Имам Samsung S4-ка скоро една недела, и за моја среќа премногу сум задоволен од телефонот. Пред овој имав iPhone 4S и таман ми беше, али сеа коа ќе фатам ајфон 4/5-ка у рука едноставно телефонот ми е премногу мал, се навикнав на самсунгов.
Не кочи, не сецка, камера ФЕНОМЕНАЛНА, даљинско за СВЕ, BLUETOOTH , RADIO, сето ова се опции кои за жал ајфонот ги нема, освен камерата до негде, но сепак е неспоредлива со самсунгот.
Нема некоја голема разлика у ајфоните, у принцип тоа е тоа, амерички user-friendly interface кој едноставно спие, нема кочење, нагодувања и заебанции. Освен нели jailbreak ако си стаиш и ќе добиеш нешо малце слично на андроидот.
Бев многу против андроидите, на предходната страна имам коментари од типот андроид е шит, и стварно е шит конкретно на S3-ката, воопшто не бев задоволен, кочи, екранот е голем но боите не се јасни ко на 4Ѕ-от, бар ја така приметив.
Е сеа Ѕ4-ката ми го смени мислењето, иако длабоко во душава имам страв дека ќе почне да сецка и да се вратам на ајфонот...
Видеќемо