Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
mountain Колегава твој се повикува на неморални закони,договорете се важи ли Стариот Завет или е докинат со Новиот Завет.
Мики,што има да земаш толкувања од Стариот Завет ако тврдиш дека тоа не важи веќе.
Или стандард,важи само кога ти одговара,а кога не ти одговара тогаш не важи.
Договорете се,важи или не важи.
За да знам,бидејќи многу прашања се отвараат после твојот одговор.

Hattab1,

како може уште да важи она кое веќе се случило како настан, поточно, како уште може да важи она кое веќе е завршено?...:unsure:

Ајде да бидам појасен: Стариот Завет е укинат во однос на неговите одредби кон човекот, односно Стариот Завет е исполнет во поглед на неговите пророштва за доаѓањето на Месијата.

Она кое останува да се доисполни, кое е запишано во Откровението Јованово, допрва и треба да се случи: а тоа е времето на антихристот, второто Христово доаѓање, Неговиот страшен Суд и преуредувањето/пресоздавањето на Светов и неговото бесконечно постоење заедно со праведниците, а во близината Христова.
 
Ок,а тоа што пишува таму,важи или не важи?
Тоа ми е муабетот.

Квизов нешто не ти е како што треба ни од двата можни одговори не можат да се уважат!

Да се надоврзам дека Стариот завет останува за генерациите во однос како изминат и исполнет од народот во минатото и за целта на нивнато делување и постоење.
 
H
како може уште да важи она кое веќе се случило како настан, поточно, како уште може да важи она кое веќе е завршено?...:unsure:
Значи ако јас еднаш застанам на црвено со колата, (го исполнив законот) тој појќе не важи?? з

Еве што Бог рекол:
Нема да го нарушам Мојот завет и нема да го изменам она, што излегло од устата Моја.

Псалм 88: 34

А Исус појаснил зошто е дојден
Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам. Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се. И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се наречи во царството небесно , а оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно

Матеј 5 : 17-19
Значи не бил дојден да го промени или поништи законот, и се додека постојат и небото и земјата тие ќе важат и предупредува на оние кои ќе речат дека законите се промениле или укинале. И земјата и небото се уште постојат, и не е се исполнето.

Еден од тие закони е и славењето на саботата како божји ден кое славење христијаните го укинале и промениле (погледни предходен пасус) и ја вовеле неделата иако нигде нема ни еден збор во евангелијата да се смени или укине (конкретно денот) а и Бог вели дека идната земја и небо кое ќе го создаде - саботата ќе биде светиот , божји ден за сите идни поколенија:

Зашто, како што новото небо и новата земја, кои Јас ќе ги создадам, ќе бидат секогаш пред лицето Мое, вели Господ, така ќе постои и потомството ваше и името ваше.
Тогаш од месец на месец, и од сабота во сабота ќе доаѓа секоја плот пред лицето Мое на поклонение, вели Господ.

Исаија 66: 22-23
 
Заповеди (и закони) божји, дали ги почитувате?
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 16:24 ---

Овде имаш поопширно за саботата и за неделата:

http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Apologetika/Sekte/Lat_Crkva-I-Sekte05.htm
 
Mногу ситен текст.. дали има едноставно јасно и прецизно каде Бог ја заменува Саботата со Недела со закон или заповед. Значи само каде на које место е запишана таа Божја заповед
 
Сам Бог (Христос) ја замени саботата со неделата така што воскресна во неделата а не во саботата. Плус, сам Бог влезе во Ерусалим во неделата пред распнувањето. Плус, сам Бог (Духот Свет) слезе врз Апостолите на Педесетница, на 50-от ден од Христовото неделно воскресување, а тоа слегување пак е во денот недела. Плус, сам Бог (Христос, нели...) никаде во Новиот Завет не одредил почитување на саботата, икао Он ги има споменато повеќето други Заповеди низ евангелијата, но не и Заповедта за почитување на саботата. Плус, сам Бог (Христос, нели...) ќе дојде по втор пат во денот недела, со голем знак на небесата, а не во некој друг ден, а таа недела ќе трае вечно, позната како „безвечерен ден„.

Плус, самите Апостоли, што значи, самата Црква, почнаа да се собираат на литургија во денот недела, која е прв ден после саботата. Види во Делата Апостолски, 20.7.
 
Многу работи низ Библијата се случија во среда, недела, понеделник, вторник... но имаме заповеди Божји што е свето а што не. Дали имаме и една заповед Божја за сабота да биде заменета со недела?
По твоја логика, ако Исус и апостолите правеа нешто во недела и ради то неделата е света, зошто христијаните не се молат во синагоги?? Исус и апостолите не одеа во цркви, не палеа свеќи , не му се клањаа на икони, не звонеа звона од камбанарии... Исус подучуваше и проповедаше во синагоги, Павле исто така, Јаков и учениците се молеа и клањаа во храмот старозаветен.... по чему ете се смена од синагога во црква, по чему (по кој узор) се ставија ликови цртани и скулптури на кои им се молат и клањаат, по кој узор се палат свеќи и се огласуваат камбани при службите божји. По кој и чиј пример е тоа? Исус беше и обрежан, христијаните не се обрежуваат.

13 А во саботата излеговме надвор од градската врата, кон реката, каде што имаа обичај да се молат. И седнавме и им зборувавме на собраните жени.
14 И некоја богобојазлива жена по име Лидија, продавачка на пурпурно платно од градот Тиатир, слушаше; и Господ и го отвори срцето да внимава на Павловите зборови.
Дела 16

2 И по својот обичај Павле влезе при нив и, три саботи редум, расправаше со нив од Писмото,
3 толкувајќи и докажувајќи дека Христос требаше да пострада и да воскресне од мртвите и дека е Тој Месија - Исус, „Кого јас ви Го проповедам.”
Дела 17

4 А секоја сабота (Павле) расправаше во синагогата и ги убедуваше Јудејците и Грците.

Дела 18
 
Ова погоре е дијалог или монолог?...:unsure:

Ако веќе си го читал Писмото, а ообено Новиот Завет, веќе требало и самиот да ги увидиш клучните настани и моменти, од кои нештата е променија од Стар во Нов Завет. Залудно е да бараш одговор на прашања на кои нема одговор во самото Писмо, туку тие одговори ги има Црквата Христова: секој поинаков однос кон Писмото, небаре истото е паднато од Небесата и исполнето со Божји инструкции кон родот човечки за неговото праведно живеење со можна награда или казна, не е ништо друго туку чисто протестантски идолатризам кон Писмото. Црквата го оформи Писмото а не Писмото Црквата така да Црквата не е зависна од Писмото, туку самото Писмо ни‘ сведочи дека вистината е во Црквата а не во Светото Писмо. Така, ако веќе бараш одговори, барај ги „таму„ каде веќе постојат.

Посочените стихови можат многу лесно да се објаснат, во духот од настаните од Новиот Завет.
 
За која?

Бог не го создал сонцето безкорисно, туку како извор на енергија но не само и на светлост!

Зошто?

1. Прочитај што напиша Мики1.

2. Физика 1 он 1. Светлината е најчиста форма на енергија бидејки фотонот е честичка без маса. Така да исто че да му доѓе.

3. Зошто? Ова е најтешко прашање и не би можел да ти дадам исцрпен одговор. Али имаше нешто врска со аголот и аголната брзина на некое тело. Ова само нешто што сум прочитал.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 21:49 ---
Мојата одредба е прифаќањето на вистините од православната рисјанска вера па самиот одреди дали ќе прифатиш или нема да прифатиш што вели мојата вероисповест.

Патем кажано, мојата вера вели дека оние 7 денови од Постанокот имаат должина исто како и нашиве денови, по 24 часови за едно-деноноќие, според учењето од Св. Ефрем Сириски, а современиот теолог, свештеникот Тимотиј, вели дека природните закони по кои Бог го створил првичниот Свет, пред падот Адамов и Евин, се закони по кои и ден-денес се одржува денешниот Свет/Вселена.

На Бога не Му се потребни 6 дена создавање, кои сами по себе би имале некое шпекулатино времетраење, поинакво (подолго или пократко) од денешново, туку самото создавање на нештата во 6-те дена, не се период на некаков еволутивен раст на првосоздадените нешта, туку само време во кое Творецот го творел Светот и се‘ во него. Значи, Творецот го обликувал Светов во време, а не затоа што на Творецот Му треба време за создавање, оти Он се‘ твори моментално, а не процесно-еволутивно.
--- надополнето: 11 октомври 2013 во 00:18 ---

Со содавањето на Сонцето и на Месечината како извори на светлина, првосоздадената светлина е пренесена врз овие две небесни тела, како нивна способност за извори на светлина. Првосоздадената светлина не била творена од поединечни/точкести извори на светлина, како на пример од Сонцето, туку првосоздадената светлина била амбиентално/дифузно светло, распространето низ целата првична Вселена.

За семокно битие и има логика ова што го напиша ама другите верници сепак имаат свои тумачења за истиот настан а претпоставувам дека и тие се православни.
Тоа е веке голем проблем.
Затоа еднаш ти кажав дека на библијата и треба тумачење у пишана форма за да ги немате овие недоразбирања меѓу вас.

А и вториот болд има доста добро објаснување од религиски аспект.
 
Tи веруваш значи во библијата, дека е од збор до збор Боговдахновена а тие што ја склопиле да изгледа така, може да се значи не точни....во најмала рака.
Ова е парадокс како мене ми изгледа.
tocno taka bibliata vo vremeto na isus bila do zbor od alah a posle isus lugeto pcnale da ja izmenuvaat
 
За стариот или новиот завет лафиш?
pa novite sigurno se izmeneti a starite neznam od koga pocnale da gi izmenuvaat. kako shto e primerot so filmot so mojsej. prvo naslovot beshe 20 - te zapovedi a sega naslovot e 10 - zapovedi. inaku ima neshto vo biblijata shto ne go imaat izmeneto, kako na primer isus vo bibliata spomnuva deka posle nego ke dojde drug pratenik, deka toj samiot isus ne e bog i tn. pozdrav
 
Стариот завет не е чепкан многу, тие евреите се како муслиманите....закоравени начисто. Кај новиот не се поставува прашање дали е сменет туку како е составен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom