Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Пушта список секој час, и викаше дека е за потпис присуството, ама после испадна дека нема врска. Е сега они цело време нешто мењаат, проверете си да не ве зезнат.

Фала пуно :)) А има ли колоквиум или директно на испит се иде ?
 
Некој од прва година шо слуша Вовед во Интернет, дали го имате предметот активирано во courses.finki.ukim.mk ? И дали ви спомнаа нешо за лаб вежби, распоред и слично...?
 
Некој од прва година шо слуша Вовед во Интернет, дали го имате предметот активирано во courses.finki.ukim.mk ? И дали ви спомнаа нешо за лаб вежби, распоред и слично...?

Да, активиран е.
За лабораториските уште ништо не знаеме.
 
Да, активиран е.
За лабораториските уште ништо не знаеме.

Ако е нешто слично на ОСИ, тогаш лабораториските можат да ви почнат после првата колоквиумска. Така беше лани по ОСИ :)
 
Да, активиран е.
За лабораториските уште ништо не знаеме.

Имавте часови денес така? Што е материјалот, општи работи за мрежи, протоколи и слично? Да не знаеш дали html, css, js ќе се учи по предметов?
 
Имавте часови денес така? Што е материјалот, општи работи за мрежи, протоколи и слично? Да не знаеш дали html, css, js ќе се учи по предметов?

Во среда имаме предавања.
До сега да, учевме за мрежи, интернет, историја на интернет ...а понатаму ќе учиме и HTML, CSS, JavaScript :)
 
Ај нека пише некој од постарите студенти што веќе поминале,збор-два за:
Смиле Марковски-Дискретна Математика
Дејан Ѓорѓевиќ-Вовед во Интернет
Иван Чорбев-Структурно програмирање
Ивица Димитровски-Вовед во Информатика

Фала унапред :D
 
Ај некој од постарите да каже кога е јануарска сесија и кога се полага професионални вештини одприлика ?
 
Ај некој од постарите да каже кога е јануарска сесија и кога се полага професионални вештини одприлика ?


Јануарска е некаде од 15-16ти Јануари до 1ви Февруари. Освен ако ко лани не се случи нешто за да го продолжат распустот(лани траеше до 18 февруари, а испитна почна на 1ви Февруари). Притоа, првин се полагаат предметите што се слушале во летен семестар, па дури потоа предметите од зимските семестри, а точно за тоа како и што датум ќе биде некој предмет никој не може да ти каже.
 
Некој што слуша(л) Линеарни трансформации/Калкулус3 да не ги има аудиториските вежби?
Исто така, добредојдени би биле и комбинации од колоквиуми и испити и други материјали за вежбање.
Тенкју вери мач. :)
 
Web bazirani sistemi, kako e predmetov ? go slusa nekoj ?


Јас го слушам. Интересен предмет. Се учат метро апликации (Store Apps) за Windows 8 со примена на HTML, CSS и JavaScript. Прилично тазе поле за девелопмент.
 
Добар е ВБС, up-to-date предмет баш.

Инаку мене ме интересира, како се полага Веб Дизајн? Има нешто усно, од ворд презентациите на Драган? На компјутер се полага, на лист?!?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom