Не знам, вие изгледа сакате противникот да нема ниедна шанса на утакмица. А од друга страна убаво ви е кога даваме по 5/6 гола. Епа ако сакаш да даваш по 5/6 гола, нормално дека ќе пушташ огромен простор во одбрана. Еве на пример бековите да не поминуваат средина, мислите дека ќе бидеме толку ефикасни во напад? Ама не, тогаш па нема да ви се свиѓа, затоа што ќе победуваме по 2:0, 2:1 и слични резултати. Работава сакате да се ебете, а неќете да ви влезе.
И ептен се форсира тоа купување на стопер. Еве да го земавме Силва летово, мислите дека ќе беше нешто подобро? Не, немаше да биде. Силва ќе играше место Маскерано, а Пике е тој што прави најмногу грешки во одбрана, додека Маскерано игра одлично. Значи исти кур ќе беше.
Па сигурно нема со овие играчишта што ги имаме во средина и напад, да играме претпазливо да не примиме гол. Се знае, дека ако имаш ферари, нема да го возиш како фиќо.
Еве ќе кажете дека првата сезона со Пеп, одбраната беше добра. Епа ајде да видиме зошто беше добра. Тимот како прво немаше неколку години трофеј, значи таа сезона гризеа 90 минути секоја утакмица, буквално секоја утакмица од почеток до крај. Алвес само што дојде од Севиља. После освојување на УЕФА куп и тоа два пати по ред со Севиља, сакаше да се докаже на највисоко ниво, да докаже дека е најдобар бек во светот. Тоа несомнено му успеа во наредниве 2-3 години. Сега? Сега кур го боли, затоа што знае дека Монтоја е бот, што ќе игра еднаш месечно. После Пике. Тој исто само што дојде од Манчестер Јунајтед, каде што не добиваше никаква шанса покрај Видиќ и Фердинанд. Мотивиран до максимум, да докаже на Фергусон дека направил грешка. Мора да се признае дека првите две сезони ги одигра на врвно ниво. Сега добра утакмица од него не гледаме. Убедливо најслабата карика е во одбрана, убедливо. Пујол тогаш беше во топ форма. Не беше толку стар како денес, немаше толку чести повреди. Едноставно доминираше. Абидал беше човекот, кој држеше баланс во одбрана. Значи тој ептен ретко поминуваше средина, затоа што го имавме офанзивниот Алвес на другата страна. Ајде сега да го видам Алба да седи на средина или Алвес? Нема шанса, затоа што и двајцата се научени да бидат повеќе во напад отколку во одбрана. Да не заборавиме дека на средина имавме ѕвер на средина во Туре, Чави во најдобри години, плус играчишта во напад како Ето и Анри. Замени исто имавме доста квалитетни и искусни, посебно во одбрана како Маркез, Милито, Силвињо. Па тогаш бевме толку јаки, што без проблеми го тепавме Манчестер со Силвињо и Пујол бекови, а Пике и Туре стопери.
Пред 5 години океј беше ако победуваме, сега тепаме 4:0 и дигате паника затоа што сме изгубиле посед. Па ете покажаа во 75 минута, 52:48 беше за нас и ако останеше така претпоставувам се ќе беше океј?