно не е точно. За тоа со нтфс не верувам дека почнале да подржуваат но може да се провери. Кога ке проверуваш слика обавезно спореди и со модели на LG и Самсунг. И провери подршка за DTS и mkv
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Едно прашање... дали овие констатации важат генерално за сите филипс телевизори (зборувам од различен ценовен ранг), и дали освен членот кој ја отвори темата за поплака од филипс телевизорот има и некој друг што се има пожалено на овие работи?

Читајќи ја темата добив впечаток дека од една(?) поплака кон филипс телевизор (од низок ценовен ранг) е донесен генерален заклучок од членовите дека треба да се избегнуваат сите филипс телевизори. Мислам, backlight bleed и читањето на NTFS се работи кои што можат да се проверат на лице место. За панелите со послаб квалитет генерално треба да се прогугла малку за да се добијат информации, но ако јас сум потрошувач кој сака да купи филипс, визуелно ќе ја проверам сликата/звукот со мои фајлови, и ако квалитетот на тоа што го гледам/слушам ме задоволи, квалитетот на панелот нема да ми игра толкава улога во одлуката колку што на пример би ми значело разликата во цената за некоја илјадарка.

Да појаснам, не дека ги бранам филипс или нешто слично (имам дома самсунг :), само некако тоа за филипс (барем читајќи ја темата) ми изгледа нешто како bad rumor.
Добар заклучок а и прашање: затоа во моето прво прашање, побарав одговор од (можен) корисник на посочениот модел од „Филипс„.
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
samsung ue 40 f 6400 akxxh sakam ovoj da go zemam vredi li za tie pari?

За колку пари ? Ако е над 40.000 ден. не вреди.

Инаку гледам споредувате 100Hz, 200Hz, 400Hz, 800Hz...

Се е тоа маркетиншки трикови така да:
Кај Самсунг од 2013 година, почнувајќи од моделите F6500 нагоре се користат панели со 100Hz+ кај пониските модели се 50Hz.
*(постои шанса да F6400 користи 100Hz панел)

Kaj LG моделите од 2013, почнувајќи од LA740 нагоре се користат 100Hz+ панели, кај сите пониски модели е 50Hz.

Но, незначи дека сите 50Hz се исти. Има многу техники и технологија во самото процесирање како да се прикаже што подобра слика, (особено fast-motion scenes) така да проверете го на лице место наместете го според сетинзи коишто претходно ќе ги најдете на интернет, и со ваш материјал (оној што најмногу би го гледале на ТВ) па потоа со мали промени да ги подесите како на Вас ќе ви одговарат. Потоа дома ќе направите уште некое истражување на нет и ќе донесете одлука :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Инаку гледам споредувате 100Hz, 200Hz, 400Hz, 800Hz...

Се е тоа маркетиншки трикови така да:
tigar4e,

маркетинг-трикови постојат во секоја индустриска област па така и во забавната електроника, но муабетов ни‘ е: што да одбереме а да не се каеме, паѓајќи на некој од тие трикови.

Плус, разликата од 50, 100, 200 или 1000 хз е очигледна а тоа не е никаков трик, туку очигледна разлика меѓу ТВ уредите. Јасно е дека основната слика од изворот на ТВ сигналот е 25 слики, т.е. 50 полу-слики, а побитно е како тие слики ќе бидат видени на ЛЦД/ЛЕД панел. Дигиталната ТВ техника е се‘уште „неизделкана„, а таква веројатно и ќе остане, со тековно „крпење„ на сите нејзини слабости, како што е сецкањето или слабоста на ТВ панелите па се‘ до нејзината замена со 4К, 8К или незнам-колку-ка телевизија.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
@SpiderWeb
Ако ја прочиташ таа тема ќе видиш дека уште еден корисник на филипс го убедуваше дека сите low end модели мора да имаат backlight bleed што апсолутно не е точно. За тоа со нтфс не верувам дека почнале да подржуваат но може да се провери. Кога ке проверуваш слика обавезно спореди и со модели на LG и Самсунг. И провери подршка за DTS и mkv
Моментално не сум за купување телевизор, а и немам време да шетам низ продавници и да тестирам телевизори. Муабетот ми беше, дали некој воопшто тестирал нов модел на филипс (зборувам за модел од 2013 година, нема врска од кој ценовен ранг), за да потврди дали сеуште постојат тие common проблеми на филипс телевизорите? Секогаш има некој што бара помош за изборот, па си викам кога веќе некој оди да проверува телевизори, нека го закачи УСБ-то на филипсот и нека провери (за еден мајтап), па да сподели тука со нас.

Исто така, добро би било некој да сподели некоја архива со например кратки клипчиња со сите можни формати од слика и звук, што јас како корисник би ги ставил на едно FAT32 УСБ и едно NTFS УСБ и би отишол в продавница да тестирам.
--- надополнето: 14 октомври 2013 во 14:43 ---
Добар заклучок а и прашање: затоа во моето прво прашање, побарав одговор од (можен) корисник на посочениот модел од „Филипс„.
Не мора одговор од корисник на посочениот модел, може и одговор од било кој корисник на филипс. Важно е, дали да го исклучиме само тој одреден модел на филипс (добро е конкретно да се посочи), дали да ја исклучиме цела серија на модели од таа година / тој ценовен ранг / тој панел итн итн. или пак да го исклучиме филипс како бренд целосно, при купување на телевизор.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Едно прашање... дали овие констатации важат генерално за сите филипс телевизори (зборувам од различен ценовен ранг), и дали освен членот кој ја отвори темата за поплака од филипс телевизорот има и некој друг што се има пожалено на овие работи?

Читајќи ја темата добив впечаток дека од една(?) поплака кон филипс телевизор (од низок ценовен ранг) е донесен генерален заклучок од членовите дека треба да се избегнуваат сите филипс телевизори. Мислам, backlight bleed и читањето на NTFS се работи кои што можат да се проверат на лице место. За панелите со послаб квалитет генерално треба да се прогугла малку за да се добијат информации, но ако јас сум потрошувач кој сака да купи филипс, визуелно ќе ја проверам сликата/звукот со мои фајлови, и ако квалитетот на тоа што го гледам/слушам ме задоволи, квалитетот на панелот нема да ми игра толкава улога во одлуката колку што на пример би ми значело разликата во цената за некоја илјадарка.

Да појаснам, не дека ги бранам филипс или нешто слично (имам дома самсунг :), само некако тоа за филипс (барем читајќи ја темата) ми изгледа нешто како bad rumor.
Татко ми има филипс ТВ, 42 инча, незнам точно кој модел, знам само дека е од серија 3, значи од најефтината. Го гледа добри 3-4 години ако не и повеќе и нема никакви проблеми со сликата. Ниту backlight bleeding, ниту ghosting ниту било каков друг артефакт. И јас мислам дека мислењето што владее на форумов за филипс е само фама, базирана на субјективни проценки и претпочитувања а не на искуство.
 
Член од
14 август 2010
Мислења
818
Поени од реакции
547
За колку пари ? Ако е над 40.000 ден. не вреди.

Инаку гледам споредувате 100Hz, 200Hz, 400Hz, 800Hz...

Се е тоа маркетиншки трикови така да:
Кај Самсунг од 2013 година, почнувајќи од моделите F6500 нагоре се користат панели со 100Hz+ кај пониските модели се 50Hz.
*(постои шанса да F6400 користи 100Hz панел)

Kaj LG моделите од 2013, почнувајќи од LA740 нагоре се користат 100Hz+ панели, кај сите пониски модели е 50Hz.

Но, незначи дека сите 50Hz се исти. Има многу техники и технологија во самото процесирање како да се прикаже што подобра слика, (особено fast-motion scenes) така да проверете го на лице место наместете го според сетинзи коишто претходно ќе ги најдете на интернет, и со ваш материјал (оној што најмногу би го гледале на ТВ) па потоа со мали промени да ги подесите како на Вас ќе ви одговарат. Потоа дома ќе направите уште некое истражување на нет и ќе донесете одлука :)
32.000 e cenata ama sega gledam galiba go nema na lager..:(http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=205736
 
haCk0r

Customization Windows OS
Член од
8 јануари 2009
Мислења
4.291
Поени од реакции
1.583
Затоа што генерално користат панели со послаб квалитет, често имаат backlight bleed и од усб читаат само fat32, ntfs не подржуваат, што значи не може да ставиш поголем филм од 3 GB на усб.

Еве ти тема отворена од корисник на филипс
http://forum.kajgana.com/threads/lcd-philips-32-3606-58h.60486/

И не знам зошто би купувал филипс кога за иста цена со исти спецификации имаш и самсунг и LG
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=173&product_id=201705
http://technomarket.com.mk/products/09128832/lg-32ln575s

Имаат иста цена како филипсот, а користат подобри панели, немаат backlight bleed и имаат подобар smart и подршка за сите фајлови од усб...
Да те поправам новите модели од Philips подржуваат NTFS проверено,сестрами купија Philips пред една недела и чисто информативно отидов да го видам и да се напијам по некоја ракија, со мене го носеви и USB које секогаш ми е форматирано на NTFS :) пуштив филм Mkv се читаше само имаше мана со DTS звукот :)
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243

30 парчиња имало и веднаш се продале ?!?!
Така му кажаа на еден другар кој прашувал, плус му кажале и дека нема да има повеќе ?!?!

Македонска работа, ако е ограничена количина напиши во флаерот ограничено 30 парчиња да знае секој кој е заинтересиран да побрза и сл.

Во СЕТ го има истиот моментално е 35.000 и пак е солидна таа цена за телевизорот, само незнам и тие дали го имаат на лагер, на веб страната нема таква информација...

Мислам дека некој член го имаше баш овој модел ако е во можност да направи мала рецензија би бил благодарен јас а и сите останати кои се мислат дали е добар или не :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom