Од информации блиски до Вардар, станува збор за млада змија од видот анаконда, дел од проектот СК 2014, донесена за да ја разубави нашата најголема река. Аеродоромската прошетка била само кратка екскурзија и обележување територија. Засега е тајна колку чини набавката на влекачот, но како што соопштуваат добро инфромирани извори нејзиното одржување нема да биде проблем. Змијата е сосем способна самата да се храни. Моментално се опоравува кај вардарските плажи, откако видела еден од нашите споменици.
Во план е набавка на неколку нилски крокодили и нилски коњи, како и повеќе лавови кои би биле пуштени во природа. Сепак, еден пар од лавовите би бил задржан во градскиот парк, а друг ќе биде специјално обучен за потребите на КПД „Идризово“.