Фан клуб: Новак Ѓоковиќ

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Ништо ново. Пак потфрла у најбитните моменти. УС Опен лани против Мареј, РГ против Надал годинава и сега на Вимблдон во два сета водеше со брејк предност и успеа да загуби два до крајот на сетот. Не Лендл му бил тренер на Мареј и заслужен бил, па кој и да беше несфатлива е играта у најбитните утакмици на Ноле. И на УС Опен изгуби еден сет, по саат и пол игра, во вториот губеше со два брејка за Мареј и успеа да ги врати, за после смешно да го загуби и вториот сет.

Ај не сите, ама барем 2 од овие 3 да земеше или ајде само РГ да земеше, друг муабет ќе се правеше. Вака е само најконстантен, а знае и он, а и ние фановите дека може многу повеќе.
 
Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
U bitni trenutci nekako se userue zadnjive 2 godini na golemi mechevi. Ja nema nekako onaa zar od 2011 godina koga meleshe sve zivo i divo, ama dobro pa, ne moze da se ocekue sekoja godina da osvaja po 3 grendslema, sepak covek e - ne robot. Kako i da e tipuvam na Novache na US Open :)

http://www.youtube.com/watch?v=KSF_LSN-jHg
Djokovic je sjajan momak. Sjajan momak! :icon_mrgr::)
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.994
Поени од реакции
16.438
Воичех Фибак е нов член во стручниот штаб на Новак Ѓоковиќ, во 70тите бил активен тенисер, воглавном играл дубл мечеви.
Доаѓа на местото на Душан Вемиќ.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
Кариерата на Ноле се одвива на таков начин да за едно 7-8 години има главата од ѕид да си ја лупа кога ќе му текне какви прилики прокоцкал у кариреа, и начинот на кој го напраил тоа. Последни 2 години е права срамота да се гледа како си го троши талентот и потенцијалот кој го поседува, статус кво е, дур другите напредуваат, он станигра и има дигресија, и пак таков каков што е има успеси, какви-такви, и претставува фактор у тенисот ...

Па нек си ебе матер, убедливо најслаб тенисер од големава 4ка денес на свој сервис, убедливо, вчера со Рафа поголеми шанси имаше да победи доколку до крај само Рафа сервираше. ужас невиден, неизнудените што ги прави се очобол и едноставно ме принуди сезонава да не го глеам до крај, не се може ова, јалова нервоза ствара и неам намера да трошам нерви за него, не вреди, макар и све освоил до крај, џабе е ...

Нек се стабилизира и нек се рестартира, први Јануар нов почеток, aко треба и нека одмори извесен период, одмор што сите го земаат у кариера, он е турбо години и години, и ментално нек одмори, и физички, нек батали и игра за спонзори и све, зашто ова се клучни моменти у негова кариера а он си ги коцка ко на апарат у Астра, на убер мизерен начин.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
Сеа на работа нешто случајно начекав некој спрски весник, Политика, па да се обидам да преведам Ноле што вика за мечот, насловот е ветувачки '' Моите најдобри година допрва доаѓаат ''

- Целата приказна во финалето се сведе на третиот сет, дали мислите дека тука ја испуштивте вашата шанса ?

Апсолутно, тука се случи пресвртницата во мечот. Прво, не смеев да изгубам гејм на свој сервис при резултат 3-2 за мене бидејќи сервирав низ ветер. Успеав да се вратам и после тоа и да имам три брејк шанси. Не мислам дека при тие поени играв лошо, Надал едноставно одигра одлично. Следеше лош сервис гејм во десеттиот гејм и практично тука приказната заврши. не можев да се опоравам во четвртиот сет.

- Дали во вториот сет, и во поголем дел од третиот сет потполно ја контролиравте играта ?

Чуствував дека доминирав на теренот. Можеби најважниот момент беше кога при 2-0 не искористив брејк шанса за 3-0. Којзнае во каков правец би се одвивал мечот. Рафа успеа да се извлече и да го подигне своето ниво на игра. Имав свои шанси кој не ги искористив. Против Надал таквите прилики се ретки и ако не ги искористите тешко дека можете да се надевате дека ќе победите.

- Првиот сет беше прилично лесен за Рафа, дали бевте фокусиран од првиот поен ?

Се обидував да бидам, не е лесно со оглед на притисокот и очекувањата. Морам да се обидам од овој пораз да извлечам нешто позитивно. Тоа е спортот. Клучен проблем е што не успеав високото ниво на игра да го одржувам во текот на целиот меч.

- Дали имаше некои позитивни моменти во финалето ?

Ме радува начинот на кој играв во вториот и третиот сет. Тоа ми дава надеж дека сум на доар пат. Психолошки бев 1005 пристуден на теренот и се трудев да бидам агресивен. Тоа е нешто што е позитивно во однос на претходниот период. Во финалето на Вимболдон не бев на ниво, да не говорам за Монтреал и Синсинати, пред Њујорк. Сега напредокот е видлив но сепак тоа не е доволно за да се освои титула. Имав многу успони и падови кои на крајот ме чинеа многу.

- Дали мислите дека победата на Надал на РГ во 5 сетови на некој начин е причина што психолошката предност прејде на негова страна ?

Можно е, тркалото на среќата се врти, Рафа има фантастична сезона. Нивото на самодоверба му е на маскимално ниво. Не изгуби меч на тврда подлога, која не му е омилена и на која во минатото имаше многу проблеми со повредите. Мене ми преостанува да извлечам поуки и на одлучувачките мечеви да ја пронајдам додатната сила за да освојам титула.

- Пред финалето Рафаел Надал изјави дека би сакал да избегне дуел со вас во финалето. Дали вам би ви било полесно доколку на другата страна би бил некој друг ?

Тоа е предизвик кој морате да го приватите без разлика дали ви се допаѓа или не. Се трудам секогаш да размислувам само на наредниот противник но секако дека пратам што прават другите фаворити. Очекував да играм против Рафа со оглед дека он ја предводеше останатата половина од ждребот. Меѓутоа никогаш не сте сигурно дека тоа ќе се случи. На гренд слемовите секогаш се можни изненадувања. На крајот од денот моравме да се сретнеме, победи подобриот и тоа е тоа.

- Колку сте задоволно од учинокот на грен слемовите оваа година ?

Со оглед дека играв три финалиња сакав да освојам бар уште една титула. Имав голема шанса во полуфиналето на РГ против Надал. Се на се ова беше успешна сезона. Успеав да бидам во најдобра форма на најважните турнири. Задоволен сум и вака, али можеше подобро.

Пред три години Надал исто така ве совлада во Америка. По тој меч успеавте да се кренете и психички и физички и имавте неверојатна 2011, дали сега може истото да се повтори во 2014 ?

Се надевам дека може, ќе се обидам. Многупати како спортист доживувате порази меѓутоа морате да се кренете и да продолжите да се борите, да продолжите да напредувате. Сега сум таму каде што сум, имам само 26 години и верувам дека најдоброто време во мојата кариера допрва следи. Го чувствувам тоа. Се додека верувам, постои и огромна желба тоа да го покажам. Ќе се трудам следниот период да играм со истата страст и истата љубов како и во претходните 10 години.
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Брат нешо државна администрација да не си шо имаше време на работа се ова да го преведеш? :)
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.335
Поени од реакции
47.007
Не, али наместо пуш пауза од 5 мин, на брзина ова го скоцкав. :)
цигара минус денес, тоа е тој хуман Ноле.
 
G

Geezer

Гостин
Реков уште пред еден месец, кога загуби од Надал во финале. Новак ќе игра многу подобро кога нема да биде прв. Можеби е рано, ама не погрешив. Чувствуваше голем притисок врз себе и на моменти не знаеше вистински да се носи со него. Играше често во грч, особено против Надал. Бидејќи овој му дишеше во врат, а во меѓувреме играше вонземјански тенис.

Сега е поинаку, не е голема разликата, се рехабилитираше пред 10 дена со победата против Надал и освојувањето на турнирот, во спротивни ќе се искомплексираше од Шпанецов, зошто цела година беше поразуван од него. Сега против исто така добар тенисер како Дел Потро, го покори Шангај. Ова е добро за моралот и мотивацијата. Ќе се врати многу посилен и ќе си се врати онаму каде што припаѓа. Нема да предвидувам за колку време, само ќе чекам.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940

Разликата Е голема. 2-3илјади поени ако гледаш само 2013. Малата разлика нека не те лажи оти Новак го има да го брани Лондон а Надал ништо (плус Надал лапна некои 400поени од Шангај а Новак ништо, односно само си ги одбрани 1000од лани). Речиси извесно е дека Надал ќе ја заврши годинава на прво место (чудо ќе биди Новак да ги земи Лондон,Париз и Дејвис и притоа Надал да се провлечи со некоја мизерна бројка). Ама како и да не напролет после Австралија Надал ќе му ја мисли за бранење на многу поени.
 
Надал тешко да ги игра тие Бразил, Чиле и Мексико после Австралија, па се што ќе освои на Австралија ќе изгуби од тие турнири(речиси 1000 поени). Освен нели ако не го освои АО.

12-0 после УС Опен има Новак, ајде и Париз и Лондон да ги земе, па и Дејвис Куп да освои и да стигне до 24-0 до крај на сезонава. Не ми изглеа неверојатно. Колку толку да се поправи впечатокот ако може некако оваа сезона да зборуваме за такво нешто...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.955
Поени од реакции
116.515

Го има и Мајами за тука, а таму не настапи оваа година, може доста да ќари од овој турнир, а гарант ќе запне затоа што овој Мастерс го нема освоено. Пеколно тешко ќе биде да се одржи првото место следната сезона но не и невозможно. Ако го избегнат повредите, уз правилна селекција на турнирите, мислам дека Рафа може да остане на местото број 1, али тоа ќе го мозгаме од јануари 2014, сега остануваат Париз и Лондон, да видиме што ќе се случи на овие турнири.
 
Новак потфрли лани во Мајами со Хас, само 90 поени брани. Али после Базел, Париз и Лондон ваквите пресметки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom