А како би одело обештетувањето? Ги земаат парите од такса и идат во компаниите да им ги дадат на рака 110 евра? Коа они на ден ќе загубат над 15 000 евра? Ние единствен суфицит имаме со Косово. И тие бројки се само пријавени, непријавените се дупла цифра. И кој ве лаже дека Албанци во Македонија извезуваат во Косово? Кога Албанците во МКД се главно трговија и увоз, освен Везе Шари и оние од Тетово со градежната фирма ги заборавив како се викаа. Најголем извоз имаме на земјоделски производи моментално кои неможат да чекаат додека се реши споров! Зделките не се прават од вчера за денес, тоа е планирано производство, свежа роба не трпи економски ембарга.
Косово не блефира од проста причина што на секоја земја и одговараат мерки со кои се забранува увоз за да си ја стимулира економијата. Затоа Србија се запали кога и ставивме забрана за брашно. Сите го штитат извозот, а не увозот, за увоз има супститути, за извоз нема пазари. Еден пазар да освоиш ти требаат десет пара кондури да искинеш. Со кој памет воведоа такса за влез како контра одлука на забрана на производи, какво е ова детско понашање од луѓе на власт? Па ние ќе бидеме тие што ќе ги молиме да тргнат ембарго, а не они. Ние ќе се понижиме и тоа пред кого пред Косовари.
Иако ние ќе преживееме и без тие милиони, моменталната економија и пазари не ни дозволуваат излети, секој денар ни е важен. Косово ни е утеха за ЕУ пазари, од таму се вадат парите за обрт. Ова само генералната слика, каде е договорениот транспорт кој ќе ги плати изгубените тури? Не е се така едноставно како што личи, секој саат губиме пари, детска одлука на нашата влада, тотално детска неможам ни да поверувам дека веста ја добив од Српски медиуми. Ова не е заебанција ова е ембарго. И тоа од суфицитарна земја. Затоа Кили се вртел деновиве низ медиуми...ете што била позадината.