Оф .... има доста од нив .... па, да видиме: :uvo:
Lurtz - Многу интересен човек. Оваа слика за него ја имам оформено уште одамна на други форуми, човеков е незаменлив. Симбол за неутралност во ставови и полн со разбирање за многу работи, и според мене, човек од голем интелект.
smart ass - Каква би била Кајгана без нејзиниот главен контраш?
Сериозно, можеби како и повеќето на форумов, и јас имам доста различни ставови и мислења од неговите, ама сепак е одлична личност за дискусија, а и има добар вкус за музика. :wink:
Zodiak DJ - Немам зборови за овој човек. Има очи да забележи кога некој е третиран неправедно. Има уво за тие на кои им е потребно некој да ги ислуша, и да симнат камен од душа. Полн е со разбирање за секој и секого, без разлика колку е оцрнуван од мнозинството. Веројатно единствениот кој ми помогна да пребродам еден тежок период од мојот живот.
Apokalipto - Еден од првите луѓе кои почна барем до некој одреден степен да ги разбира моите неконвенционални ставови кон светот. :smir:За џабе не дремем на форумот Мистерии 80% од времето за кое сум online.
Human - Човек кој е доста интелигентен и кој цврсто се држи до неговите ставови без разлика колку побиени изгледаат за останатите од форумот. Исто човек со критичен ум, и здрава доза на скептицизам со чија помош анализира се и сешто. Алал нека ти е друже!
Toecutter - Интересна личност со невообичаени но сепак здрави размислувања, и за чии имам голем респект. Заедно со smart ass со некои нивни постови знаат да ме изнасмеат. И по ѓаволите со таа Лоботомија, дај и јас ќе подлегнам на таков хируршки зафат, да видам што е целата работа околу тоа, аман више! :icon_mrgr поздрав!
FallenHypaspist - Не треба многу да разглабам за човеков. Навистина интересен во секој поглед.
Треба само да ги следите неговите постови по темиве и ќе сфатите за што станува збор. Свака част, продужи тако :wink:
DBack - И за овој човек сум speachless. Човек со голем степен на толеранција и разбирање, само штета што некои ја преминуваат границата за да го (ис)провоцираат. Сепак му завидувам на неговата истрајност во секоја тема каде го среќавам. Секогаш изобилува со факти и нуди добри аргументи во неговите постови. Навистина не знам како после некои негови мислења некои се одудуваат да вратат со нешто подобро. Биди ми поздравен! :wink:
leandra - Смирена и стабилна личност, исто некоја која е полна со разбирање за другите луѓе. Исто и доста интелигентна од мислењата кои сум ги видел до сега од неа. Тука е исто така и да смири кога има немири, или некаков спор меѓу двајца членови, барем такво мислење имам оформено за неа.
VOLK2234 - Мојот колега во освестувањето на глобалната маса луѓе за проблемите во општеството а и скриените малверзации кои се ткаат позади сцените на нашата т.н. реалност. Навистина интересна особа со здрави размислувања и сфаќања скоро идентични на моите. Како мој PIP (Partner In Plan) :cug: можеби ќе успееме во намерата да создадеме подобро општество и заедница за сите луѓе
, Иако целта е скоро невозможна, сепак најважно е искрената желба и намера, како и обидот да се направи промена, нели? :icon_bigg Да си ми жив и здрав и да продолжиш со исто темпо!
Јове_Бт - Уште еден истомисленик, барем што се однесува до мојата анти-глобализациона филозофија, за останатото има време да се изедначат разликите. Сепак прекрасен ум, го следам во повеќе теми, се согласувам со 99% од неговите тврдења, и навистина знае што збори. :helou: Поздрав!
Firewall - Уште еден PIP! Најверојатно тој самиот е најосвестената личност која сум ја сретнал до сега. Навистина е полн со линкови и видеа за секакви заговори од кои сепак морам да признаам, после некој пост од него, се уништува она т.н. "теорија" на заговор и останува само една јасно испланирана шема на како резултат од јасно дефинирани цели на PTB (Powers That Be). Свака ти част, ти симнувам капа за твојата истрајност и снаодливост по темиве како и твојата посветеност на откривањето на неправдите во светот.