Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.926
- Поени од реакции
- 89.959
Не верувам во натприродното. Верувам дека денес егзактните науки предводени од прогресот за сето ова нашле или сеуште трагаат по логично објаснение.
Меѓутоа ова е нешто кое пробувам веќе неколку месеци да си го објаснам и не наоѓам никаква логичност.
Значи да скратам прича..
Една вечер касно, дома кај мене бевме собрани друштво, и нели рандом седиме се зафркаваме, и одеднаш ми ѕвони домашниот телефон. Се јавувам, нормално а од другата страна на почетокот не се слушаше ништо.
За краток период од неколку секунди следеа некакви тивки чудни, по малку морбидни искриволочени звуци како нешто да се крши, пропаѓа, кои постепено се засилуваа, а глас никаков.
Бидејки бевме собрани многу души, а искрено никој не верува во горенаведеното почнавме да си тераме сеир дур јас истовремено ја држев слушалката на спикер за да може да чујат и тие бидејки добив впечаток дека некој сака да си игра мајтап со мене.
После минута-две од прилика, чувме уште по морбидно вознемирен женски глас кој зборуваше со испрекинување. Сешто успеав да чујам беше ,,те молам затвори'' Но, секако не го сторив тоа под сугестија на другариве.
Па, така дур траеше краткиот молк а ние бевме во исчекување, одненадеж како што седевме во дневната кај мене, трите прозорци зад нас се отворија со рапидна брзина, со што се чу огромен тресок, а електричните апарати и чешмите почнаа да се вклучуваат и исклучуваат, неизменично. Светилките трепереа, додека сите во паника почнаа да врискаат и да се движат кон излезната врата од мојот стан, дур јас стоев здрвена без никаква реакција.
Откако некако се потсобравме од неколку минутното трауматичното доживување, дел од другариве ми кажаа дека зад мене виделе некој црн ентитет со шапка на главата, кој стоел цело време дур траел настанов.
Мислев дека не ја кажуваат вистината, бидејки беа сите во паника ама нема везе...
Арно ама, за иронијата да биди поголема, следниот ден фино лепо сабајлечки си отидов во македонски телефонски комуникации со барање до вработените да ги верификуваат сите телефонски повици, (појдовни и дојдовни), со тоа што особено ги замолив, доколку се во можност да обрнат внимание на вчерашниот повик кој се случи околу 11 часот пред полноќ. Се со цел да видам во што е проблемот.
Може нема да ви се верува кога ми рекоа дека од тој ден нема регистрирано никаков дојдовен повик на идентификаторот, па дури ниту кај нив.
Е тогаш крвта ми се замрзна, онака вистински.
Не можев да се приберам станав бледа како крпа и им се јавив на моите кои за тоа време беа на пат, им го раскажав настанов во кој не знам колку веруваа, но од тој ден натаму не е дека се гледам со доза на неверување и скептицизам.
Некои од вас ќе речат промаја, или од услугите на користење водовод и електрична енергија имало проблем па се коинцидентно се погодило во ист момент. Но, јас не мислам дека е така. Прво, бидејки беше зима, (нема шанси да имаше промаја), се беше затворено кај мене дома, пошто логично е дека е ладно. А второ немавме уклучено ниту еден електричен апарат или чешма...
А каде живееш одприлика да ни кажеш... не барам точна адреса туку општината барем кажи ја. И дали предходно ти се случиле вакви работи како овие? Ме стресе случкава
