Оние работни групи и тела во државни институции немаат сенс, ниту искуство во приватен сектор да изработуваат закони и правилници. Јас секој пат тоа го напоменувам, ние имаме судир со законите на хартијата и реалноста, со вестите за економијата и фактичката состојба, со најавите и реалните можности.
Не е проблемот во сенс или искуство, леандра. Проблемот е во пристапот на работата. Во нормални држави, дефинирањето на закони (или измена) и правилници е вистинска уметност. Сум имал прилика и тоа да го сведочам на запад. Прво, се анализира состојбата на теренот, потоа се анкетираат засегнатите, потоа од сите тие податоци се формира студија. Потоа, се разгледуваат постојните законски решенија и колку тие ги засегаат заклучоците од веќе изготвената студија од терен. Потоа, врз основа на последното разгледување се оформува драфт верзија која се поднесува на разгледување кај анкетираните. Доколку тие прифатат, тогаш работната верзија станува предлог закон и по постапка - закон.
Кај нас, за да се смени или изготви некој закон, треба ЕУ да не потсетува неколку пати. Откако ќе им скурчи од потсетување и ќе постави бенчмарк, тогаш владата решава да му каже на министерот да оформи работна група за измена или изготвување на закон. Министерот ќе оствари работна група од 10 луѓе (од администрација, јавни научни установи и универзитети) и тие ќе се состанат двапати од кои на вториот се одлучува чив предлог за преведување на закон од друга држава ќе се одбере. Откако ќе се направи тоа им се праќа предлог законот на владата кои го ставаат на расправа и гласање во собрание. Во што е штосот? Штосот е во тоа што по пат од работната група до Сл. Весник. на тој закон, никој не го ни погледнува, туку прашуваат кај координаторот дали треба да се изгласа или не.
Македонија ми даде голема ука за животот, кој моментално ми се наоѓа: Како да бидеш фрик во среден систем.
Ова ми звучи многу интересно ама не го разбирам
