Мачено и одрано куче во Чаир

  • Креатор на темата Креатор на темата AlternativeF
  • Време на започнување Време на започнување
Не е психопат, социопат е. Со 100 посто гаранција. Само социопат може да направи вакво нешто без да осеќа каење. 98 посто се шансите дека истово би го направил и на човек без око да му трепне. Психопатите се импулсивни, потешко имаат контрола врз себе и тие кога би убиле куче, би го убиле со задавување или слично, едноставно импулсивно (не дека тоа е здраво). Само ви ја правам разликата. Најголемите и најзлобните сериски убијци кои најтешко се наоѓаат се СОЦИОПАТИ во својата суштина, затоа што се изразито интелигентни, сакаат да мачат, а притоа имаат толку контрола врз себе што нема ни трага да остават зад себе. И не се способни за каење, ни за ништо.

Ова е дело на тежок социопат, кој доколку е во своите тинејџерски години, има огромни шанси да стане сериски убиец за некоја година. Не е ова само филмско сценарио, се тоа си повлеквит со себе вакви работи.
 
Можда орел го искасапил, можда не. Битно си ја знае работата. Камо полицијата да беше толку профи па да го најдеше и да му плати петте пари.
 
Јас сум згрозен од тоа што беше објавена фотографијава на интернет страниците. Очигледно Анима Мунди и сајтовите најдоа заедничка корист. Вторите да си билдаат гледаност а првите да се обидат да покажат против што се борат. Но сетоа тоа мене ми е невкусно, бидејќи ако ова им е единствен начин за да подбуцнат луѓето да направат нешто, очигледно не ги бива.

Како организација Анима Мунди не ги бива за ништо, што очигледно е факт, бидејќи немаат ништо променето до сега, буквално. Не верувам дека во државава постојат само 10, 20 души кои се грижат за кучињата и другите животни, колку што всушност во самата организација. Тоа што немаат добра програма, не се фокусираат на вистинските проблеми кај нас и имаат прилично арогантни и цинични настапи во јавноста, покажува дека не се организација како треба. Не ја префрлувам одговорноста кај нив, но наместо да се занимаваат со правењето бунди во Америка или пак со смртта на делфините во Данска туку со организираните битки за кучиња во Сарај и Чаир, ќе беше поинаку и ќе имаа и повеќе организација и повеќе значење.

Одговорноста за ваквиве грозни работи ја гледам кај властите кои очигледно не реагираат но и од пасивната и лошата работа на невладините организации кои се фокусирани на елеминирање на вакви случаеви. Додека не се направи притисок, нема никој да реагира.
 
Болна работа ова :tapp:.На некои луѓе едноставно им се здосадил животот и ајде сеа да удриме по секого.
 
Кучево е профи одрано,ниту еден мускул не е чепнат колку што можам да видам и за вакво дерење е потребно многу време,трпение и знаење.Ова не ми стои да е дело на психопат.

мене поише ми личи на месар
 
Некој да ме потсети дали Анима мунди или слична организација донираа или поставија награди од симболични 500 евра пример, за пронаоѓање на убијците од езерото?
И, да не се заебаваме, ова не е чисто убивање куче. Да го пукаш, да го згазиш или задавиш или незнам.. во месара вакво прецизно соголено животно нема да најдеш.
Сериозно растројство е ова, се надевам ќе биде пронајден виновникoт, не ради убиство на куче, туку за лично наша сигурност во блиска иднина.

Абе пример во САД има полициски станици наменети за злоставување на животни, а не се мешаат во други работи, пример убиство на човек. Поентата ми е: Си има институции наменети за "убијците од езерото", нема шо тука да се меша Анима мунди да излези на прес да кажува за убијците, како поединци од оваа асоцијација можи излегле на протестите кога беа.
 
Кучево е профи одрано,ниту еден мускул не е чепнат колку што можам да видам и за вакво дерење е потребно многу време,трпение и знаење.Ова не ми стои да е дело на психопат.

Касап по професија... ова неможе некој онака...
У секој случај, згрозен сум
 
Ова го сторил некој на кому му била потребна кожата, ова не е мачење, го убиле и кожата и ја секле, како што се случува кај сите други животни за месна индустрија...

И не знам зошто никому не му текнува, можеби од некоја друга населба го фрлиле таму???

Who did it?
the black man...
 
По твојава логика тоа е добра причина и да го одереш првиот што ќе го сретнеш по улица, само ќе кажеш дека ти требала кожата пошто отсекогаш си сакал на кожна фотеља да седиш дома и нема љутиш после. И да, во Чаир нема криминал од било каков тип, секој криминал е подметнат од луѓе кои доаѓаат од другите населби и градови.
 
Кучево е профи одрано,ниту еден мускул не е чепнат колку што можам да видам и за вакво дерење е потребно многу време,трпение и знаење.Ова не ми стои да е дело на психопат.

Психопат што си го усовршил дерењето до перфекција?

Кучешката кожа има многу примени ,така да не би избрзувал со заклучоци дека се работи за психопат или било што од тоа.
Ова не би го разликувал од дерење прасе, јагне, теле, зајче ДФали вака ќе се потресуваа ако најдеа труп од било кое друго животно ?
Што не идат по месарницине да ги симињаат од ченгели сите животни што висат со главите надоле ?
--- надополнето: 2 октомври 2013 во 17:34 ---
Некој да ме потсети дали Анима мунди или слична организација донираа или поставија награди од симболични 500 евра пример, за пронаоѓање на убијците од езерото?
И, да не се заебаваме, ова не е чисто убивање куче. Да го пукаш, да го згазиш или задавиш или незнам.. во месара вакво прецизно соголено животно нема да најдеш.
Сериозно растројство е ова, се надевам ќе биде пронајден виновникoт, не ради убиство на куче, туку за лично наша сигурност во блиска иднина.

Не се занесувај, почисто убивање и драње од ова неам видено.
Шо треба сега сите да урламе СМРТ ЗА КУЧЕ УБИЈЦИТЕ НА БЕСИЛКААААААА
Кучево не е малтретирано нема ниедна скршеница на него.

Што се однесува до трупов повише ми изгледа како да е од лисица или од помал волк пошто највеќе на тоа ми личи.
ПС: Најдобар звук од тарабука или дајре се вади од кучешка,волчја или лисичја кожа :icon_lol: тоа ѕвони кога маваш по неа пошто таквата кожа нема пори и резонанцата шѓто се добива е фантастична.
 
По твојава логика тоа е добра причина и да го одереш првиот што ќе го сретнеш по улица, само ќе кажеш дека ти требала кожата пошто отсекогаш си сакал на кожна фотеља да седиш дома и нема љутиш после. И да, во Чаир нема криминал од било каков тип, секој криминал е подметнат од луѓе кои доаѓаат од другите населби и градови.

Не реков дека е добро, реков тоа што мислам дека било, јас сум вегетаринец, сум против убивање секакво животно, но што да му правиме на ланецот.....

Во Чаир има криминал, се согласувам, но и е совршено место да се прекрие некој криминал сторен во друга општина, и некаде читав дека имаше кеса во главата, значи е носено со кола...
Како што кажав:
Who did it?
the black man...
 
Касап по професија... ова неможе некој онака...
У секој случај, згрозен сум
Или некој од колегиве ветеринари паднал на испит па решил да вежба практично патологија затоа што првата вежба е баш отстранување на кожа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom