- Член од
- 3 јуни 2013
- Мислења
- 1.944
- Поени од реакции
- 1.192
Важи: само прво ќе треба да докажеш дека свештенството краде, а не само да клеветиш...
Не краде свештенството,тоа се тешки зборови,туку само поштено си зема од неуките луѓе.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Важи: само прво ќе треба да докажеш дека свештенството краде, а не само да клеветиш...
Оти нема фајде од тоа затоа никој не иде, убаво си кажа еден член уште на почетокот од темава ... нема фајде од тие работи а си бил а не си бил сеедно, како дете почесто одев во црква(дури и неколку пати годишно, по 3-4 пати) заедно со мајка ми или со баба ми, но откако потпораснав едвај одам еднаш на една или еднаш на две-три години и тоа ептен онака традиционално инаку верник не сум, б.т.в. верник во што ?? во ветер и магла !
Европа се повеќе и повеќе се Атеизира, не дека и Америка е нешто којзнае колку религиозна, но мислам дека во Европа сите религии/религиски деноминации особено во последниве деценија-две доживуваат тежок дебакл и Православието и Католицизмот и Протестантизмот па дури и Исламот бидејќи факт е дека огромен процент на Муслимани(Турци, Албанци, Бошњаци, Торбеши и.т.н.) воопшто не живеат на Исламски начин туку на западен(не сите секако но добар дел да, барем во урбаните средини) !
едитирано од модератор.
Три четири пати годишно и сакаш да имаш мир,здравје и среќа дадени ОД ГОРЕ... неможе да кажеш ветер и магла ако не се разбираш во нешто,не проучуваш и не се потрудуваш да сватиш.Да отидеш кај 3,4 пати во годината кај некој пријател и да му речеш ДАЈ МИ 30 ДЕНАРИ ЗА ЛЕБ нема да ти даде затоа што кога тебе ти треба тогаш одма го наоѓаш и го бараш,а кога не ти треба кој те ферма.. со 3,4 брат не се добива наклоност од никого па дури ни од Бог.А и основни работи во верата се ТРПЕНИЕТО И ПОСТОЈАНОСТА... а повеќето,вклучувајќи те и тебе ги немате и двете.Трпение не,затоа што ќе идете во црква,ќе се молите и кога ќе дојдете дома сакате лото одма да ви падне,или па како што кажав со испитот,цел живот не отишол во црква и тогаш пред испит најголем верник е,ќе падне и Бог е крив за неговата неписменост и нетрпеливост а и непостојаност во молитвите.Постојаност исто така се нема,преку постојаноста се докажува всушност големината на верата,ќе се молиш 10 дена,и затоа што МОЖЕ НИШТО нема добро да се случи за тие 10 дена дигаш раце како и сега викаш НЕМА ЛЕБ,ОВА Е ВЕТЕР И МАГЛА... за свештениците делумно се сложувам дека не е добро што возат скапи коли,од по десетици илјади евра.Кога некој станува свештеник или повисок чин од свештеник се заколнува на сиромаштија,а сиромаштијата не значи да се возиш од кола од 200.000 евра или 70 или 30 илјади евра... сепак никој на никого неможе да му суди,затоа што сите сме грешни и имаме гревови и затоа немаме право да се ставаме во функција на најправедни и најповикани да судиме што во кој се вози и дали се вози.Сите нас ќе ни се суди.. по смртта..
Јаврии? А од секогаш се прашував зошто само ти од цел подфорум религија се жалиш на банирање. Еве зошто, плачи во администрација, кењај во темите. Ептен попска одлика, ние сме богаташи, али не крадеме.
Нuкола;
Не ми дрндај мене глупости ме разбра? На кого сакам ќе му се обраќам имаш проблем со тоа?Имаш проблеми па ми се обраќаш на мене?
Не ми резулта дека те имам цитирано...
И не се прашувај за други, секогаш се прашувај за себе....
Не ми дрндај мене глупости ме разбра? На кого сакам ќе му се обраќам имаш проблем со тоа?
Првото болдирано звучи многу бедно,зар треба да се оди во храмот и Бог на сите ќе им даде се што им треба.Како прво Бог не е во камени градби,и нема волшебно стапче па на сите да им даде се што ќе посакаат.Второто па макар и по цели денови да се молиш и да клањаш пред икони,тие нема да ти го решат испитот,ако не се вложиш максимално со труд и работа.Ако е така кој им ги полага испитите на атеистите,мотика треба а не молитва,така кажал нашиот народ.А за третото,има една попска пословица,"не гледај јас што работам,туку слушај што ти кажувам".Се додека свештениците не се пример за верниците,нема никој да ги свати сериозно ниту да го прифати тоа што го зборуваат,бидејќи самите они не се придржаваат,особено најголемиот број од нив што не ги држат Божиќните ниту Велигденските пости,па како некој тоа да го прифати и да верува во тоа?Гледано од писанијата на евангелијата,Исус Христос бил пример за апостолите и подоцнежните верници.
целосно се сложувам со тебе дека Исус бил пример за апостолите,и треба сите нас да ни биде пример иако не е физички со нас,но не се сложувам дека свештениците треба да бидат тој единствен и главен пример за некој да иде во црква и да биде верник.Свештениците делумно имаат улога во тоа,во Светото Писмо никаде не пишува МОРА ДА ГО СЛУШАШ СВЕШТЕНИКОТ ЗА ДА БИДЕШ ВЕРНИК,туку пишува во смисол Ако поверуваш дека Исус е син божји ќе бидеш спасен и ќе имаш вечен живот.НИКАДЕ ВО БИБЛИЈАТА НИЕДЕН СВЕШТЕНИК НЕ Е СТАВЕН НАД ЦРКВАТА,БОГ И ГОСПОД,НИКАДЕ.И затоа тоа е само изговор дека свештениците се криви зошто народот не е побожен,тоа е само еден огромен изговор,
За ова погоре си во право,но имаш погрешна перцепција.Јас во претходен пост прашав зошто во православната црква нема проповедници на верата?Зошто тогаш служат свештениците?Кој свештеник ги поучува верниците,како прво тој треба да ја исповеда својата вера,дека верува во вечен живот,да ја проповеда таа вера,за да може обичниот верник да ја прифати и научи.Имам разговарано со муслимани свештеници,истотака и со протестанти проповедници тие смело и отворено ја исповедаат својата вера.Но проблемот со православните свештеници е во тоа што тие својата служба ја замениле со професија само за материјален опстанок и продуктивност,како што кажа не се ништо поразлични ниту од електроинжинери,адвокати,банкари,ладни без чуства одиш кај нив само да ти завршат услуга и толку,и другото што го рече во слободното време после службата брзаат да заминат на софра добро да се испијанат.Ако не е така ајде докажи ми дали е можно само за седум години од службата во црква свештеник кој се придржува до пост веднаш да ја дуплира својата телесна тежина,да не може да го собере во просечен автомобил,а за да оди пеш 50 метри да му треба огромен напор?