Крај на "златната генерација" на Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе се молиме овие што играат по странство да се изделкаат во добри играчи (Магдинчев, Николов, Нено што игра во Шпанија,мада за сите знаеме дека некој ги има подбутнати за надвор да играат :)).

Кој е овој бе, пет пати го пиша, да не мислиш на Магдевски?
 

Го читав и повеќе не ни може да се сложувам. Се е точно, од збор до збор, ниту нешто претерано ниту лаги.
"Тоше, срцето и душата на репрезентацијата последниве 10 години. Едвај го натераа да се врати од пензија, и да, имаше многу лошо првенство, но кога би се собирало и одземало што се има напревено за оваа репрезентација никој неможе да каже лош збор за дечкото. Некогаш давал 100% од себе, а кога не давал 100%, давал 110%, 120%..... играл со скршен нос, пукната рака, бушаво репче и никогаш не се штедел на терен. На минатото првенство кога скрши рака, барал да игра и кога докоторот му рекол, како бе ќе играш со скршена рака, рекол, е добро де, имам уште една."
Ова за сите оние кои заборавиле кој е Тодор Гечевски или никогаш не ни знаеле. Неговиот придонес за македонската кошарка е бесценет!
 
Да да, ме поправија и други ама касно беше да сменам. Му го смешав малце презимето :)

Па не знам овој колку е со врски. :D Читав коментари од Шпанци коа потпиша за Реал, пишуваа дека скаутите го гледале во живо кога играл у Партизан и одма го контактирале кога од Партизан им кажале дека ќе го даваат.

Шо знам, може од дечкото да стане јак играч. Не за џабе и Србите го бараа да му дадат пасош, а и Партизан знаеме каква школа има.

Само 17 години има, 190цм е, може уште да се извиши а може и на тројка да го прекумандуваат ваму. Моментално тренира со првиот тим, пошто се без репрезентативците. Ваљда ќе игра во тие до 19г., но може и да го позајмат негде. Секако, добро е што на млади години замина од вукојебинскава лига.
 
Па не знам овој колку е со врски.
Талентиран си е малиот, само треба да работи а не да остане на талентот, во Џордан кампот нема врски :)


 
Перо и официјално се прости од репрезентацијата
Антиќ: Евробаскетот 2013 е последниот мој репрезентативен настап
Капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ дефинитивно го најави своето повлекување од идните репрезентативни настапи.

„За мене настапот на Евробаскетот во Словенија беше последен во репрезентативната кариера“ – го потврди Антиќ во изјава за интернет страницата на ФИБА, тоа што веќе беше од претходнот јасно.

„Не може да кажам за другите, но за мене секако ова е крај. Сакам оваа генерација на Македонија да биде запаметена по единството кое владееше во тимот. Постигнавме многу во Литванија, тоа не е мала работа која треба да биде голем поттик за следните кошаркари кои ќе не наследат“.

Според Антиќ, Македонија не одигра согласно очекувањето на ова ЕП, но пресвртен момент беше оној неправеден пораз од Црна Гора.

„Тоа многу влијаеше од психолошки аспект на нас. Со таа победа многу работи ќе беа поинаку. Се боревме против психолошкиот момент потоа, но не успеавме во тоа“ – дополнува Антиќ.

Освен Антиќ, извесно е дека во иднина во македонскиот дрес нема да настапуваат и Владо Илиевски и Тодор Гечевски за кои исто така веќе е најавено збогум. Од оваа генерација неизвесно е дали и натаму ќе може да се смета на Ѓорѓи Чековски, а веќе се погласно се навестува дека Лестер Бо Мекејлеб и натаму е расположен да настапува под нашето државно знаме.

Ако Бо остане а Перо избега ко пиче налет нека му е и НБА кариера и се што направил за репрезентација.
 
Глеај сеа ги оправдувам сите, направија успех и сега само надоле ќе идат со настапите за репрезентацијата а така ќе направат многумина да заборават што постигнале.

Беше убаво додека траеше но треба да се вложува сега во кошарката ко никогаш до сега за да ги извадиме потенцијалите на површина.

Стварно има кадарни деца ама системот е за никаде.
 
Може ќе испадне тој од блогот во право. Може прадедо му на Борчета стварно се борел рамо до рамо со Питу Гули. :D Ако остане човекот ќе има огромен респект од мене (кој секако веќе го има). До сега играше со срце за Македонија. Само најдобри зборови за него.
 
Да да, ме поправија и други ама касно беше да сменам. Му го смешав малце презимето :)

Од ум се извадов, си реков тенисерон магдинчев на кошарка се префрлил:D
Оти како што е тргнато кај нас во државава ништо не ме изненадува.:icon_lol:
Второ што си помислив е дека Магдинчев(финта) му е татко , па ми даде надеж дека ќе ги искини со финти :drk:
шала
 
Го гледав овој Магдевски на тоа видео, и се чудам како досега немам слушнато за тоа дете. По тоа што видов, дечкото кине, да беше ова некој Свбин кој игра за Партизан сега ќе котираше и за НБА драфтови. Жално е колку наши таленти се потценети.
 
Перо и официјално се прости од репрезентацијата
Антиќ: Евробаскетот 2013 е последниот мој репрезентативен настап
Капитенот на македонската репрезентација Перо Антиќ дефинитивно го најави своето повлекување од идните репрезентативни настапи.

„За мене настапот на Евробаскетот во Словенија беше последен во репрезентативната кариера“ – го потврди Антиќ во изјава за интернет страницата на ФИБА, тоа што веќе беше од претходнот јасно.

„Не може да кажам за другите, но за мене секако ова е крај. Сакам оваа генерација на Македонија да биде запаметена по единството кое владееше во тимот. Постигнавме многу во Литванија, тоа не е мала работа која треба да биде голем поттик за следните кошаркари кои ќе не наследат“.

Според Антиќ, Македонија не одигра согласно очекувањето на ова ЕП, но пресвртен момент беше оној неправеден пораз од Црна Гора.

„Тоа многу влијаеше од психолошки аспект на нас. Со таа победа многу работи ќе беа поинаку. Се боревме против психолошкиот момент потоа, но не успеавме во тоа“ – дополнува Антиќ.

Освен Антиќ, извесно е дека во иднина во македонскиот дрес нема да настапуваат и Владо Илиевски и Тодор Гечевски за кои исто така веќе е најавено збогум. Од оваа генерација неизвесно е дали и натаму ќе може да се смета на Ѓорѓи Чековски, а веќе се погласно се навестува дека Лестер Бо Мекејлеб и натаму е расположен да настапува под нашето државно знаме.

Ако Бо остане а Перо избега ко пиче налет нека му е и НБА кариера и се што направил за репрезентација.
Се убаво меѓутоа не морал да се филма демек против Црна Гора изгубиле и сеа тоа ги демовитивирало па не се покренале :pos: абе јадни Перо, во НБА ќе ги изгубиш доста утакмици со бит базер, ако те чекаат тебе да се покренеш психички свршиле работа.
 
Ај ако ги турнало толку психички со црна гора да сватам дека играле слабо на 2рата ради тоа..
Ама после победата со србија? тоа не ги крена психички ? Наредната утакмица против босна требаше да го избришеме паркетот со нив,нели поквалитетни сме и психички се кренавме со победава над србија.
Срамота е да се вадат на натпреварот со црна гора и психата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom