Интересно е како луѓево што чуваат животни ( кучиња ) секогаш гледаат на проблемот од сопствена страна. На пример ако нивното куче се утепа од лаење во дворот, не се криви тие за тоа, крив е поштарот што поминал, другите кучиња, загадениот воздух. Имало причина кучето за лаење. Па ајде јас ке паднам на испит и ќе дојдам дома ќе врескам цела вечер во двор, ама океј е нели зошто имам причина ? Едноставно ги мрзи да седнат и да размислат за проблемот. И секогаш е истото, криви се луѓето кои не "сакаат" животни. Целосно го поддржувам предлогот да не се чуваат кучиња по становите, а богами да има и големи казни за оние чии љубимци се однесуваат непристојно. На пример, се враќав накај дома по Партизанска, некаде 1-2 по полноќ и ми се залетува едно куче допира пред мене и ми ги лиже нозете. Онака нормално се поттргнав и ми иде сопственичката : "Не се плаши само сака да си игра". Па јас не сакам да си играм со него, кога ќе сфатат дека не сите луѓе имаат исти чувства кон животните....