Космос, Хаос, Слобода...

Деновиве во темите околу зонско, топлификација и струјата, поедини членови ме „ критикуваа “за мојата упорна борба борба против овие зла.
Имаше и поединци кои ми рекоа дека е очигледно дека се е залудно и дека треба да чекам нешто да се смени во системот и на тој начин се брзо ќе се реши, односно од сегашниот Хаос, ќе стане Космос
Ова ме наведе да Ве подсетам како од Европа е искоренето кметство.
За кметството веројатно се сеќавате од школо: Се појавува во времето на Диоклецијан... Селанецот е врзан за земјата која е сопственост на феудалецот и која тој ја обработува.
Еве поопширно за кметството
https://en.wikipedia.org/wiki/Serfdom
Падот на кметството го предизвикала Чумата - Црната смрт
https://en.wikipedia.org/wiki/Black_Death
која се појавила 1347 година и од која во наредните неколку години од неа умреле речиси половина од жителите на Европа. Поради толкавите загуби на луѓе, немало доволно земјоделци и работници кои ќе ја обработуваат земјата. За да привлечат нови работници, феудалците почнале да нудат плати и така се распаднал системот на кметови.
Ете како е воспоставен Космос во однос на кметството
Да се надеваме дека на сличен начин нема да се спасиме од зонско и топлификација
 
Тие што ја читаат темата Топлификација и нејзиниот .... забележаа дека вчера бев во Топлификација - центар да се распрашам зошто не дозволуваат исклучување, туку ги уценуваат граѓаните да потпишат договори па потоа со такви договори да им бараат пари за „ поминување на цевки “ и „ топли ѕидови“.
Незнам дали некогаш сте биле во нивните простории ... Тие се наоѓаат во близината на Градежниот факултет, во задниотдел од Градската библиотека и таму држат неколку простории. Вработените ( обичните службеници ) се сместени во две поголеми простории, можеби има педесетина вработени. И воглавно сите се млади, стројни, убави. Колку што разбрав воглавно сите се инженери но нивно главно занимање е пишување фактури.
И она што ми остави впечаток беше дека тие постојано ме заплашуваа дека ќе ми напишат фактура.
На пример, јас ќе прашам што ќе се случи ако не сакам да склучам договор со нив и тие одма ќе речат „ ќе ти напишеме фактура “
Ако го откажеш парното - тоа за нив ништо не значи - веднаш ти пишуваат фактура.
Ако нешто се буниш - веднаш пишуваат фактури.
Нив не ги интересира дали Топлификација затоплува - незатоплува; дали граѓаните се задоволни - незадоволни, дали граѓаните имаат или немаат пари, дали е скапо или ефтино - нивно е да пишуваат фактури. И цел свет им е тоа да напишат што повеќе фактури.
И не само тоа, тие фактури ги држат по фиоки неколку години, па потоа тужат за да на тој начин земаат што повеќе камата. Ветројатно не ни помислуваат дека Исус ги избркал банкарите од Храмот во Јерусалим.
Топлификација мами и ограбува, тие уценуваат, се закануваат, лажат, го злоупотребуваат правото, подмитуваат политичари само за да што повеќе пари ограбат од граѓаните. И се прашувам каков морал
имаат овакви типови.
Ако погледнеме што значи зборот морал:
https://en.wikipedia.org/wiki/Morality
ќе видими дека се работи за непишани правила кои зборуваат што е добро, што е правилно , што е исправно.
Овие морални правила се настанати од три извори:
1.од општеството - мнозинството луѓе се сложиле што е добро а што не
2. од природата на самиот човек - секој човек има сопствении идеи кои ги оценува заедницата
3. од историјата - се мисли на искуствата на други луѓе кои живееле во минатото.
На сите Ви е позната случката кога Александар го победил Дарие, но се грижел за неговото семејство и ги погубил убијците на Дарие објаснувајќи со зборовите - Само крал смее да убие крал.
Ете, Ви предлагам да малку за занимаваме со еден аспект на Космосот - Моралот, Етиката, непишаните правила по кои се однесуваме...
Моралот е уништен битен е само порофитот,тоа и целта на либералниот материјализам,да бидиш без слобода на избор,а да мислиш дека си слободен!Таков е монетарниот систем то е
 
Денешниов пост ќе го започнам со приказ на една слика. Тоа е сликата Крик од Едвард Мунк од 1893
The_Scream.jpg
На сликата е прикажан човек, опкружен со непријатна околина. И тој е способен само да испушти еден врисок
И кога ја гледам оваа слика, размислувам, дали сум јас тој човек осамен и немоќен? Дали сте тоа Вие? Дали е секој од нас тоа?
Но размислувам и за времето кога е настаната оваа слика.
Оваа слика припаѓа стилскиот правец експресионизам.
Експресионизмот заедно се кубизмот се доминантни уметнички правци на почетокот од дваесетиот век, се до почетокот на Првата светска војна, Инаку и двата правци го симболизираат Хаосот
И сега, 1914 почнува Првата светска војна, Што значи настанува огромен Хаос во реалноста... милиони мртви. милиони инавалиди, милиони сирачиња, сиромаштија, болести..... со еден збор ужас....
Завршува Војната....
Но по Војната главни уметнички правци не се експесионизмот и кубизмот, туку (нео)класицизмот
Класицизмот го симболизира Космосот
Класицизмот повикува на солидарност, на заедничкото минато, на постојани вистини ....
Зошто?
 
Дали се сеќавате на следниве зборови:
Space: the final frontier. These are the voyages of the starship Enterprise. Its five-year mission: to explore strange new worlds, to seek out new life and new civilizations, to boldly go where no man has gone

Верувам дека се подсетивте - ова се уводните зборови со кој започнува телевизиската серија и серијата филмови Ѕвездени патеки, Star trek.
Главниот јунак на серијата е капетанот Џејмс Тибериус Кирк. Се работи за измислен лик со измислена биографија која изгледа вака.
Роден е 2223 година
Во 2250 се запишал на академијата за ѕвезданата флота
Од кога ја завршил станал поручник
Во 2264 година станал капетан на бродот Ентерпрајз
Во 2270 година станал адмирал на должност во главниот штаб на фотата
во 2281 година се пензионирал
Подетално за неговата биографија погледнете овде:
http://en.wikipedia.org/wiki/James_T._Kirk
Без обзир што неговиот живот е измислен и е преполн со авантури тој има тек на Космос - се родил, се школувал, работел и напредувал во службата и на крајот се пензионирал.
Но вистинските луѓе, во вистинскиот свет, можат само да посакуваат ваков живот - ваков Космос.
Вистинските луѓе, се школуваат, па потоа не можат да се вработат. На крајот ќе се вработат, често на работно место кое нема врска со образиванието. Во текот на работниот век ќе стравуваат да не го изгубат работното место, да не ги избрткаат до работа или да не пропадне фирмата. А дали ќе направат кариера, тоа не е сигурно Ако сето тоа го пребродат, воопшто незнаат кога ќе одат во пензија, ниту колкава пензија ќе имаат, бидејќи постојано ги менуваат законите.
Очигледно, во однос на кариерата реалниот живот е Хаос
 
Што повеќе Ви се допаѓа, Космосот или Хаосот?
Во Космосот владее ред, а во Хаосот не се знае крајниот исход.
Претпоставувам дека повеќето би одбрале Космос, се разбира ако имаат можност да бираат
Но дали е Космосот подобар од Хаосот?
Еве еден пример кој ме тера да се замислам дали Космосот има предност пред Хаосот
Сите кои се издржаваат со сопствената работа се жалат дека платата им е многу мала, дека едвај преживуваат, дека не им е доволна ниту за половина месец,
И немоќни се да ја подобрат својата ситуација
Некои работат и на две работни места, или покрај редовната работа, работат и хонорарано. Некои претерано штедат надевајќи се дека ќе заштедат Со тоа малку ја поправаат својата финансиска ситуација. Но и тоа е ограничено, Посебно кога ќе остарат не се во состојба толку да работат. Исто кога имаат други обврски ( на пример имаат деца на кои им е потребно внимание ) и немаат време толку да работат. И мораат да се помират со судбината дека секогаш ќе бидат сиромашни и никогаш нема да се збогатат со работа.
Зошто е тоа така? Зошто ние кои заработуваме со работа имаме пари само за гола егзистенција?
Одговорот е дека таков е законот,..... така е во Космосот - и така ќе биде се додека трае Космосот - работниците да се вечно сиромашни и да имаат само за гола егзистенција
Овој закон е откриен на почетокот од 19 век и се вика -
Челичниот закон на наемнините
http://en.wikipedia.org/wiki/Iron_Law_of_Wages
 
Се разбира дека заради космосот ние денеска постоиме доколку беше хаос одамна ќе ми имаше паднато клавир на глава или во полош случај кит.:D
 
Што повеќе Ви се допаѓа, Космосот или Хаосот?
Во Космосот владее ред, а во Хаосот не се знае крајниот исход.
Претпоставувам дека повеќето би одбрале Космос, се разбира ако имаат можност да бираат
Но дали е Космосот подобар од Хаосот?
Еве еден пример кој ме тера да се замислам дали Космосот има предност пред Хаосот
Сите кои се издржаваат со сопствената работа се жалат дека платата им е многу мала, дека едвај преживуваат, дека не им е доволна ниту за половина месец,
И немоќни се да ја подобрат својата ситуација
Некои работат и на две работни места, или покрај редовната работа, работат и хонорарано. Некои претерано штедат надевајќи се дека ќе заштедат Со тоа малку ја поправаат својата финансиска ситуација. Но и тоа е ограничено, Посебно кога ќе остарат не се во состојба толку да работат. Исто кога имаат други обврски ( на пример имаат деца на кои им е потребно внимание ) и немаат време толку да работат. И мораат да се помират со судбината дека секогаш ќе бидат сиромашни и никогаш нема да се збогатат со работа.
Зошто е тоа така? Зошто ние кои заработуваме со работа имаме пари само за гола егзистенција?
Одговорот е дека таков е законот,..... така е во Космосот - и така ќе биде се додека трае Космосот - работниците да се вечно сиромашни и да имаат само за гола егзистенција
Овој закон е откриен на почетокот од 19 век и се вика -
Челичниот закон на наемнините
http://en.wikipedia.org/wiki/Iron_Law_of_Wages
Хаосот не е одговор за правата на работниците.Одговор за правата на работниците е јак синдикат.Значи синдикат шо ќе си го одберат работниците и шо ќе се бори само за правата на работниците.За жал менталитетот не нашиот работник е пасивизација место активно барање на своите права.Пример,во цел свет 1 мај излегуваат на протести, а нашиот работник оди на скара.Значи не е проблем космосот туку менталитетот на работникот.
 
1979 Ридли Скот го сними филмот Осмиот патник ( Alien )
http://en.wikipedia.org/wiki/Alien_(film)
Овој филм имаше уште неколку продолженија
Еве накратко:
Во еден свемирски брод ( кој представува мал Космос ) се вовлекува чудовиште од вселената и настанува Хаос
Екипажот на бродот се обидува да го уништи чудовиштето и да повторно го поврати редот - Космосот.
Се разбира ова е измислена приказна се работи за хорор филм
Но се прашувам што не привлекува да гледаме хорор филмови?
Ако сте забележале и сосема малите деца сакаат играчки чудовишта и слично...
 
На страницаtа на (не)уставниот суд е објавено дека до 15. 10 Судот ќе прима поднесоци само по пошта поради селидба
Најверојатно Судот нема да работи се до 15. 10. поради оваа селидба
Ова вест ме инспирира да напишам нешто за Космосот на Македонија кој го заштитува Уставниот суд

Устав е највисок правен акт на една држава.
Во него е пропишан Космосот ( редот ) на една држава
http://mk.wikipedia.org/wiki/Устав
Уставниот суд ја штити уставноста и законитоста во Републиката
http://mk.wikipedia.org/wiki/Уставен_суд_на_Македонија
Тоа е така во теоријата но како е во пракса?
Сите знаете за случајот на Топлификација
Еве кратко да Ве подсетам
Група измамници и крадци од Топлификација, наметнаа неточно мерење со калориметри, наплатување на некаква „ ангажирана топлинска моќност“, користење на некакви формули кој никој не ги разбира, ја поделија топлификација на производство, дистрибуција и снабдување, и многу други работи се со цел да што повеќе ги покачат цените и си го зголемат ќарот
Топлификација успеа во тој криминал. Се наполнија со пари приходот го зголемија за три пати, кои делумно ги инвестираа во ТЕ - ТО
Реакција на граѓаните на овој грабеж беше - почнаа масовно да се исклучуваат за да на тој начин се спасат
И што направи јавната власт - реши да ги заштитува криминалцита од Топлификација. Регулаторна донесе одлука, сите исклучени, секој месец да и плаќаат на Топлификација толку и толку пари.
Такво нешто е спротивно на Космосот
Сите очекувавме дека чуварите на редот во Космосот - Уставниот суд ќе ја укинат таквата одлука
Арно ама Уставниот се преименува во (не)уставен суд и одби да ја укине одлуката од регулаторите.
Е сега се прашуваме зошто го стори тоа?. Односно зошто сака толку да им помогне на криминалците од топлификација?
Едно е сигурно... На оваа одлука на (не)уставниот суд влиаеле највисоки нивоа на власта.
Но пак се поставува прашањето зошто власта го правела тоа?
Зошто јавната власт сака топлификација да мами и ограбува? Кој интерес го има?
Тоа е прешање на кое сеуште не можам да најдам одговор
Но очигледно е дека на власта и на (не)уставниот суд. не и значи многу Космосот кој е воспоставен со Уставот.
Топлификација ќе ќари од исклучените околу 3 милиони евра годишно, под услов да исклучените плаќаат. Тие пари нема да ги ќари власта, туку топлификација. А ќар на власта за кој знаеме е врабоување на маж на една регулаторка во топлификација
Тоа се релативно мали пари. Но ете, според власта, нашиот уставен Космос не вреди ниту толку, односно вреди помалку од вработување на мажот на регулаторката
 
Секогаш постои „причинител непознат“ кој што влијае на движењето на космосот :)
Дали овој космос кој што го нарекуваме Македонија, дали ќе е поголем космос наречен Балкан, уште поголем наречен Европа, уште уште поголем Земја итн...
Исто е битно и помалиот космос, човекот и неговото дејствување, разбирање, волја, знаење... :)

Ако можела топлификации да измисли формули за да спроведе закон (човечки мудрувања) во еден мал космос, замислете кои се варијации и комплексни формули содржат сите овие космоси за да дадат слобода на еден... камен, кој подлежи исто така под дејсвувањето на тој „причинител непознат“. :)
Еден човек како космос има толку многу формули кои му даваат законска можност да биде ова или она, или да направи она или тоа... или еден атом како ќе се придвижи и со што ќе се соедини... секогаш во границите на природата на ентитетот! Секогаш... силувањето на природата и на способностите уништува премногу можности!
За поеќе слобода, поеќе спознавање на својата природа и надминување на границите... без тоа, „причинителот непознат“ ќе биде само диктатор и силувач на слободата и поредокот во еден космос(без разлика на големината на космосот)!
 
Во постот 99, го наведов примерот на Топлификација, кога власта не ги почитува законите на Космосот поради лични интереси на поединци од власта.
Но тоа не е единствен пример. Зонско е иста работа. Вакви примери има не само кај нас и не само денес. Вакви работи се случувале и порано низ историјата. Власта која треба да обезбеди почитување на законите на Космосот, од лични интереси на поединци ги крши тие закони.
Доминантен политички модел на денешнината е правната држава и владеењето на законите. За да се спречи ваквата појава ( власта да ги крши законите ), предвидена е поделба на власта на три дела, законодавна, извршна и судска. Теоретски секој од овие делови треба да има еднаква моќ и меѓусебно треба да се контролираат. Но тоа обично не е така, туку еден дел е посилен и ги котролира другите делови на власта.
Има и уште еден сегмент а тоа е јавноста пред која се одговорни сите три дела на власта
Но очигледно, од примерот на зонско, кај нас ниту тоа не помага, односно очигледно е дека правната држава не може да го обезбеди почитувањето на законите на Космосот.
Поради овие слабости на правната државана постојат политички теории кои на друг ги замислуваат законите на Космосот во општеството
Една од тие политички теории е и Анархизмот
На мк Википедија има голем напис за Анархизмот. Ако имате време - погледнете го:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Анархизам
 
Анархизмот верува во природната човекова особина на самоконтрола.
Но дали јас сакам и можам сам себе да се контролирам?
Покрај разумот моето однесување се должи и на нагоните кои ги носам со себе. Моите нагони представуваат инстиктивно однесување, на кое сум генетски програмиран.
Еве пример:
Бидејќи сум машко - секоја жена, ќе ја погледам и ќе ја „ одмерам “. Бидејќи е тоа „ некултурно “ тоа ќе го направам дискретно - да не ме забележат но ќе ја „ одмерам “. Никогаш не сум погледнал ниту ќе погледам во друг маж. Постојат мажи кои носат долга коса, но и без да им го видам лицето никогаш не сум се излажал да помислам дека се работи за жена.
Вака се однесуваме сите.
Таквото однесување се должи на нашите инстикти и не зависи од нашиот разум.
А постојат и други нагони освен сексуалниот...
И како јас можам да ги контролирам моите нагони?
 
Во постот #102 го спомнавме анархизмот и неговата верба во човечката особина на самокотрола.
Но треба да се каже и следново:
Анархизмот е „ чедо “ на 19. век и безобзир што идеите на Анархизмот се привлечни на крајот на 19. и почетокот на 20 век се појави Психоанализата.
Фројд откри дека покрај свеста се нашите постапки управуваа и несвесното. Нешто подоцна Јунг го откри и колективното несвесно.
На почетокот на 20. век се случи Првата светска војна. Милиони луѓе ги изгубија животите, останана инвалиди или претрпеа големи страдања.
А кога заврши Војната никој не можеше да објасни зошто всушност се војуваше.
Подоцна се случи и Втората светска војна, во која имаше уште поголеми човечки стрдања. Евереите беа речиси физички истребени од Европа. Но не само Евреите ... и припадници на други народи беа убивани само зато што се припадници на тој и тој народ. Ромите и Словените беа масовно убивани...
Денес сите припадници на Човечкиот род се срамат од Холокаустот - но тој се случи.
Дали можеме да бидеме уверени во човечката особина на самокотрола?
 
Дали можеме да бидеме уверени во човечката особина на самокотрола?

Не можеме,се додека не сме цврсто убедени дека човекот е ослободен од сите видови на контрола и наведување во однесувањето од страна на одредена група на луѓе кои сакаат да внесат Хаос во Космосот бидејќи токму тоа е нивната главна одлика-функционираат најдобро во услови на Хаос,тој е нивното природно опкружување.Среќа што нивниот број е мал во однос на останатите но сепак влијанието е огромно и доволно за нарушување на Космосот.

Најголем дел од луѓето би биле спремни да живеат среќно до крајот на животот во Космос,секако доколку постојат одредени предуслови за тоа и доколку бидат ослободени од прангите на приврзаниците на Хаосот.Но,сепак,нив секогаш ќе ги има и иако нивниот број е мал како што пишав влијанието е големо и доволно за да се наруши хармонијата т.е.Космосот.

Мене ме мачи од каде се јавува оваа "фабричка грешка",дали има потреба од неа за одржување на некојси баланс и дали доколку е непотребна ќе ја снема од лицето на Земјата.На крајот,како ќе постоеше Космосот доколку не постоеше Хаосот?

Мене ова ми личи на пат позиција за човештвото,сега-засега,за жал.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom