Прва брачна вечер (некогаш и сега)

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Првата брачна вечер сега ја поминуваат броејќи ги парите што ги собрале од свадба и кој им донел поскап поклон. За жал.

Зошто за жал? Што е толку лошо тука?
 
Није тачно. Жената става слики на фејс оти не и спие и е ного среќна, а мажот спие оти е мртов пијан. Е утре ко ќе станат (ако спиеле) мажот ќе иде некаде за жените (невестата, јатрвата, свекрвата) идат у соба и ги растураат поклоните да се види кој што донел :pipi:
 
Gledaat reprizi od propustenite Turski i Indiski serii.
 
Коа ќе праам свадба ќе ви кажам. Ама искрено не би пропуштил една две партии со невестинскио фустан како фетиш. :D:D:D:D

Ако ти се ептен погоди таа работа со невестинскиот фустан,тогаш совет,
не го фрлај чувај го,можеби некогаш ќе посакаш да го осетиш истото као некад док си био млад, ама верувај не е се исто,до времето ќе е.
--------------
Него те бараме во темата АРОНИЈА во ЗДРАВЈЕ,јави се побрзо.
 
Денешнива свадби кои траат по 24 саати, ми се многу безвеза. Зошто да се малтретираш во еден ден се да направиш, матично, црква, ресторан, кога можеш во една недела се да си распоредиш.

Нормално дека после таква 24 часовна гилотина ќе спијат како заклани, само што ќе допрат до кревет. Ама прво мора да се пребројат поклоните, кои на самите покани биле назначени да се донесат во плик. Која глупост, еј. Посељачко нешто, од тоа на покана да стои нема.
 
Некои не само што ги бројат парите туку и прават список кој колку им дал, па за да им вратат кога ќе дојде ред. Ете тоа прават цела ноќ и мислат како ќе ги потрошат. :D
 
Нема врска ни со мојата свадба ни со сегашните свадби ама ај како повод да Ви опишам една овчеполска свадба од пред 50 тина години :
Петок околу пладне почнуваат подготовките , инаку настанот се вика замесок бидејки се меси погачата која ке се користи при венчавката , вечерта идат првите гости и поканети и непоканети , се служи посна вечера обично чорбест грав , зелка салата и ракија и вино , музика не е обавезна но ако има ( гајди , кавал шупелка ) уште подобро.
Сабота наутро почеток на свадбата и во двата табора , доаѓаат гостите од подалечните места , се служи доручек со мезе и неизбежна ракија ама не греана ( таа е за во понеделник) .Задолжително музика кај младоженецот , кај невестата кога како ! Веселба и ручек после тоа подготовки за одење по невеста , е сеа има две варијанти ако е невестата од истото место ке ја земаат во недела наутро ако е од друго се оди во сабота навечер и сабота вечерта свадбата е во домот на невестата .
Недела кога ке ја донесат невестата дома се оди на венчавка ( матично , црква и на вода) после тоа кај младоженецот додека се има капацитет има тука еден куп активности .
Понеделник е за сумирање на резултатите , од кај 8-9 почнува подготовката ( греење ракија , нормално ако невестата е поштена т.е. неонадена ) и тука веке се собираат само поблиските и доаѓаат гости од кај невестата . Така цел ден оди гозбата со посета на домот на кумот и старејкото( старосватот) , нормално сето тоа со музика .
Вторник се спрема доручек за гостите од подалечните места кои останале на спиење , се нагостуваат и се испракаат ( обично без музики и такви чалами) и тука завршува свадбата.
 
Денешнива свадби кои траат по 24 саати, ми се многу безвеза. Зошто да се малтретираш во еден ден се да направиш, матично, црква, ресторан, кога можеш во една недела се да си распоредиш.

Нормално дека после таква 24 часовна гилотина ќе спијат како заклани, само што ќе допрат до кревет. Ама прво мора да се пребројат поклоните, кои на самите покани биле назначени да се донесат во плик. Која глупост, еј. Посељачко нешто, од тоа на покана да стои нема.
По сељачко е да ти се дуплираат поклоните па да чекаш да одиш на свадба да однесеш застарен модел на филџани за кафе,сервис за торти или некој сервис за ручек за 12 особи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom