Немам ѕид за такво нешто, собата е во поткровје, и има само еден заѕидан прозор на кој може да се закачи компресор.
Проблемот е да се качи компресорот, треба да се изнесе на кровот некако, и малку е незгодно. Деновиве треба да помине монтер да ми каже дали е изводливо, па ако не е ке морам да смислам некој друга солуција.[/quote]
Нема шанси да нема услови за монтирање на над. единица, а се друго е до монтерите и до парите. Ако се става инвертер клима внимавај да ставаш квалитет барем од реномирана марка пошто гледам на пазарот има веќе инвертери кои едвај да го заслужуваат тоа име. Има излезено нео, фаворит, вивакс, кои имаат номинална потрошња 1кв, а минимална 0.6 кв, што е по мене многу блиску до он-оф клима. Не дека и појаките марки се ептен точни на декларираното, но барем кога една тошиба има декларирано 0.15 минимум на работа, ќе работи на едно 250-300 вати, а тоа е и условот за штедливост и комфорт со одржување на температурата.