Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Дали се подготвувате за протестот против Топлификација?
Сите треба да бидеме свесни дека единствен виновник за ситуацијата во која се наоѓаме се мафијашите од Топлификација.
Тие, како сите други организирани криминалци, се со секоја власт.
Поради нив ние исклучените, треба да се судиме и влечеме по судови.
Еве пример:
Во ноември 2011 во медиумите се јави идеја дека Битола и Новаци ќе добиеле топлификација од РЕК
Еве како за тоа извести своевремено Кајгана:
http://kajgana.com/bitola-kje-se-gree-so-parno
Можете да видите дека наводни автори на оваа идеја се градоначалниците на Новаци и Битола По занимање се едниот педагог а другиот драмски актер и човек се прашува од каде им се такви идеи.
Слична идеја се појави и во Кичево Од ТЕЦ Осломеј ќе се затоплуваат Кичево и Зајас
Еве ја оваа вест на А1
http://a1on.mk/wordpress/archives/176710
Но овде е јасно кажано кој е авторот на вакви идеи - Топлификација
Топлификација ја создаде фамата дека со нив ќе се решеле проблемите во енергетиката
Од примерот на ТЕ - ТО во Скопје, кој е промашена мегаломанска инвестиција која никогаш нема да проработи е очигледно дека се работи за глупости.
Но факт е дека кај дел од власта и опозицијата има луѓе кои веруваат дека е значајно Топлификација да се спаси од наводната пропаст и дека е оправдано исклучените да се присилуваат да им плаќаат на измамниците и крадците од Топлификација
Од друга страна Топлификација вработува членови на семејства на функционери и од власта и од опозицијата. Општо е познато дека мажот на една регулаторка е вработен во Топлификација.
Затоа мислам дека единствен виновник за нашите маки е Топлификација
 
Вчера еден Познат ме праша дали сум сигурен дека ќе ги победиме арамиите од Топлификација пред суд, во парницата
Да, наполно сум сигурен, а еве зошто
Топлификација ќе бара да и плаќаме врз основ на член 66 од Правилата.
Еве како гласат тие одредби:
„Член 66
(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.
(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на
системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.
(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот. “
Еве кој се аргументите:
Од став 3 е видливо дека Топлификација требела да достави договори, а таа тоа не го направила
Од друга страна член 66 е од „ темпорален карактер “ и тој нема правно дејство по 01. 10. 2012. БЕГ е формиран на 01. 01. 2013 и тој не може да се повикува на нешто чие правно дејство завршило пред тој да се формира, а Топлификација не доставила договори.
Еве што вели Уставниот суд околу ова во Решението У. бр 125/2012
14. Со член 66 став 1 од Правилата, кој е систематизиран во главата 15. Преодни и завршни одредби, се пропишува дека со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

Според ставот 2 на овој член, сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

Тоа значи дека со овие одредби се воведува задолжителна обврска за сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување, во еден преклузивен рок да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветен снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција, а во спротивност се должни да плаќаат надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија.

Поаѓајќи од ваквата цел на одредбите, кои по својата природа се преодни одредби кои имаат темпорален карактер, кој се исцрпел по определениот краен рок за нивната примена (01.10.2012 година ), Судот оцени дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок, односно дека постојат процесни пречки за постапување по иницијативата и дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија за отфрлање на иницијативата во овој дел.

Убаво Уставниот суд си вели: „ Судот оцени дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок,“
и што бара Топлификација врз основ на вакви одредби кои не се во правниот поредок,
Ова е решение на Уставниот суд и кој суд смее да пресуди спротивно?

Но немојте да бидете самоуверени, Зад Топлификација стојат моќници од власта. Затоа е неопходно да го направиме протестот штом почнат да тужат. Треба да знаат дека со нас нема шега
 
Пребарував по интернет да најдам некоја интересна изјава од раководството на Топлификација.
Нема ништо,,,,
постојано се жалат дека цените на Топлификација се ниски и дека ќе пропаднат Еве од 2006. Хаџимишев се жали дека не му дозволиле цените да ги покачи за 26%
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C68534D88376504BA7BAC67A8E5B4C91


Еве друга интересна вест дека Топлификација изнесува пари на маршалските острови
http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=22158
 
Во Дневник е објавен напис, во кој се шпекулира за судбината на ТЕ - ТО
http://dnevnik.mk/?ItemID=6CD0E229F2FBFD4CAF1CD381E903E76F
Меѓу другото се вели:
Ова се објаснува со фактот дека веќе подолго време с` погласни се информациите дека „Газпром“, кој освен во бизнисот со гас и со нафта, има намера дејноста да ја прошири и со производството на струја, како и дека станува заинтересиран за регионов.
............
За гасната електрана „Те-То“ и претходно стигаа информации дека „Газпром“ на нејзиниот сопственик, руската компанија „Синтезгруп“, ~ понудил во период од пет години бесплатно да ја снабдува со гас, при што би ја презеле произведената струја. Kомпанијата на рускиот олигарх Леонид Лебедев би можела да ги врати долговите од топлинската енергија, а профитот би го делеле. Но, тоа наводно било одбиено. Но сега, со оглед на информациите што стигаат од Русија за финансиските проблеми што ги има Лебедев, како и оние за финансиската состојба на „Те-То“ можно е да се случат промени. Нашата гасна централа, според она што го објавија на Македонска берза од „Топлификација“, а било презентирано во извештајот од акционерското собрание, има договори по основа на заеми во висина од 205 милиони евра, ланската загуба била 12 милиони евра, а загуба од 13 милиони евра била пренесена од претходната година. Доколку „Газпром“ ја преземе оваа централа, тогаш сигурно Скопје ќе добие уште една, која и „Синтезгруп“ првично ја планираше, лоцирана во западниот дел од градот.
 
Мислев дека некој друг ќе ја коментира веста од претходниот пост но еве јас што мислам за ова.
ТЕ - ТО е мегаломанска промашена инвестиција и ова идеја, да Гаспром безпари дава гас на ТЕ -ТО, а да ја продава струјата која ќе се произведе е всушност идеја на „ визионерското “ раководство на Топлификација, за спас на својата глупост наречена ТЕ - ТО
ТЕ - ТО за еден час работа може да произведе 215 MWh струја и за тоа ќе потроши 57 илјади метри кубни гас
Цената на гасот во моментов е 475 US$,кон Гаспром
Што значи за производство на овие 215 MWh , само за гас треба да се плати :
57 илјади метри кубни гас * 475 US$ = 27 075 US$
Трошокот за гас за производство на еден MWh е:
27 075 US$ : 215 MWh = 125,93 US$/ MWh
Но цената по која сега може да се увезе струја е помала од 60 US$/ MWh , што значи чиста глупост би било да се произведува струја од гас во ТЕ - ТО, посебно што трошокот за гас не е единствен трошок
Во февруари 2012 ТЕ - ТО работеше неколку дена и тогаш испорачуваче струја по цена од 170 Euro/ MWh
Но раководството на Топлификација ја заговара оваа идеја како шанса да се спаси.
Ако Гаспром се сложи и ја прифати ваквата идеја, тогаш Топлификација ќе добива бесплатна топлина од ТЕ - ТО,
а за возврет, Топлификација, ќе ги плати другите трошоци за функционирање на ТЕ - ТО.
Колку Топлификација, односно граѓаните на Скопје ќе мораат да платат за оваа идеја на Топлификација во наредните постови
 
ВАЖНО! ВАЖНО! ВАЖНО!
Следната среда на 11. 09. 2013 Уставниот суд повторно ќе ги разгледа одредбите од Правилата за снабдување со топлинска енергија според кои исклучените треба да и плаќаат наТоплификација
6. - член 53 ставовите 1 и 2, член 54 и член 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија (”Службен весник на Република Македонија”
број 97/2012)
Реферат У.бр.197/2012
Погледнете го дневниот ред:
http://www.constitutionalcourt.mk/domino/WEBSUD.nsf
 
Eве две вести што ги добив од пријатели од Аеродром и Карпош

1. Во Аеродром, арамиите од Топлификација, праќале писма и се јавувале на исклучени по телефон повикувајќи ги да повторно се вклучат и им се заканувале дека во спротивно ќе им праќале се повисоки и повисоки фактури
2. Во Карпош, измамниците и крадците од Топлификација, повторно почнале да праќаат фактури за исклучените.... ќе праќале цела година

Во овие моменти е битно да не потклекнеме и да се предадеме пред овие криминалци.
Ќе им дојде крај и на нив и на тие што ги подржуваат.
 
Во медиумите, цела недела, нема вести околу Топлификација.
Дури не известија дека корисниците на БЕГ- Топлификација добија нови сметки повисоки од претходните.
Прелистував на страницата на Берзата. Цената на акциите на Топлификација е во моментов 730 денари
http://www.mse.mk/mk/symbol/TPLF
Инаку номиналната цена на акциите на Топлификација е 51,13 евра
http://www.cdhv.org.mk/isin.asp?chrISIN=MKTPLF101010
Највисока цена која акциите на Топлификација ја постигнале на берзата беше на 16. 10. 2007 година и изнесуваше 18 700 денари
http://www.fima-securities.com/default.aspx?id=11360&simbol=tplf.sk
Очигледно Топлификација ги „попари “ и акционерите, затоа мислам дека и тие треба да учествуваат на протестот против Топлификација, заедно со корисниците на Топлификација без обзир дали се исклучени или приклучени
Сите сме ограбени
[
 
Дали се подготвувате за протестот против Топлификација?
Сите треба да бидеме свесни дека единствен виновник за ситуацијата во која се наоѓаме се мафијашите од Топлификација.
Тие, како сите други организирани криминалци, се со секоја власт.
se dodeka e vaka - oni i ponatamu ke go derat narodot

563087_10151067805751305_1740190196_n.jpg
 
se dodeka e vaka - oni i ponatamu ke go derat narodot
Со Топлификацијата ситуацијата е за никаде
Видовте една акција вредела 18 илјади денари тоа е 300 евра. А сега вреди 12 евра. Па тоа е грабеж... Некој тие пари ги украл... Некој е ограбен... Имаше луѓе земаа кредити и купуваа акции Имаше примери на луѓе кои становите си ги ставаа под хипотека за да купат акции. Сега се и без станови и без пари
Сите знаете дека Топлификација мами со мерењето со калориметри. Но тоа продолжува ... Абер немаат да престанат да мамат
Сите знаете дека исклучените плаќаат за ништо. Барем сметките на приклучените да се намалеа, но ни тоа не се случи. Само Топлификација си ги полни џеповите сега и од исклучените
Се работи за организиран криминал, во кој се вмешани луѓе од страна кои ја штитат Топлификација и тоа е тоа
И не е доволно самите себе да си се сожалуваме туку треба да се пресметаме со арамиите од Топлификација
 
едно прашање... како е со новите згради ?? општината наметнува енергетска согласност 15 дена инвеститорот да докаже дека постигнува 22 степени во становите, пробно греење , а кое ќе го плаќа тој што ја изградил зградата. Но не гледам дека ќе се вградат мерачи. Уште кога беше Топлификација никако не прифаќаше мерачи на влезот на станот, иако постои техничка можност. Изговорот им беше даека мора да бидат мерачите само на радиатор а тоа е прескапо. Всушност тоа е измама, бидејќи самите подстаници имаат исти такви мерачи, водомер за топла вода кој проток се множи со разликата на температурите. Значи ако становите имаат исти такви мали мерачи, корисникот ќе плаќа % дел на неговата состојба од вкупната потрошена топлина а што е прикажана на секоја сметка. Без дубиози дали во некој стан има помалку или повеќе ребра, секој ќе плаќа вариабилен дел само колку потрошил, а фиксен ( за одржување и слично) спрема квадратурата под парно.
И мислам дека ова со невградување мерачи на влез во стан (каде има можност, колектор и хоризонтален развод) треба да се даде до највисоки судови и пред Стразбур. Законот е уште од Анте Марковиќ, 1989, а Топлификација 20 години лаже .
Патем, БЕГ си земал право да не ја прикажува на сметката формулата како пресметува ??.. Тоа било Деловна политика на фирмата ??????:mad:
 
Но не гледам дека ќе се вградат мерачи. Уште кога беше Топлификација никако не прифаќаше мерачи на влезот на станот, иако постои техничка можност. Изговорот им беше даека мора да бидат мерачите само на радиатор а тоа е прескапо. Всушност тоа е измама, бидејќи самите подстаници имаат исти такви мерачи, водомер за топла вода кој проток се множи со разликата на температурите. Значи ако становите имаат исти такви мали мерачи, корисникот ќе плаќа % дел на неговата состојба од вкупната потрошена топлина а што е прикажана на секоја сметка.

Не се „лакомите “ по мерачите
Главната измама, која ја направи Топлификација е со мерачите.
Не е секое мерење точно.
 
Не се „лакомите “ по мерачите
Главната измама, која ја направи Топлификација е со мерачите.
Не е секое мерење точно.

едно време не канеа со писмо да одредиме човек кој ќе биде присатен кога се очитува мерачот во подстаницата. Но ние немаме ни куќен совет ниту може да се сложиме ѕа било што. Сепак не е проблем мереачот во потстаницата, треба мерачи на влеѕ во станови, т.е. да се утврди распределба на вкупната топлина по станови бидејќи не само што може некој додал ребра, туку некој често ги празни и чисти радијаторите( со тоа повеќе одзима топлина), некој ги поправил прозорите а некој не, има северни станови ама има и јужни. Значи мерење мора да има. Б.Т.В., пред 30-години имаше згради каде немаше водомери, се наплаќаше вода по член на домаќинство.
Денес веќе во Хрватски читав има предлози дури и губретарината да се наплаќа по маса изнесен смет. Кај нас катастрофални се и јавните комуналии; на пример, во Охрид се уведе наплата за јавна хигиена и сега исто ли е некое мало стамче што се користи едем месец годишно и куќерина што излегува 20м на улица ??? Па една зграда со 20-на мали станови плаќа колку цела улица куќи !!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom