H&M во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Apple
  • Време на започнување Време на започнување

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.116
Поени од реакции
1.401
Локација
Скопје
Денеска прочитав дека H&M конечно доаѓа во Скопје и ќе биде спроти Рамстор.Незнам колку е валидна информацијата но сепак судејќи според фотографијата мислам дека тоа е тоа. Па еве јас да отворам дискусија заедно со веста.

http://skopjeinfo.mk/gradot/543406016/foto-skopjani-naskoro-na-soping-vo-him-
 
Фала Богу!
Белким нема да читам репортажи на моми кои биле во Виена 5 дена, а 3 потрошиле за у Маријахилферштрасе за да си купат евтина роба од ха унд ем.:facepalm:

А пропо облеката и броевите у ха унд ем:
Откажете се од секаква надеж дека ќе си најдете кошула, сако или пантолони сите вие кршни моми, невести, жени кои имате раменици за кои не ви требаат потпунки, цицки намбер 85Д и со стомаче како погача. Во ха унд ем за вас има само марами и ташни.
 
Опа, кај мене у маало. Редовно ќе ја апдејтувам темава со најдобрите понуди, но и со информации за најскапите парчиња кои не вредат да се купат.
По првичната еуфорија, очекувајте да биде поскапо отколку било каде во околина. Така беше и со останатите текстилни брендови кои дојдоа во Македонија.
 
Јас разбрав дека ова ќе било Аутлет центар на ХМ не дирекно нивен салон.Не сум сигурен ама ајде тие што се по Скопје апдејтувајте со инфо.
 
Док не отворат Mark & Spencer`s не ми се праи меракот.
 
Super se H&M, posebno LOGG kolekcijata i novata kolekcija od Gisele.

Sent from my HUAWEI P6-U06
 
Јас разбрав дека ова ќе било Аутлет центар на ХМ не дирекно нивен салон.Не сум сигурен ама ајде тие што се по Скопје апдејтувајте со инфо.

И јас прво на тоа помислив. Не ми се верува да е продавницата ко сегде што е, туку некој аутлет.
 
Еј , супер :vozbud:.
Ќе ни продаваат роба од пред две-три сезони, што им останала непродадена за цена два-три пати поскапа :pos:.
Или таа што никој нема да им ја одбере ,до Софија да отидеш по бутиците од истата марка ке видиш ептен многу поубави парчиња гардероба кои немаат никаква врска со тие кај нас ,а а да не зборам па во Италија ,....
 
Убаво, само што ќе биде „се дури не се продаде“, ко со New Yorker на пример, каде истите, буквално истите работи од отварањето до сеа се, колекцијата од пред 3 години. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom