Зидан: "Ди Мариа реагираше и реши да се бори, Озил реши да си замине"
Зинедин Зидан во интервју за Реал Мадрид ТВ говори за актуелностите во клубот. Тој се осврна на темата за Бејл, Роналдо, Иско, Ди Мариа, Озил...зборовите за германецот беа најистакнати.
"Трансферот на бејл во Мадрид е многу важен за екипата. Две сезони тој беше најдобриот играч во премиер Лигата и сигурен сум дека многу ќе ни помогне. Во Мадрид секогаш мора да бидат најдобрите играчи во светот. Некои мои изјави за Бејл беа погрешно протолкувани низ медиумите. Кога еден играч вреди толку многу, тоа е затоа што е одличен. Истото се случуваше и со мене." - вели Зизу.
"Најдобриот играч на светот е Кристијано Роналдо, токму затоа е и најскапиот играч на светот. Мадридистите не мислат на неговата цена, туку на се она што ни го дава играјќи за клубот. Има одиграно 205 натпревари на кои постигна 205 голови, тој е најдобриот во светот."
Полемиката за Озил: "Тој реши да си замине од Реал Мадрид по сопствена волја. Тој е одличен играч, ни даде многу и му посакуваме среќа. Имаше играчи кои што на новите засилувања одговорија со енергија и со желба за докажување. Сите не реагираат исто. Ди Мариа реагираше и реши да се бори за место во тимот. А Озил реши да си замине од клубот."
Засилувањата за оваа сезона: "Иско е фантастичен играч, целиот свет тоа го знае. Иљара ќе биде важен за овој тим. Тренира полека и се вклопува во динамиката на клубот. Карвахал е добра алтернатива за десната бековска позиција. А Бејл е вистинско суперзасилување."
Рафа Варан: "Најдоброто што може да го направи Варан во моментов е да се потпре на Рамос, Пепе и останатите луже во тимот. Јас сум тука за да му помогнам, а тој сака да научи повеќе. Повредите секогаш и носат лошо на една екипа. Најважно е кога ќе дојдат најважните натпревари сите да бидат подготвени."
На крајот, Зидан проговори за Анчелоти и неговата желба да биде тренер. "Анчелоти е одличен тренер, со кој имам работено одамна. Сите знаеме дека е голем тренер, но покрај тоа тој е и прекрасна личност. Секогаш ќе ми недостасува времето кога бев играч, дефинитивно. Тоа беше најдоброто нешто што ми се случи во животот. Да се биде тренер ќе биде различно од она што секогаш го правев, да играм. Но посакувам еден ден да се пробам како тренер." - завршува Зидан.