Фискални каси/принтери и нивно поврзување со PC

  • Креатор на темата Креатор на темата zoki77
  • Време на започнување Време на започнување
И дефинитивно потврдено: SY-50 освен шо можи да печати фискални сметки, то е то... нема можност (засега) да прај нешто појќе.

Чекај сега... ти треба да го опишиш то со зборој или треба да напрајш апликација?

Друго: секој производ кој што е платен, од некаде е дојден. Шо значи, со приемот на производот автоматски имаш бар код. Така да бар код генератор 158,9% нема да ти треба, освен ако не планираш производство.

Кога сме кај бар код читачите, имам јадено уба попара. Мој избор би бил ласерски бар код читач, по можност да кошта над 100 евра.

Апликација ми треба, поточно треба да ја правам. Треба да има дел за генерирање на кодови (зошто имам производство) и дел за препознавање на кодови (продажба). Ниту едното во пракса не сум го работел до сега, но се надевам дека нема да ми изедат повеќе од 1 недела ... се надевам дека не грешам во претпоставката пошто ќе изгорам :)
А баш некои такви модели од 100 евра сакаат да земат. Некако сум скептик пошто од старт знам дека тие се најефтините. Не ми е проблем ако се расипуваат, тоа веќе не е мој домен на работа, ќе си ги носат по сервиси, туку незнам каква поддршка имаат (библиотеки, документација и сл.) и дали прецизноста на препознавање е на солидно нивно.
 
Шо јазик работиш? Гледај одприлика шо треба да има: Генерирање код - нумерички во одреден формат, поставување на кодот во бар верзија (опција за печатење), запишување во база на веќе изгенерираните кодови... ако имаш еден производ полесно е, ако имаш Х производи имаш мака... пошо незнајш кој бар код кај ќе го залепат, па ќе треба некако да ги делиш или евентуално при внесување (отчитување) да дефинираш шо е...Не сум го работел, мада мислам дека клучот ти е во генерирањето слика.

Делот околу отчитувањето (продажба) го имам работено и не е комплицирано (ти треба база со сите внесени бар кодови), само го врзуваш бар кодот со шифра (или ID на артиклот) и толку. Или друга опција е, само нагласуваш дали артиклот има бар код или не, и кога го продава ќе му побара да внеси бар код. Така се елиминира делот со база.

А баш некои такви модели од 100 евра сакаат да земат. Некако сум скептик пошто од старт знам дека тие се најефтините. Не ми е проблем ако се расипуваат, тоа веќе не е мој домен на работа, ќе си ги носат по сервиси, туку незнам каква поддршка имаат (библиотеки, документација и сл.) и дали прецизноста на препознавање е на солидно нивно.
Не се тие најефтините... најефтини се 1500-2000 денари. И не се расипуваат имаат проблем со отчитувањето на кодовите, треба да го нишаниш едно 10-тина пати за да го прочита, и на крај ако треба да отчита 1234567890 ќе ти извади број ваков 12345*67890 и ќе имаш грешен код...
 
Здраво на сите! Некако имам чувство дека Џиш ќе може да ми помогне :)

Вака се трудам да издадам сметка на фискален принтер на Давид Компјутери и успевам да отворам сметка, да направам тотал и затварање, да пуштам дневен и контролен (Z и X извештај) меѓутоа никако, ама НИКАКО, не можам да испешатам артикал со соодветна даночна група :mad:
Ниту ми излагаат артикли (кирилица, кога е латиница све е ок) ниту пак даночните групи се погаѓаат. (char)192, (char)193, (char)194 не се претвараат во А, Б и В:facepalm:. Комуникацијата е преку сериска порта а користам VS2010 (C#). Дури пробав и со енкодирање на името на артиклот, па ја енкодирав и портата ама ништо...
 
Како почнавте да учите програмирање на фискални? Од некоја литература/онлајн туториали итн./примерни кодови..?
 
Па има протокол за комуникација кој треба да го побараш од производителот на фискалниот. Ама мене нешто не ми иде ни со тоа...:(
 
Знае ли некој како се менува фискалната хартија?
Постои ли некој линк, каде што е објаснато?
 
Знае ли некој како се менува фискалната хартија?
Постои ли некој линк, каде што е објаснато?
3 лесни чекори:

1. Ја отвараш касата
2. ја вадиш старата ролна (т.е. она што останало)
3. клаваш нова

Добро, читаш дека темава е за програмирање? Друго, дали мислиш дека ние имаме телепатски моќи за да знајме шо каса имаш па да ти дајме линк нешто?
 
Ај да прашам и ја нешто.
Фискалните каси поврзни со компјутер на кој принцип работат, соодветно .dll ?
Ако одговорот е да, во врска со Arcadia 6010, каде би можел да најдам соодветно .dll и документација, секако ако некој знае?
 
Кое е твоето ниво на познавање на програмирањето за desktop? Знајш која е разликата измеѓу dll и exe?
 
Секако дека знам што е разликата, дали ти знаеш што е разликата?

Незнам на кој друг начин би праќал пораки кон фискалната каса, освен, најлогично би било .dll и незнам можда би бил потребен driver.
 
Секако дека знам што е разликата, дали ти знаеш што е разликата?
Oчигледно дека не ја знајш разликата. Ако ти е познат протоколот за комуникација со касата, можиш во истото exe каде што се остнатите контроли, да го пикниш и делот за печатење на сметка. Така да dll, нема потреба да има. Се зависи до архитектот на софтверот, да неречам тој шо го пишува кодот, и неговата идеја како целото тоа ќе биди спакувано и ќе функционира.

Незнам на кој друг начин би праќал пораки кон фискалната каса, освен, најлогично би било .dll и незнам можда би бил потребен driver.
RS232 е најглупата COM порта шо постои одсекогаш. Нема потреба нити драјвер, нити било какви останати тракатанци. Ако знајш во каков формат да ги праќаш параметрите на RS232 портата (обично се стрингој во хекса), имаш готова контрола во VisualStudio, drag од контролите drop на формата и voila.
 
Него друг е муабетот: ти имаш кабел за касата? Знајш како се врзува на RS232 , па да бараме кој е протоколот?

Патем, си се обратил кај производителот (продавачот) на касата за понатамошни инструкции? Обично се многу шкрти со информации и ќе треба да се бориш со нив како со мечка за да извлечиш информации како работи касата и кој е начинот на печатење сметки.
 
Многу е добра дискусијата но никој нема написано како да се синхронизира ПФ 500 со Пантхеон програмот на Даталаб ....Пробував на неколку начини и ми ислегува сметка без артикли но со вкупна сума која е откуцана.....
 
Ме интересира дали некој знае за фискален принтер кој има подршка или целосен пример за да се изработи конекција под Linux.
 
Ме интересира дали некој знае за фискален принтер кој има подршка или целосен пример за да се изработи конекција под Linux.
Ако кодаш у јава, ќе си ја побараш rx-tx.jar ќе си ја подесиш на RS232 и ќе праќаш кодовите према касата. Еве ти линк за библиотеката Така работевме у Зегин пред многу години али тука у принцип нишо не се мења. Исто и ова може да ти се најде
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom