Фан клуб - РК Металург

Си оди зашто нема минутажа. Вардар не фура квазипатриотски „репрезентативен“ тим, затоа нема потреба да се споменуа Вардар, Зонимак или Тинекс.

Металург Јуниор не е квазипатриотизам.
Сакал ти или не - тоа е иднината на македонската репрезентација.
 
Ај наздравје нека ви е уште еден странец на сметка на домашен ракометар... Него како беше она, се уништувал македонскиот талент Даскаловски, а сега исто и со талентот Диви ;)
Николче трета опција? Niceeeee
Има огромна разлика меѓу желбата на некој да оди во друг клуб каде повеќе ќе го плаќаат и отказите кои вие ги делите на македонските ракометари кои принудно се бркаат од тимот затоа што вие не сакате едноставно да вложувате во нивната иднина.
Има голема разлика во годините меѓу Даскаловски и Ангелов, споредбата ти е без врска.
 
Има огромна разлика меѓу желбата на некој да оди во друг клуб каде повеќе ќе го плаќаат и отказите кои вие ги делите на македонските ракометари кои принудно се бркаат од тимот.
Има голема разлика во годините меѓу Даскаловски и Ангелов, споредбата ти е без врска.
Те исмевам затоа што кажа дека 28 годишен играч имал тален, не дека ми дошло до споредби да правам во овој фан клуб.
 
Те исмевам затоа што кажа дека 28 годишен играч имал тален, не дека ми дошло до споредби да правам во овој фан клуб.

Абе ти сам себе се исмеваш или мене? Кај беше Станиќ на 28 години? По вторпат ти кажувам нешто што сите го знаат, 28 години за голман не е многу.
--- надополнето: 19 септември 2013 во 00:07 ---
Имаме мини лига кајгана кој сака може да се убаци да играме http://manager.handballenergy.com/en/ehf-champions-league-2013-2014/leaderboards/kajgana
Пасвордот е Kajgana (со големо K).
 
ФИЛИП МИРКУЛОВСКИ ПАТУВА ВО БЕРН

19.09.2013 22:43
1234788_522952484453877_445453166_n_resize.jpg
za-tekst6.png

И покрај проблемите со рскавицата на коленото, воинот на Металург, Филип Миркуловски, ќе патува во Швајцарија, каде што ќе му помогне на својот клуб на патот до првата победа. Такви битки не се бијат без Филип, а тој ќе стори се за победата на неговиот Металург.
Фотографијата е од неговите последни подготовки пред патот за Берн.
 
ke pobedime li, da ja turam li za 100evra dvojkaaaaaaa

metalurg

Појачајте.

Нема повеќе што да се кажи за утре :D
 
Добра вест, натпреварите од Сеха ќе се играат во Борис Трајковски ќе се избегне непотребното малтретирање на ракометарите со патување до Велес и назад. :)
--- надополнето: 21 септември 2013 во 03:29 ---
ke pobedime li, da ja turam li za 100evra dvojkaaaaaaa

metalurg

Појачајте.

Нема повеќе што да се кажи за утре :D

ЧЕРВАР: УТРЕШНИОТ МЕЧ МОРА ДА БИДЕ НАША ГОЛЕМА БИТКА

20.09.2013 22:13
metalurg-bern-banskoliev-18_resize-610x218.jpg
za-tekst6.png

Металург со нетрпение го очекува утрешниот натпревар. Екипата е спремна, одржан е и вечерниот тренинг. Лино Червар очекува голема битка и победничка атмосфера.
398_1379013363_resize_resize.jpg
“Треба да се извлече максимум, ни треба стрпливост во нападот, а противникот да се држи на дистанца. Треба да се биде итар во нападот, секогаш да се постигнуваат лесни голови, оти така се троши најмалку енергија. Имаме свои адути, брзи играчи

“, изјави Лино Червар, по вечерашниот тренинг во Берн.

Червар потврдува дека сега само Тун е во мислите на металурзите:
398_1379013363_resize_resize.jpg
“Утрешниот меч мора да биде наша голема битка, фантастична одбрана, многу дисциплиниран и ефикасен напад, со брзо враќање во одбрана. Мора да има апсолутно победничка атмосфера, која треба да се создаде. Тие се мобилизирани. Слушнав дека и тие го продале капацитетот на салата за целата Лига на шампионите, но и тоа дека утре ќе има македонски навивачи. Дебитанти се и сакаат многу, да победат еден лански четврт-финалист во Лига на шампионите. Точно е дека на хартија ние сме фаворити, но тоа ништо не значи, тоа е минато. На пример, Рајн Некар Левен, дома резмизира со Мотор Запорожје. Сите планови паѓаат во вода ако се мисли дека секоја победа ќе дојде сама од себе. Нема да биде лесно. Знаеме во што се силни, а ние треба да најдеме начин да ги анулираме нивните и да ги истакнеме своите квалитети. Одбраната минатите две години беше најдобра во Европа, а нападот ни беше паметен“

, вели Червар.

Еве што мислат и дел од нашите ракометари:
16_resize_resize.jpg
Наумче Мојсовски: “Очекувам прво квалитетна и борбена игра од сите мои колеги. Многу ќе ни значи со победа да го почнеме новиот циклус, оти потоа ни следат два тешки меча, со ПСЖ и со Барселона. Мислам дека можеме да го победиме Тун. Се надевам дека ќе одиграме квалитетно. Очекувам максимално залагање од сите играчи и добар меч, со кој ќе ја почнеме сезоната. Металург е посилен и поспремен од лани, а и поискусни сме за уште една година. Зад нас се две одлични сезони во Лигата на шампионите. Очекувам, со поддршка и од публиката, да стигнеме до осминафиналето. Тоа е нашата прва цел сезонава“.

1167697_10151683598973101_1492145157_n1_resize.jpg
Дејан Манасков: “Сезонава, ова е прв меч и за двата тима. И двата тима се спремни и свежи, но мислам дека ние добро ги анализаравме противниците и ги видовме нивните слабости. Утре ќе одиграме добар меч и на крајот ќе се радуваме“

.
12_resize_resize.jpg
Велко Маркоски: “Кај противникот најопасни се централниот бек и пикерот. За нас не е важно дали ќе играме против дебитант или некој друг, ние секогаш го даваме својот максимум. Одбраната на Металург е подготвена за мечот против Тун“

.
27_resize1_resize.jpg
Гоце Ојлески: “Ова ќе биде првиот натпревар во Лигата на шампионите во мојата кариера. Очекувам добар меч и победа, бидејки бодовите ни се многу важни, особено што во иднина не очекуваат потешки натпревари, со подобри противници. Секогаш е важно сезоната да почне со победа“.

10_resize2_resize.jpg
Златко Мојсоски: “Се освен победа за мене ќе биде неуспех. Имаме поквалитетна и поискусна екипа, имаме голем број натпревари одиграни во Лигата на шампионите и затоа јас сум оптимист. Екипата на Тун не смееме ниту да ја потцениме ниту, пак, да ја прецениме. Во секој случај, сме победувале и многу посилни екипи“.

28_resize_resize.jpg
Дејан Пецаковски: “Со оглед на тоа што играме на гостински терен, нема да ни биде лесно. Домаќинот сигурно нема да се откаже од обидот да не изненади, но искрено очекувам дека во Скопје ќе се вратиме со полн плен“

.
1_resize1_resize1.jpg
Ренато Вугринец:

Металург утре во Берн ќе атакува со сите сили кон голот на Вакер Тун. После минатата успешна сезона ние сме реално фаворити, но тоа треба и да го покажеме на терен.“

 
Водиме 9:13 по првото полувреме. Станиќ 10 одбрани како и секогаш феноменален. Мојсо 5 гола. Манасков два од два,(y) Димовски исто одлично се отвори за 2 од 2. Вугринец и Атман слабо, добро што го извади Атман али незнам зашто не го стави Кеџо, сигурно нема полошо од Вугринец да изигра. Многу тврдоглав Червар треба да прави повеќе измени ако не ќе страдаме како лани со повредени првотимци на крајот од сезоната :facepalm:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom