- Член од
- 20 јануари 2009
- Мислења
- 650
- Поени од реакции
- 531
Јас сум веќе 1 година на ОНЕ и сум задоволен, ниту ме ограбиле ниту ништо, претходно и на вип бев, исто така немав никакви кражби, и си терав на ОНЕ, зошто ми одговараше понудата. Имам бројче на постпејд на вип, кое гласи на мене, ама го користи мајками. Стигна порака дека ме наградуваат со гратис припејд на вип, па отидов го зедов, и си реков ќе го покористам некое време. Ми рекоа дека промоцијата е 1 ден/мин кон сите мрежи во МК со 2,9 ден воспоставување на повик и 500 МБ гратис интернет и да чекам порака кога ќе ми биди активен пакетот. Пораката за интернетот ја добив после ТРИ дена и неколку интервенции на 1234, каде појма немаат, незнам по кој критериум се вработени. После сакав да испратам кредит од постпејд на припејд преку интернет, неможеше, се јавив на 1234 и ми вика: Не можам од тука да ви помогнам! Па кој да ми помогни. Плус кога сум во Ск, навистина треба 3-4 пати да звонам за да воспоставам повик, дефинитивно, КАТАСТРОФА! Мислам дека никогаш не би се вратил во ВИП