Космос, Хаос, Слобода...

@Бичот Божји, во претходниот пост напиша дека „ ти никад нема да имаш слобода и без некој да те казнува. “
И оваа реченица ме натера да размислувам за Слободата
Што е тоа Слобода?
@Бичот Божји напиша: „ Те ограничува смртта “
Ако се согласувате, ајде да дискутираме за Слободата.
Во мк Википедија надов прилично голема статија.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Слобода
И предлагам да ја користиме како основ на дискусијата
Инаку во оваа статија, како дефиниција што е тоа Слобода се вели:
“Слободата отсекогаш во суштина се состоела од правото да го избереш она што сакаш да го избереш бидејќи така си одлучил да избереш, неприсилен, немалтретиран, непроголтан од масивен бирократскисистем; како и од правото да пружиш отпор, да бидеш непопуларен, да застанеш зад своите уверувања само затоа што се твои уверувања. Така изгледа вистинската слобода, и без неа не може да има ниту слобода од било каков вид, ниту пак илузија на слобода.” (Исаија Берлин, Слобода и нејзиното предавство)

За да ја разглобам мојата теза, ќе ја земам дефиницијата за слобода која ја понуди. Ќе тргнам од крајот па назад, ради лични причини.
Вели, слободата ти го овозможува правото да пружиш отпор. Јасно е дека човечкиот живот неминовно завршува со смрт. И сосема јасно е дека човекот не е способен да пружа никаков отпор против силите на природата во оваа борба. Valar Morghulis.
Коа ќе го поставиш вака, самата концептуализација на универзумот и постоењето е повторно еден масивен систем кој неминовно те присилува на своите правила, те малтретира со своите закони иако ти никогаш не си се согласил на никакви terms of agreement.
Како додаток, ќе се цитирам себеси од друга тема.

Сметам дека единствената смисла на животот е онаа која сами ја задаваме. Сметам дека единствената вистина е онаа која може да биде евидентирана. Сметам дека концептот на постоењето е нефер. Сметам дека ултимативно живеам единствено за да не умрам. Сметам дека сум преваран од природата бидејќи не ми е даден избор за 300 години да си бутнам морков во газот ако за 300 години го посакам тоа.
 
Слободата би била возможна единствено во анархистичко уредено општество. Истотака сметам дека и телемитскиот концепт, барем колку што го имам разбрано, претставува еден вид исполнување на правото на слобода: "Прави што ти е волја", но секако дека тоа не смее да биде буквално сфатено па да правиш што сакаш и што ќе ти падне на памет, туку првин мораш да си ја пронајдеш својата суштина и да ја исполниш и живееш.

А законите на Универзумот не можеш да ги надминеш во никој случај, и јас не се согласувам дека тие ја ограничуваат твојата слобода. Иако те ограничуваат сепак сметам дека е непотребно да бидат вметнати во муабетов.

Сепак фундамент на се е принципот да не повредуваш никого.
 
А законите на Универзумот не можеш да ги надминеш во никој случај, и јас не се согласувам дека тие ја ограничуваат твојата слобода. Иако те ограничуваат сепак сметам дека е непотребно да бидат вметнати во муабетов.

Не ми е даден избор за 300 години да (дополни_сам) ако за 300 години го посакам тоа.
Како е ова не ја ограничува мојата слобода? :)
 
Како е ова не ја ограничува мојата слобода? :)
Епа тоа велам.Да,иако законите на Универзумот те ограничуваат,сепак јас не би се повикувал на истите и не би ги користел како мерило за тоа дали ти ја ограничуваат слободата туку пред се би ги коментирал меѓучовечките односи.
 
Мојата слобода е помегаломанска од твојата. :D
 
Но тебе те создала природата, самото твое битие е дел од тие законистости во универзумот или природното. Тоа значи дека со твоето раѓање си го прифатил концептот на смртта на некој начин. Ако земеме дека единствената работа во која никој неможе да се сомнева и е неминовна е смртта. За да се ослободиме од смртта треба да не се плашиме од истата. Ако концептот на самата смрт не не плаши тогаш слободата е во наши раце. Доколку секоја една одлука или избор ја ставиш на мерило со другиот избор кој го имаш и ги соочиш со смртта верувам дека исходот на одлуките секогаш ќе биде во твоја/наша полза.
 
Тоа значи дека со твоето раѓање си го прифатил концептот на смртта на некој начин. Ако земеме дека единствената работа во која никој неможе да се сомнева и е неминовна е смртта. За да се ослободиме од смртта треба да не се плашиме од истата. Ако концептот на самата смрт не не плаши тогаш слободата е во наши раце. Доколку секоја една одлука или избор ја ставиш на мерило со другиот избор кој го имаш и ги соочиш со смртта верувам дека исходот на одлуките секогаш ќе биде во твоја/наша полза.

Никој ништо не прифатил, ни животов ни правилава според кои сме принудени да играме, ниту законите на природата кои не ограничуваат, ништо. Од смртта не можеш да се ослободиш ниту пак можеш да го надминеш стравот од истата. Лаже тој што вели дека не се плаши да умре.

Туку забегавме од темата.
 
Слобода е анархија. Само анархијата е целосна слобода...Другото е почитување на правила и залажување од стилот „Јас сум слободен затоа што законот така вели“. Брат, ти се далеку од слободен...А, анархија е...хаос. Хаосот е исто така целосна слобода. Без хаос, не би имало слобода (анархија).
Објаснување:
Слобода - анархија - А
Хаос - анархија - А
Ако нема хаос, или пак нема слобода:
А - А = 0
Хармонија, убавина, космос...Без слобода (анархија, хаос) не може да има убавина, ниту пак хармонија...Што значи, за да постои космос, мора да има хаос и анархија.
Превод: Се е анархија...
****************************************************************************************
На крај, се е релативно и се зависи од начинот на кој ние ги гледаме работите. Не постои добро и лошо, не постои само светлина без темнина, ниту пак темнина без светлина...
Се зависи од нашиот мозок...
Колку се само двосмислени и збркани нештата...Невозможно.
 
А мозокот од што зависи?
 
--- надополнето: 10 декември 2013 во 21:51 ---

Aко е независен како станал тоа што е?
Сигурно не е примарна супстанца.
Анархијата наречена ред го створила.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom