А1 Македонија

Јас сум веќе 1 година на ОНЕ и сум задоволен, ниту ме ограбиле ниту ништо, претходно и на вип бев, исто така немав никакви кражби, и си терав на ОНЕ, зошто ми одговараше понудата. Имам бројче на постпејд на вип, кое гласи на мене, ама го користи мајками. Стигна порака дека ме наградуваат со гратис припејд на вип, па отидов го зедов, и си реков ќе го покористам некое време. Ми рекоа дека промоцијата е 1 ден/мин кон сите мрежи во МК со 2,9 ден воспоставување на повик и 500 МБ гратис интернет и да чекам порака кога ќе ми биди активен пакетот. Пораката за интернетот ја добив после ТРИ дена и неколку интервенции на 1234, каде појма немаат, незнам по кој критериум се вработени. После сакав да испратам кредит од постпејд на припејд преку интернет, неможеше, се јавив на 1234 и ми вика: Не можам од тука да ви помогнам! Па кој да ми помогни. Плус кога сум во Ск, навистина треба 3-4 пати да звонам за да воспоставам повик, дефинитивно, КАТАСТРОФА! Мислам дека никогаш не би се вратил во ВИП
 
Овие Вип тотално се ужас..Ѕвонам сега на бројот што им е за проверка на кредит и ми се уклучува снимена теткица и кажува: На овој број можете да вртите само од број од мрежата на Вип????!А јас нормално и вртам од број на Вип...И да тотално мизерна мрежа..Дефинитивно одам кај друг оператор..Се беше ок првите години од појавувањето на Вип во Македонија бидејќи ја користеа мрежата на Т Мобајл ,но во последниве 2 години откако ја користат сопствената мрежа се тотално никакви...
 
Какви се овие глупави квизови преку смс за 0 ден? Секој ден ми праќаат порака еве ви ги прашањата за денес и ми земаат по 35 ден. :mad:
 
Какви се овие глупави квизови преку смс за 0 ден? Секој ден ми праќаат порака еве ви ги прашањата за денес и ми земаат по 35 ден. :mad:

Затоа, драго дете, прво треба да си ги проучиш условите ;)
Како за добар старт, добиваш бесплатен пробен период од три дена во кои имаш можност да играш без каков било надомест. По пробниот период од три дена продолжуваш да играш со дневна претплата од 35 денари со вклучен ДДВ, со тоа што сите SMS пораки што ќе ги испратиш на 1466 се бесплатни!
 
е ајде де во пораката не беше напишано ова туку дека е без пари. :tapp:
Па не, на крај на пораката стои инфо: www.vip.mk, секогаш така прават со „скриени“ финти, затоа не треба да се наседнува.
 
Многу глуп момент одбра Вип за да ги фаќа на финти корисниците со награднава игра. Ке биде интересно кога ќе дојдат сметките за месецов ќе се појави револт и не знам баш како ќе реагираат во овој период кога најинтензивно се потпишуваат договори за пост пејд. Ама они си знаат, големи се.
 
Со овие опција 0 кон сите и опција 0 кон вип кога активираш и смс пораките ли се бесплатни или само за разговор е? Ако не се, постои ли некоја опција со која можеш да активираш бесплатни смс кон одредена мрежа, број.. ?
 
Значи 39 денари ќе ми ја наплатат пораката со која би го деактивирал неделниот мочан интернет пакет. Ми ја прелија чашата. Толку.

Nedelniot Internet paket istekuva utre (веќе денес). Dokolku ne sakas avtomatski da ide prodolozen, odgovori so STOP na ovaa poraka (cena: 39 denari). Vip
 
Значи 39 денари ќе ми ја наплатат пораката со која би го деактивирал неделниот мочан интернет пакет. Ми ја прелија чашата. Толку.

Како што знам јас не наплакаат за деактивација на така наречениот вип3г интернет...
Можи имаат добра сигнална 3г покриеност од другите оператори ... Ама најжалното е што тејницки не знаат да се спрваат со брзините на интернетот катастрова се и премногу скапи,а говорно поарно да не кажувам му прекинуваат разговорорите не мозиж да добиеш.некој пат аудиото му е преграсно му грчи и многу други работи ....
Жално му бев корисник од самиот почеток од 2007 година ама сега од Октомври Фала пријатно ке биди Работата ....

Аха ај дајте ми некој совет каде да бегам со Мобилнава телефонија на кој Оператор кај сто има добра 3г мр... убави нет пакети и да не биди премногу скап ...
 
Значи 39 денари ќе ми ја наплатат пораката со која би го деактивирал неделниот мочан интернет пакет. Ми ја прелија чашата. Толку.



Пред месец-два го користев пакетов..не ми зема 39ден. за деактивација
 
Пред месец-два го користев пакетов..не ми зема 39ден. за деактивација
Ова се нови пакети од пред една-две недели. Според содржината на пораката јас така разбирам.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk 4
 
http://kajgana.com/sms-porakite-poevtinuvaat-od-noemvri

Паѓаат цените за СМС и интерконекција. Првиот оператор што ќе понуди конкурентни цени со новиве поефтинувања и имплементација на 4G пред нова година, фино има да се офајди
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom