Финансиско затварање во САД

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Да и јас така мислам.
Сигурно после од нас кредити ќе бараат, триј си рачиња.
Слично сценарио беше почетокот на крајот на Југославија и некој на некого му викаше: Oд нас кредити ќе зимаат триј си рачиња.
 
и замисли утре некој од арапите ги напаѓат на нивна земја... е тогај може да биде село мое весело :D
 
и замисли утре некој од арапите ги напаѓат на нивна земја... е тогај може да биде село мое весело :D

Steven Spielberg ti li si be ?

Site ke propadnat bee...Samo Makedonija vecna!....koj gi ebe amerite...koa ke baraat krediti od nas posle ke im bapneme 35 % kamata i ke ne bide bee... Narped Gvujo napred Blanko....
 
На кого Америка уствари му должит толку пари,прашање е сега?Која е таа организација шо има олку пари?Економијата е една голема измама и и опасен алат за манипулирање на цели држави и народи.Америка им должи пари на своите државни резерви:confused:,оди сега најди им го крајот на манипулантиве!:cautious:

Точно, но има една огромна разлика.

Администрацијата на Федералните Резерви на САД, за разлика од општото јавно мислење, не е ниту државна, ниту јавна институција во САД, туку е приватна национална банка во која клучните одлуки ги донесуваат приватни банкари, кои се вистинските манипуланти.

Таканаречениот гувернер на Администрацијата на Федералните Резерви на САД, е поставен на својата позиција од страна на претседателот на САД, но во реалност гувернерот на Администрацијата на Федералните Резерви на САД нема никакви овластувања во таа приватна национална банка, односно подобро кажано, единственото овластување кое го има, е да ги изнесува пред јавноста одлуките на приватните банкари, односно на вистинските манипуланти.

Со други зборови кажано, претседателот на САД само го бира портпаролот на Администрацијата на Федералните Резерви на САД, а портпаролот како и секој друг службеник за односи со јавноста, само ги соопштува одлуките, но нема никаков удел во нивното донесување.

Вистинската причина зошто САД им должат пари на Администрацијата на Федералните Резерви, е бидејќи Конгресот уште од 2009 кога Демократите на Барак Хусеин Обама имаа сопствено мнозинство, па се до денешен ден кога Републиканците имаат сопствено мнозинство, не може да се договори со Обама околу усвојување на буџетот на САД, поради што владата на САД, предводена од страна на Барак Хусеин Обама, се задолжува кај Администрацијата на Федералните Резерви, која единствените пари со кои располага, се тие кои не постојат, односно парите кои ги печати.

Ваквата пракса придонесува за зголемена инфлација, но вредноста на доларот, барем заклучно со крајот на септември 2013, не падна премногу, а тоа се должи пред се на фактот дека Барак Хусеин Обама беше реизбран за претседател на САД во ноември 2012, како и на фактот дека САД ја имаат Сирија на нишан за воен напад. Било каков напад од страна на САД врз Сирија би им донел добар бизнис пред се, на воената индустрија, а потоа и на медицинската и здравствената индустрија, како и на прехранбената индустрија, а тоа е повеќе од доволно за да тие безвредни и тазе печатени американски долари добијат на вредност.

Но тие пари се позајмени од Администрацијата на Федералните Резерви на САД и мораат да бидат вратени и тоа со камата, а таа камата ја плаќаат самите американци со повисоките даноци и драконските казни.

Бидејќи од 2009 година па наваму, американската влада на чело со Барак Хусеин Обама го практикува ваквото финансирање со задолжување, наместо со компромис со Конгресот и усвојување на буџет, Конгресот планира да повлече црвена линија и да стави крај на задолжувањето, така што нема да дозволи заклучно со 17 октомври 2013 да се зголеми границата на задолжување.

Доколку заклучно со 17 октомври 2013, владата на Обама и Конгресот предводен од страна на републиканското мнозинство не постигнат компромис ниту за буџет, ниту за зголемување на границата на задолжување, тоа само ќе придонесе за уште поголемо финансиско затворање на владата на САД, а не треба да заборавиме дека може да доведе и до конфискување на парите на граѓаните на САД - потег кој американската благајна би го оправдала со стравот од банкрот на државата, потег кој би можел да биде потпомогнат од страна на војската со цел, како што милуваат да се правдаат американците - поголемо добро или позначајно добро.

Ова воопшто не е филмско сценарио или било каква фикција, ова сериозно може да стане реалност, со оглед на фактот дека американскиот Оддел за Домашна Безбедност во текот на 2012 и на 2013 година купи над 450 милиони шупливи куршуми, какви што користат војската и специјалните сили при завземање на објекти, што е многу чудно со оглед на фактот дека американскиот Оддел за Домашна Безбедност нема никакви овластувања ниту врз американската војска, ниту врз специјалните сили, освен ако за било какви овластувања добие дозвола која би дошла директно од страна на врховниот командант - претседателот на САД. Дополнително треба да се земе во предвид и фактот дека американскиот Оддел за Домашна Безбедност ги врши шпионирањата со дронови на територијата на САД, поради што ваквото сценарио не е ниту за филм, ниту за било каква фикција, туку е и тоа како само изводливо.

Но лично не верувам дека ќе се случи нешто вакво, мислам дека или Конгресот ќе дозволи зголемување на границата на задолжување, или ќе усвои нови резолуции со кои ќе го гарантира финансирањето на државните и јавните институции кои би биле затворени поради немање доволно финансиски средства, со што ќе продолжи финансирањето на истите тие институции, поради што нема да бидат затворени и нема да престанат со работа.
 
Ефтин начин републиканците да си набијат публицитет. Толку Обамакер им сметало што мора Конгресот да го блокираат.
Мижи да те лажам.
Вакво нешто и на Клинтон му направија, но ова не значи ништо и нема никаквиспоредни ефекти или последици, само медиумски балони.
 
Ефтин начин републиканците да си набијат публицитет. Толку Обамакер им сметало што мора Конгресот да го блокираат.
Мижи да те лажам.
Вакво нешто и на Клинтон му направија, но ова не значи ништо и нема никаквиспоредни ефекти или последици, само медиумски балони.

Точно, само медиумски балони и малку слободен простор за американците да си тераат бизнис без страв од неочекувани инспекции, прекршочни казни и затворања на нивните бизниси, барем додека не се договорат Конгресот и Сенатот заедно со федералната власт околу зголемување на границата на задолжување или околу усвојување на буџет.

Тој закон за задолжително здравствено осигурување, уште попознат како Обамакер, е полн со бирократски нејаснотии и драконски казни за тие кои нема да го користат задолжителното здравствено осигурување, но најинтересно од се, е тоа што, со тој закон не се обврзани на задолжително здравствено осигурување речиси целата државна и јавна администрација во САД, почнувајќи со претседателот на САД и неговото/нејзиното семејство, заменик претседателот на САД и неговото/нејзиното семејство, членовите на Конгресот и на Сенатот и нивните семејства, членовите на федералната власт и нивните семејства, додека од друга страна, американците кои живеат на границата на егзистенцијата и нема да можат да си дозволат ниту најосновно и најевтино задолжително здравствено осигурување, ќе го кркаат стапот со тие драконски казни.

И не е само Бил Клинтон, делумно финансиско затворање на владата на САД им се има случено на сите претседатели на САД од Џералд Форд во 1976 година, па наваму:

1976 - Џералд Форд;
1977, 1978, 1979 - Џими Картер;
1981, 1982, 1983, 1984, 1986, 1987 - Роналд Реган;
1990 - Џорџ Херберт Вокер Буш, уште попознат како Џорџ Буш Постариот;
1995, 1995-1996 - Бил Клинтон;

Единствен исклучок од 1976 година па наваму, е Џорџ Вокер Буш, уште попознат како Џорџ Буш Помладиот, кој беше претседател на САД од 2001 до 2009, а на кого никогаш не му се случи било какво финансиско затворање на владата.

Ништо од ова нема никаква поврзаност со Конгресот, туку се чисто медиумски балони, медиумиве се однесуваат како никогаш досега да не се случило нешто вакво во САД, а факт е тоа дека им се случило на повеќе претседатели на САД и тоа во повеќе наврати, а сепак гледаме колку САД банкротирале и се распаднале во тие години.
 
koj znae so bombardiraat momentalno dur mediumski tolku se e nasoceno kon problemite doma...
 
Губи здив америка и се ближи крајот.
Ме интересира кој или кого ќе го назначат стечаен управник да биде.

Во 100-те најглупави постови на Кајгана ти сигурно учествуваш со минимум 30-тина...
 
На кого Америка уствари му должит толку пари,прашање е сега?Која е таа организација шо има олку пари?

САД си должат на самите себе (???), односно на приватната печатница за пари, позната како „Федерални резерви„; водена од евреи, (нормално...), на кои печатењето „папирни„ пари (банкноти) не им е проблем па со тоа печатење пари без покритие, САД можат да се задолжуваат до бесконечност, а излезот од тоа бесконечно задолжување (ќе) го бараат во нова војна, ради која (војна) буџетот ќе биде уреден за воени потреби па парите од таквиот буџет ќе бидат пренасочени кон т.н. воено-индустриски комплекс, кој живее од производство на оружје, од кое гинат мнозина...

И така во круг: ред криза-ред војна.
 
САД си должат на самите себе (???), односно на приватната печатница за пари, позната како „Федерални резерви„; водена од евреи, (нормално...), на кои печатењето „папирни„ пари (банкноти) не им е проблем па со тоа печатење пари без покритие, САД можат да се задолжуваат до бесконечност, а излезот од тоа бесконечно задолжување (ќе) го бараат во нова војна, ради која (војна) буџетот ќе биде уреден за воени потреби па парите од таквиот буџет ќе бидат пренасочени кон т.н. воено-индустриски комплекс, кој живее од производство на оружје, од кое гинат мнозина...

И така во круг: ред криза-ред војна.

Потпис !!!

Чиста вистина, со исклучок на тоа околу Евреите.

Точно, огромен дел од американските банкари се Евреи, но самиот Евреин не е пример за корумпиран банкар, ги има и ред други измамници и крадци кои му имаат нанесено многу поголема штета на човештвото во споредба со еврејските корумпирани банкари.
 
Дали мислите дека ова би влијаело на доларот т.е. на негово растење/паѓање?
 
se dodeka naftata se pazari so nego, dolarot moze samo marginalno da varira.

Незнам што подразбираш на маргинално, моментално е 44денари и е некои 5 денари помалку него ли што беше пред неколку месеци.
Ако памтам добро кај нас стигна до 38/39 максимум пред неколку години, така да 5 денари не е маргинално барем за мене.

Дали мислиш дека ова паѓање е поврзано со настаниве?
http://www.xe.com/currencycharts/?from=USD&to=EUR&view=1M
 
Незнам што подразбираш на маргинално, моментално е 44денари и е некои 5 денари помалку него ли што беше пред неколку месеци.
Ако памтам добро кај нас стигна до 38/39 максимум пред неколку години, така да 5 денари не е маргинално барем за мене.

Дали мислиш дека ова паѓање е поврзано со настаниве?
http://www.xe.com/currencycharts/?from=USD&to=EUR&view=1M

Нормално дека милион фактори влијаат, но релната слика на доларот е далеку од неговата оправданост, а уште подалеку од нас и нашите познавања.
Лично, мислам дека нема тесна врска со еврото, пошо доларскиот пазар е нафтата, оружјето и нормално Кина.
Ќе ти дам само еден пример за тие "хронични" варијации на неговата вредност.
Кој губи кога доларот паѓа на 38/39, и колку начини постојат неговиот пад всушност да биде повратна добивка по пат на акциски и опциски влогови?
Мислиш дека американците не би знаеле 3-6 месеци пред неговиот наводен пад?
Добро, субјективен скептицизам... и не мора да навлегвиме во тоа, но зборот финансиска криза кај Американците, според мене е само медиумска пропаганда. Па дури и на тоа некој прави профит.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom