ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ „Јустинијан Први“ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Mortisha
  • Време на започнување Време на започнување
Мене па сите предмети ми беа такви освен кривично право, криминологија, пенологија, судска медицина и криминалистика.
Кривична група бев по стара програма.

Предметите од граѓанско материјално и процесно се исто интересни. И меѓународно :)
 
Предметите од граѓанско материјално и процесно се исто интересни. И меѓународно :)

Ако учете си, убаво е.

Учењето ти дава крилја.
или Ред Бул беше тоа ... :unsure:
 
Некој совет/инфо за предметиве/професориве.:)
http://prntscr.com/1qtnii

Сашо по ЕУ е супер. Не се паѓаа прашањата ЕУ, учи све шо треба :)
Силјаноска не ја знам
Родна и Тина.. учи го предметов.. не дозволувај да го заглавиш. Не се заебавај, учи секоја недела тоа што ќе го земате на час. И собирај поени за активност.
Климовски не го знам
Фрчковски е супер професор за слушање на предавање. Асистентката е малку построга и принципиелна така да собирај поени кај неа и нека те запамти ако во иднина ти требаа нешто бонус поени или нешто.

Реално, трет семестар мене ми беше најтежок од студирањето. Еу, МЈП и Стварно право не се лесни предмети. Затоа овој семестар загрејте се убаво зошто ако положите се`, наредните семестри се со нормална тежина и ќе бидете поопуштени.
 
@true blue @Nikac_Aerodrom и останати бруцоши Еве ви распоред
Сеа почекајте уште ден-два да стават списоци за да видите кој која група е

Го прашав тој од студентски кога е заверување семестар за 2ра и 3та...изгледаше ко појма нема што се дешава, па ми кажа до 20ти сигурно запишуваме (што е и најлогично). И вие тргате на факс од понеделник така? Кој го интересира, книги да ги купиш од книжарата (зборам за правни студии) за прв семестар е негде преку 4000 денари. Кога ќе собереш и втор семестар, книгите колку партиципацијата скоро ќе му дојде.
 
Сите тргаме од понеделник, а некој и полага римско во понеделник :D
 
Луѓе ова правен е 5 години факултетов.Уф зезната работа

Па сосе магистратура да. А мора да земеш една година магистратура пред да помислиш да се вработиш бидејќи денеска на работните места обично бараат да имаш 240 ЕКТС поени. (барем вака мислам дека е)
 
Новозапишаните студенти на Правен ќе можат да ги подигнат индексите од 16 до 20 септември, во период од 8-16 часот на Студентски прашања. (има на нивната страна, првото соопштение, ама не ставиле документ -.-)
 
Знае некој на ова уплатниците дали треба да се пополнува тоа „уплатна сметка“ ?
 
И добро сега кој е полесен некој смер.Ми треба само втора диплома.Ама воопшто не планирам да станам адвокат или таков некој.
 
И добро сега кој е полесен некој смер.Ми треба само втора диплома.Ама воопшто не планирам да станам адвокат или таков некој.

Мислам дека политички науки е полесно од правни науки. Мислам дека треба да има уште место.
 
И добро сега кој е полесен некој смер.Ми треба само втора диплома.Ама воопшто не планирам да станам адвокат или таков некој.

А зошто ти треба втора диплома? Колекција правиш? :)
Што имаш завршено?
Иначе политички е полесен смер од правни студии. И новинарсто е полесен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom