Не ме сфаќај погрешно....
Моето мислење пред стартот на сезоната беше дека ако некој има јак тим на хартија тоа сте вие...Искрено дури мислев дека после Жозе,Анчелоти ќе ја донесе потребната стабилност сооглед на тоа дека е анти-вирус на Мурињо,иако и денес сметам дека е грешка што го отпуштивте али и он се изгуби малце.
Али ова што се дешава моментално е стварно хаотично.Анчелоти го гледав со ПСЖ у четвртфиналето лани со Барса и искрен да бидам уопште немаа лоша игра ПСЖ.Се изненадив од него,али сум се излажал.
Сепак од друга страна подобро за Баерн,помалце конкуренција
За моменталната состојба во Реал, ниту еден фан нема поразлично мислење од твоето. Крчкаше состојбата од почетокот на сезоната за да пукне со Атлетико.
Јас искрено не сум изненаден, пошто откако замина Жозе и толку многу се напињаше да дојде Карло иако се нудеа потајно Вила Боаш и Лаудруп (иако и двајцата после изјавија дека имале понуди но сами сакале да останат во клубовите) дека нешто вакво ќе биде. Перез од 2009 немаше доведено блокбастер играч и сеа конечно си ја исполни желбата. Тоа понесе домино ефекти, вклучувајќи го и Озил кој сепак не е директно заминат заради Бејл туку заради неколку други причини, шо он и татко му ги наметнаа...
Сеа нормално има коментари: Што направи Мурињо па толку да го браните? Мурињо освои само 3 трофеи со клубот но направи многу “невидливи“ работи, работи кои го кочат клубот последниве десетина години и заради кои не може да си ја исполни опсесијата „La 10“.
Со негово заминување еве, по се изглед се враќаат пак работите на старо и на лошо... Реков, од Карло немам големи очекувања, се што ќе постигне ќе биде само плус кај мене. Со неиграњето на Касиљас малку ми се зголеми довербата у него, мислев дека ќе биде „цврст“ али потоа пак потфрли, и тактички и на други начини...
Инаку против Баерн неам ништо, можеби најуспешниот клуб минативе години со вистинската формула за работа, но дека сте самобендисани премнгу и воздигнати сте. Од челниците па до фановите после ланското освојување ЛШ. Сепак, реков, неам ништо против Вас.
Едино имам против Пеп, не го можам него (ко што многумина не го можат Жозе), т.е. поточно не него туку сликата што ја има за него, и тоа не го кријам.
И искомлексиран (пошто некој сеа тоа ќе рече) од него не сум, пошто нема причина, на крај го сисна баш од Реал и Реал го тресна од земја. Шо би се десило у понатамошните дуели, ако ги има, којзнае.
