Продавачки, што ве нервира?

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Не ме нервираат мене продавачките туку Работодавците којшто лечат комплекси и фрустрации на нив, од причини што не ја оствариле зацртаната цел за дневниот/месечниот/годишниот профит...

Доколку скапат Земјоделските производи на продавачките им се скратува од платата... Што се тие криви што не се продале???

Доколку се расипе нешто од разладните уреди (Комора, Фрижидер,) па потоа треба да се поправат, а за тоа треба дебела сума пари исто така им се скратува од платата на продавачките. Епа што се тие криви што се расипало нешто - не го расипале намерно. Му дошло денот...

И после сето ова сакате продавачките да бидат љубезни и мотивирани за работа???
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Еве денес жив пример, ми влегува во продавница и ме прашува колку бил Браво сок цел пакет. А претходно ни добар ден, ни здраво ништо. И викам 70 денари едно шише а 420 цел пакет. И почна - 420 денари еден пакет сок? Ти не си нормален дечко, како не ви е срам толку скапо да ги продавате соковите, после се жалите дека немате заработувачка итн итн итн. Си преќутив бидејќи не сакав да се расправам оти имаше уште еден муштерија и само и реков ако и е скапо дека немора да купи. Ама во тој момент ми доаѓаше да и викнам у фаца: Курво не се еби со поголем кур отколку што можеш да примиш! Го сакаш најквалитетниот овошен сок ама скап ти е и ми се дереш како да си ми мајка и да морам да те трпам и тебе и сите исти лајнари како тебе. Мрш надвор и да не те видам повеќе да ми стапнеш во дуќан матер ти ебам сељандурска неписмена. Згора на тоа прв пат ми влегува во дуќанот. А пази, набавната цена на Браво соковите е 59 или 60 денари не ме фаќајте за збор не сум сигурен а го продавам 70, според некои муштерии дали јас треба да го продавам по истата набавна цена или испод неа само за да не ми влезе некоја искомплексирана сељандурска личност и да ми се дере зошто е толку "скапо". Маму ти ебем...!
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Me нервира продавачката во продавницата во маало.
Кога и да влезам, зборува на телефон. А, јас...со ѕидот си зборувам.:mad:

Ќе се жалам во Оне, да и ги укинат минутите :sneaky:
 
Член од
20 март 2013
Мислења
7
Поени од реакции
6
Најмногу ме нервира кога влегувам в продавница а они намуртени ко да сум им убил некој од фамилија. Викам добар ден, од другата страна ништо, прашувам нешто, од другата страна ете таму најди си ги, викам пријатно,пак од другата страна ништо. Мислам знам дека се среќаваат со секакви луѓе и напорни и досадни и намќори, ама барем упати една насмевка кога веќе ти упатувам јас. Па и ние сме луѓе, можеби и нас денот ни била тапа, па уште згора на тоа треба да одиш до продавница да пазариш. И мене ми било скиснато некогаш па сум била културна. Значи тоа барам, не мора да се однесуваат кон мене којзнае како, ама барем да бидат културни. Има една нонстоп таква, никаква, додуша таму сите се никакви. Гужва има таму постојано. Ама оваа типката толку влага у филм што еднаш почна да драматизира. Демек главата не знае кај и е...почна да се дере КРЕНЕТЕ ГО ТОЈ ТЕЛЕФОНОТ ДА МУ СЕ МОЧАМ! А тука муштерии еден куп, празните пластични чаши почна да летаат на главите на муштериите, кусурот кај треба да го чекаш 5 саата, туку и од земја треба да го собираш. Дебили бе, дебили! Ако им било скурчено денот, онда не сме ние криви. Исто како што ако мене ми се скурчено, не ми е таа крива. Друго што мразам се коментари од типот: Ааа тие фармерки се скапи, не се за тебе. МОЛАМ? Па од кај знаеш бре ти колку пари имам јас и што можам да си дозволам? А од друга страна има и купувачи кои се удав. Еден и вика на касиерката - дај од тие жилетите. И оваа му подава. Ама не се вакви, не не не се вакви. И сеа шо да праам јас а? Сеа кај да барам такви? Што да праам јас сеа? Абе оди еби си векот, таа треба да знае што да правиш ти? Од двете страна има и лоши и добри примери.
ех таа ептен веќе му ја претерала
--- надополнето: 21 март 2013 во 05:51 ---
Мразам кога некој ќе ми дојде во 5 до 12 да му пакувам подарок, се брза, а автоматски ме брза и мене, после кога ќе излезе грдо јас сум крива. Имаше една случка со една госпожа, никогаш во животов нема да ја заборавам, влегува во цвеќарата сета во брзање, ќе била кума, ќе одела во друг град автобусот ќе и избегал, да и правам бовча и тоа огромна. Значи неможе да очекува дека за половина час ќе ја направамн, т.е. ќе ја направам ама каква ќе биде тоа не гарантирам. Прво треба да ја видам, да ја наредам, па да видам како ќе ја правам... За тоа се закажува, или си иде порано. Што ако јас во моментот имам друга работа, и неможам одма, што ако некој друг во моментот чека? Значи толку ме изнервирала, до степен што почнав да плачам. На крај, па и не го бендиса, кај незнае, нон стоп ми се мешаше како сакала да биде, што е неизводливо, значи и во пакувањето има правила. И уште ми вика незнам кај те вработиле тука, врска немаш, и сето тоа пред други муштерии кои чекаа. Работата е што несмеев да и вратам, нели купувачот е секогаш во право, а на работ бев да ја набркам, толку безобразно суштество немав видено во животов. И и кажав на газдарицата, уште еднаш ако влезе истата во цвеќарава, јас ќе ја избркам и не и се нафаќам ни под точка разно.:tapp:
Уште нешто... Мразам кога некој душмански го фаќа цвеќето, ако го купи ок, што сака нека му прави ако сака и од земја нека го тресне, ама не купува а чепка по цветовите, колку малку му треба за да се оштети, а јас треба да го продадам.
И ценкаџии колку мразам уф:mad:
Едит, јас од обратната страна се изјаснив:icon_lol:
ех треба луѓето еднаш да бидат во твоја кожа па да разберат, или да ја работат оваа неблагодарна работа па да сватат како е некој да го понижуваш. Па таа ако знаела подобро што не си наместила од дома сама па уште тебе ти кажува како. Абеее златен ќотек, луѓево немаат никаква култура веќе. Посебно тие богатите со пари мислат дека и памета се купува. Обично побогатите прават такви ајдулаци и мајмунски работи, мислат муштериите се секогаш во право па ајде гази секое човечко достоинство. Идиотка невидена, друг пат самата да си пакува од дома во 5 до 12.
--- надополнето: 21 март 2013 во 05:56 ---
Јас имав една нездрава случка со нездрава продавачка лани. Влегов во 10 бутици и не можев на мира да разгледам што ми треба заради продавачките, ми се буткаат ми нудат работи што не ми требат и не ми се допагат. И веке изнервирана излегувам од еден бутик и одам накај следен и си велам овој ке биде последен за денеска :mad:. И уште не бев влезела во бутикот одма двете продавачки " што ке треба за вас, за што сте дојдени, имаме нова роба донесено вчера" :facepalm:. Јас дури на момент се исплашив бидејки одеднаш двете накај мене! И јас само одговорив "сакам само да разгледам што имате. Може ли??" И они со кисели фаци се погледнаа некако демек грубо изреагирав викат ок. Разгледав што имат и фрлив око на еден фустан од излогот и им велам дали ке можат да ми го покажат. И едната како пушка одма " епа нели ние те прашавме ШО сакаш и ШО ти треба ние затоа сме тука а не да кажуваш оти сакаш само да разгледуваш" :tapp: Јас останав со подзината уста и ми дојде нервоза од петите до главата и и викам " не ми треба ништо, барем не од тука " и си излегов и си отидов дома изнервирана и ништо не си купив. Од овој случај никогаш повеке не влегов во таа продавница ниту пак ке влезам некојпат, овој пример го кажувам кај ке стигнам за двете искомплексирани продавачки и бутикот во кој работат што немат појма што е пред се лична култура а после услуга на муштерија. :гомце:
аууу е тоа е ептен некултура, а бе се до културата на самата личност од продавач до муштерија, а има такви идиотки од кои и на самите тие која ја работат истата професија им се згадува. Тоа е нивна неклутура.
 
A

andrea85

Гостин
Ме нервира кога ќе се запне "преубаво ти стои, многуу убаво ти стои,прекрасно како кукла, Да си го земиш"---а уствари нема веза, ко вреќа ми е фустанот или било шо али ајде...не сум слепа де.
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
671
Мене нaјмногу ме нервирa когa немa дa ми врaти кусур, и ке ми рече иди рaситни си, имaш овде близу продaвницa, или немaм ситно дa ти врaтaм, земи си мaстики зa тие пaри, не ми е зa пaрите, но еве дa речеме, некој ме прaтил дa купaм нешто.. или еве тие 10 - 15 ден во моментот многу ми знaчaт. Мене не ме интересирa, колку плaтa зимaaт, и јaс сум рaботелa зa многу мaлку, милион пaти потешкa рaботa пa проблемите и фрустрaциите не сум ги носелa нa рaб. Aко не умееш со луѓе не ни рaботи. Имaш друг избор зaрем морa дa е бутик? Тешко и е дa стои??? Некa иде у конфекцијa зa 6000 ден, бaрем ке седи. А зaмисли кaко е дa трчaш додекa рaботиш.. о јaс сум трчaлa, јaс сум летaлa, зa нередовнa плaтa, тоa сум избрaлa и сум се aдaптирaлa, немa лутиш aко сaкaш пaри ке рaботиш. Мa немојте ве молaм.. не бaрaм дa ми се смешкa, доволно е дa биде културнa. Зa жaл кaј нaс врие од aрогaнтни тетки, додекa девојки што конкурирaaт со желбa, остaнувaaт без рaб!
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
1.082
Поени од реакции
588
Me нервира продавачката во продавницата во маало.
Кога и да влезам, зборува на телефон. А, јас...со ѕидот си зборувам.:mad:

Ќе се жалам во Оне, да и ги укинат минутите :sneaky:
Подобро на тел. Кај мене има една цело време на skype. :)
 
Член од
10 февруари 2013
Мислења
30
Поени од реакции
8
Слушај дете, продавачките земаат по 6000-7000 денара или така нешто, цел ден рмбаат и нормално заради тоа не се мотивирани да работат...
Не се жалиш кај што треба, на овие најде да им се жалиш...

Иако е донесен закон за минимална плата од 8000 денари, пак продавачките земаат по 6000-7000 (бидејќи газдата ќе им рече ќе одиме на банкомат ќе извадите 8000, ама сите по 1000-2000 денари ќе ми вратите...

Сега си твитам така за продавачкиве и гледам дека имам материјал за пишување па си реков одам на форум ова е долго за на твитер.
Како ве изваде од такт продавачката?????
Како ве изваде од такт продавачката?????
Како ве изваде од такт продавачката?????
Верувам дека на сите ви се има случено ова и сто посто ве вади од такт.
Прво. Влегувам во продавница и ме следи додека разгледувам наоколу јас плус таа минус се залепила до мене како магнет, како месо да држам, а кучево ме следи(без навреда). Не сакам да ги навредам ама ова е без врска. Знам дека овие можеби и не сакаат да го прават ова туку се поттикнати од нивниот газда дебил што прочитал една реченица за маркетинг па мисли сега готово ќе го дуплира прометот.
Второ. Влегувам и уште не влезен ... муабет не и се прави ни добар ден, ни повелете, ни да ви помогнам нешто, си седи и пие кафе како пишман да е што е родена, како со сила да е оставена да седи тука или како јас да и сум крив што таа е продавачка и мора да ме услужи. Оваа сто посто не е газдарица на продавницава пошто газдарицата се сеќава уште од пред врата. Таа ти вели повелете, а ти си надвор само онака поминуваш пред продавница(си шеткаш). Па камо ли да влезеш е тогаш одма имаш срцуш отвори што сакаш ама да не му се секираш јас сум тука да здиплам да погодам без гајле да ми си злато. WTFFF

Сум бил покрај некоја што дува, што превртува очи, што не е заинтересирана, а пред некој ден бев кај една што ме праша " а ќе купуваш или ќе гледаш??? ".
Сигурно нема да купам без да видам ГЛУПАВА ЕДНА

A мене ми се има случено да слушнам коментар од типот `Господе Боже,пола саат гледаше и ништо не купи` :X3:
 

Schtrawzenigger

and the Baltic Fleet
Член од
9 јули 2013
Мислења
697
Поени од реакции
2.455
Ау што муабет слушнав од еден постар човек :vozbud:

Отишол дедево во продавница да купува нешто, купил што купил и касиерот му вратил искината пара за кусур. Дедево го замолил да му ја смени зашто многу е скината а овој му рекол: не можам да ти ја примам, скината е, не примаме скинати пари :vozbud::vozbud::vozbud:
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Нај јаки ми се продавачките у телеком шо работат или у мобимак, оне, вип и сл... Си мислат дека се инжињери у наса, а не можат да сватат дека се исто така обични продавачки шо продаваат производи и земаат пари и вракаат кусур. Толку. Исто ко шо прават и продавачките у кам, тинекс и сл.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Хахха продавачките легенди се секоја приказна сама по себе..
не ме нервира кога ми коментира дека ми е добра облека или било што бидејќи таму е за да продаде па ако има некој глуп и да слуша нејзино мислење не е крива.
најака работа што ми се има случено...во рамстор купувам пред 10тина месеци со девојката заедно и на излегување на каса млада девојка продавачката ја куца сметкава и пред да ми ја даде зема пенкало го пишува бројот нејзин на фискалната и ви вика барај ме кога си слободен да пиеме кафе некаде :facepalm:
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.907
Поени од реакции
11.249
во рамстор купувам пред 10тина месеци со девојката заедно и на излегување на каса млада девојка продавачката ја куца сметкава и пред да ми ја даде зема пенкало го пишува бројот нејзин на фискалната и ви вика барај ме кога си слободен да пиеме кафе некаде :facepalm:
Мајмуне ти си имал супер искуство со продавачкиве, само биваше ли со девојка да си во овој прав/погрешен момент, некогаш нема али некогаш има од све стране :cool:
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Мајмуне ти си имал супер искуство со продавачкиве, само биваше ли со девојка да си во овој прав/погрешен момент, некогаш нема али некогаш има од све стране :cool:
Абе и јас сум се занимавал со трговија и знам како е и не ги осудувам воопшто оти може да ги осудува некој кој не пробал како е :)
Иначе убо искуството не велам не, ме фаќа смеа и сега кога помислувам на целата ситуација и на реакциите :D...затоа не отидов натаму неколку месеци особено не со женската :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.150
Поени од реакции
16.087
Однесувањето.

Овие во супермаркет, продавници, не ни ме интересираат многу, си земам, плаќам, освен тоа ништо.
За овие во бутиците е сосема друга прича.
Кога купувам нешто, пробувам и пробувам додека не се уверам дека сум го нашла она најдоброто што можам да го најдам. Значи мене ич не ми е гајле дали ќе пробам еден пар или 10 пара штикли што ќе ми фатат око во некоја продавница.
Не ми е шопингот нешто омилено, па ајде да се мрднам од дома, туку купувам кога стварно ми треба нешто.
Некои ако пробаш веќе втор пар штикли почнуваат да се живцираат. Каде со тоа понашање бре?
Работиш во услужна дејност, работата ти е со луѓе, има да лепиш осмех на фацата и да ласкаш, а не да се муртиш. Има луѓе што чистат улица по ладново секој ден, па ако не ти се допаѓа тоа што си седиш на топло и те нервираат муштериите, пробај го тоа.
Работата е да продадеш, а купувачот е секогаш во право. Некои не го знаат ова.

Некаде каде сум забележала намќори не сум се вратила.
Лани многу ми се допадна едно фустанче на излог, влегувам и викам - Е тоа сакам да го пробам.
Типката ми вика - Ај ова пробај го на закачалка што е, истото е, само друга боја, па ако ти се допадне, ќе го симнеме тоа. Ја мрзеше да го извади.
Веќе не сум се појавила таму.

Денес пробав 4 или 5 пара чизмички, бев меѓу број, па девојката ми извади 2 броја од сите. Пола саат се гледав, ниеднаш не преврте очи, крајно културна и фина. Накрај си одбрав и си купив, и јас задоволна и она задоволна.

Кај некои и да не ти се допаѓа ептен нештото, ради личноста што продава може да се дрзнеш и да купиш, оти те насмеала или те третирала како што треба. Еден позитивен и културен однос не е никогаш на одмет, секогаш е плус, а јас ко муштерија ептен го запазувам ова.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom