На кого Америка уствари му должит толку пари,прашање е сега?Која е таа организација шо има олку пари?Економијата е една голема измама и и опасен алат за манипулирање на цели држави и народи.Америка им должи пари на своите државни резерви

,оди сега најди им го крајот на манипулантиве!
Точно, но има една огромна разлика.
Администрацијата на Федералните Резерви на САД, за разлика од општото јавно мислење, не е ниту државна, ниту јавна институција во САД, туку е приватна национална банка во која клучните одлуки ги донесуваат приватни банкари, кои се вистинските манипуланти.
Таканаречениот гувернер на Администрацијата на Федералните Резерви на САД, е поставен на својата позиција од страна на претседателот на САД, но во реалност гувернерот на Администрацијата на Федералните Резерви на САД нема никакви овластувања во таа приватна национална банка, односно подобро кажано, единственото овластување кое го има, е да ги изнесува пред јавноста одлуките на приватните банкари, односно на вистинските манипуланти.
Со други зборови кажано, претседателот на САД само го бира портпаролот на Администрацијата на Федералните Резерви на САД, а портпаролот како и секој друг службеник за односи со јавноста, само ги соопштува одлуките, но нема никаков удел во нивното донесување.
Вистинската причина зошто САД им должат пари на Администрацијата на Федералните Резерви, е бидејќи Конгресот уште од 2009 кога Демократите на Барак Хусеин Обама имаа сопствено мнозинство, па се до денешен ден кога Републиканците имаат сопствено мнозинство, не може да се договори со Обама околу усвојување на буџетот на САД, поради што владата на САД, предводена од страна на Барак Хусеин Обама, се задолжува кај Администрацијата на Федералните Резерви, која единствените пари со кои располага, се тие кои не постојат, односно парите кои ги печати.
Ваквата пракса придонесува за зголемена инфлација, но вредноста на доларот, барем заклучно со крајот на септември 2013, не падна премногу, а тоа се должи пред се на фактот дека Барак Хусеин Обама беше реизбран за претседател на САД во ноември 2012, како и на фактот дека САД ја имаат Сирија на нишан за воен напад. Било каков напад од страна на САД врз Сирија би им донел добар бизнис пред се, на воената индустрија, а потоа и на медицинската и здравствената индустрија, како и на прехранбената индустрија, а тоа е повеќе од доволно за да тие безвредни и тазе печатени американски долари добијат на вредност.
Но тие пари се позајмени од Администрацијата на Федералните Резерви на САД и мораат да бидат вратени и тоа со камата, а таа камата ја плаќаат самите американци со повисоките даноци и драконските казни.
Бидејќи од 2009 година па наваму, американската влада на чело со Барак Хусеин Обама го практикува ваквото финансирање со задолжување, наместо со компромис со Конгресот и усвојување на буџет, Конгресот планира да повлече црвена линија и да стави крај на задолжувањето, така што нема да дозволи заклучно со 17 октомври 2013 да се зголеми границата на задолжување.
Доколку заклучно со 17 октомври 2013, владата на Обама и Конгресот предводен од страна на републиканското мнозинство не постигнат компромис ниту за буџет, ниту за зголемување на границата на задолжување, тоа само ќе придонесе за уште поголемо финансиско затворање на владата на САД, а не треба да заборавиме дека може да доведе и до конфискување на парите на граѓаните на САД - потег кој американската благајна би го оправдала со стравот од банкрот на државата, потег кој би можел да биде потпомогнат од страна на војската со цел, како што милуваат да се правдаат американците - поголемо добро или позначајно добро.
Ова воопшто не е филмско сценарио или било каква фикција, ова сериозно може да стане реалност, со оглед на фактот дека американскиот Оддел за Домашна Безбедност во текот на 2012 и на 2013 година купи над 450 милиони шупливи куршуми, какви што користат војската и специјалните сили при завземање на објекти, што е многу чудно со оглед на фактот дека американскиот Оддел за Домашна Безбедност нема никакви овластувања ниту врз американската војска, ниту врз специјалните сили, освен ако за било какви овластувања добие дозвола која би дошла директно од страна на врховниот командант - претседателот на САД. Дополнително треба да се земе во предвид и фактот дека американскиот Оддел за Домашна Безбедност ги врши шпионирањата со дронови на територијата на САД, поради што ваквото сценарио не е ниту за филм, ниту за било каква фикција, туку е и тоа како само изводливо.
Но лично не верувам дека ќе се случи нешто вакво, мислам дека или Конгресот ќе дозволи зголемување на границата на задолжување, или ќе усвои нови резолуции со кои ќе го гарантира финансирањето на државните и јавните институции кои би биле затворени поради немање доволно финансиски средства, со што ќе продолжи финансирањето на истите тие институции, поради што нема да бидат затворени и нема да престанат со работа.