- Член од
- 7 февруари 2005
- Мислења
- 688
- Поени од реакции
- 76
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Искуството шо го споменувате е нож со две острици. Од една страна си искусен, од друга страна тава доведува до ного понамалено внимание и стануват бељи.
Иначе сите јадат гомна дека жените са лоши шофери, ама најголем процент од фаталните несреќи са причинени од машки. А тава кажува ного.
Или другата изјава дека секој си мисле за себе оти е натпросечен шофер, и на крајо испаѓа оти сите сме средностатистички шофери шо си неаме блага веза как да реагираме коа ќе згусне ситуацијата у сообраќајо.
А за БМВиината, тава не е ни најбрзата кола, ни најсилната, ни па најубавта. Едноставно е баланс од ного повеќе нешта шо ја прават ultimate driving machine.
Плус, нема жена шо не ареса БМВ. Особено ако е црно.![]()
Од кај сеа моабетов дека BMW возат сељаци?
Сељак е типот што може да си дозволи кола од 60.000 евра? Не би рекол.
Искуството не е нож со две острици туку билет назад од пеколот.
Ако си искусен шофер треба да си лудак за да не си свесен кога си изложен на опасност. Искуството можи само да те спаси кога работите ќе тргнат наопаку.
Искусен шофер не гази 200kmh сред град изложувајќи ги совозачите и сите останати на опасност.
Проблем за оваа работа се законите и спроведувањето на дело. Поголем проблем од несовесните шофери се Џандарите шо на среде сообраќаен хаос седат во најблискиот кафич до раскрсницата и му се пуштаат на првата дроља наместо да го средат хаосот.
За ова со жени мажи не се сложвам многу. Мажите можи се одговорни за повеќето потешки сообраќајки бидејќи агресивни, ама па жена со волан ти е подеднакво опасно.
Жените возачи се со сигурност поодговорни за ситни прекршоци со удерни браници, жмигавци и слично (цела среќа шо возат со 20). Плус кога збораш за процент гледај го примерокот. Доста поголем процент од шоферите и се мажи.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 19:50 ---
1. А каква врска имаат парите и бидење сељак?
2. Онаква кола не е 60к туку е достапна за околу 5к.
Поради вакви ја оправдувам онаа забраната за невозење навечер на неискусни и лимитот од таму 90 коњи како беше.
Моабетов испаѓа: кој и да има BMW е сељак. Исто и со iPhone-то.
Ај жити се најди ми BMW E60 за 5000 евра. Ќе заложам се што имам и ќе го купам.
^- @јас Тоа на огласот не се Е60.
А кај зборам јас па за Е60?
Попаметниот попушта, така да јас ќе отстапам за да не ја тераме офф топик.
А ти пријателе биди ми поздравен и се надевам дека ако некогаш имаш BMW ќе возиш ко шо треба.
P.S.: во Македонија сме, не во Германија
Дали возачите на БМВ се најлошите возачи ?
Значи, авторот ја бара одговорноста во возачите, не колата.
Најчесто возачите на оваа марка возила се кретени со мал машки полов орган што мислат дека треба да се докажат така што ќе возат пет пати побрзо од дозволеното. Возилата не се воопшто спомнати како „виновник“, туку типот на возачи кои го бираат тоа возило кое им овозможува да ги остварат своите детски соништа да бидат најголем фраер во маало. Мислам дека е доста симптоматично тоа за нашиве простори. Ама не е ограничено исклучиво на BMW, ми се чини дека сите што купиле малку поскапо возило (не мора да значи да е ново, и оние на старо) мислат дека треба да возат улично рели. По default знам дека по улициве секој што е со поскапа кола ќе се сили, ќе претица, ќе помине на црвено, нема да подзакочи да те пушти и ќе свири како ненормален ако не тргнеш за четврт наносекунда кога ќе светне зелено на семафор...
И еве вака еднаш ќе посака некој да вози побрзо и бам несреќа.
П.С Не велам јас дека патиштата се криви кога веќе знаеш дека условите се никакви ќе си возиш полека и под услови мислам и на патишта и на полиција т.е контроли на исправност и на култура кај останатите возачи.
Се на се кај нас не е најбезбедно да се возиш со кола.
Само малку да надополнам возачи со мал машки полов орган најчесто возат мерцедес па после BMWпроверено од моја доушничка
![]()