- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.481
- Поени од реакции
- 5.949
Ајде вака со поедноставни зборови. Оди стави и ембарго на Германија? Блокадата е одговор на ембарго, шо не ти е јасно?Србија стави ембарго со тие загуби? За 11 000 долари ембарго? Знаеш кога се става ембарго?
Ембарго стави Македонија , ембарго на пченица и брашно.
Косово за да ги заштити своите земјоделци стави исто така ембарго на неколку македонски производи од земјоделството.
Се до тука се е во ред . 1:1
Македонија ги прекрши правилата , а Косово и возврати на ист начин.
И потоа наместо ембарго само на тие неколку производи , Косово ја почасти Македонија со целосно ембарго , со што Македонија губи 1 милион долари секој Божји ден.
Значи што губи Косово сега ? а што Македонија ?
Косово губи можност за шопинг во Скопје (Ете кај е Тирана , на 3 часа , автопут од Приштина до Тирана)
Губат можност за лекување на богаташите , повторно ете кај е Тирана , а ако треба , ете кај е Београд.
А пошто се богаташи , ете кај им е Табановце , а пошто се богаташи ете кај им е алтернативниот пат кај селото Блаце , за 10 евра по автомобил.
Не ми раскажувај за транспорт те молам. Те молам работи кои не ги познаваш не ги зборувај, за твое добро. Тие камиони кои дремат на Блаце се еуро нула, односно камиони кои возат Грција, Албанија, Србија и Косово. Тие се менуваат секој ден. Моментално извоз на зеленчук има секој саат. Тура до Белград е 600 евра. Тура до Приштина е 300 евра. Кога има извоз на зеленчук никој не вози за Косово, мислам дека знаете проста математика нафта-терминал-шофер-амортизација-профит = цена на превоз. За релација Скопје- Приштина се вози само ако клиентот ја имаа таа потреба, да не ги загубиш другите тури. Од Косово за увоз кон МКД се враќаат празни. До таму полни 300 евра, назад празни нема математика за транспорт во тој пазар. Од Косово не увезуваме апсолутно ништо, затоа извозот натаму е проблем. Од една тура не остануваат ни 100 евра. Како што реков тоа е само да му угодиш на клиент. За извоз нема ни еден камион во Македонија, тоа можеш и слободно да го провериш по граничен премин на ден колку МАК камиони излегуваат моментално.
Па нема потреба да јадат македонски производи , нека им стојат у погони на македонските фабрики, зарем само Македонија произведува во овој свет , која глупост и самобендисаност.
Што е последицата , Македонија губи 1 милион долари , а секој шофер губи по 200 евра дневно.
И затоа сега се во штрајк со глад , пијат ланска ракија , пошто само тоа им останало у подрумите дома , а можда ни жените не ги примат дома. Многу седење по граница и не носење пари дома може да резултира со неверство.
Па после Бранко крив , а он им враќа : Абе гревче , оди прашај ја жената да не е некој друг во прашање.
Подобро нека одат дома нека се грејат кај жените , него ли со топла ракија во овие дождливи денови.
Хашим кога ќе одлучи , ќе го тргне ембаргото и ќе им стигне веста преку медиумите.
Што се толку запнати за Косово , еве леандра вели дека македонците не се зависни , можат да се снајдат , ги имаат најдобрите камиони во цел свет , поконкурентни него кинезите.
Ние немаме загуби со затворена граница за транспорт. Ние со блокада го затвораме комплетно правецот на Косово, зошто имаме тури Германија - Косово, Турција - Косово, Бугарија - Косово, Италија - Косово. Тоа го штити блокадата на транспортери. Ако ние тие релации како досега не ги возиме, нема никој да ги вози. Ние сме главни транспортери и за Албанија. Ако не го возиме Косово идеме до Албанија.Економска логика кец на десетка. Во последниве години на криза сме и во Грција доминантни превозници, а извозот на Србија го возат Македонски камиони најмногу од Ниш кон ЕУ. Зошто ние ги имаме сите дозволи и ЦЕМТ регулативи. ЦЕМТ е дозвола со која пренесуваш роба помеѓу две земји од кои едната не ти е матична. ЦЕМТ Косово не е потписник - неможе да вози. Ние сме, ние возиме. Нејасно нешто?
Машалах , затоа ли сега се заробени на граница таму , пошто имаат многу работа а. Ахахахахахах
Јасно јасно , зависат од Косово.
Алтернатива за увоз на Косово има и сега, никој не ја спречи алтернативата ете и Бугарите се појавија да кажат. Алтернативата вика имате алтернативни патишта бујрум користете ги. Важно транспорт нема да ви мине на Блаце туку горе или околу Дебар +450 евра трошоци. Нема никој да мине на тој граничен премин. Нашите камиони се симнуваат од брод на Драч и влагаат во Косово. Оние кои си идат од Полска и Германија преку Србија влагаат. Нас ни се тие патни правци поефтини. Е сега на оној на кој не му се негов проблем.
Секогаш има алтернативи , и во сите алтернативи Македонија и македонците најмногу губат.
Косово е увозна земја, зависи од увоз од храна, лекови, облека, нафта, струја, нема производство никакво. Кога носиш храна во земјата, а ти стават блокада ти си должен да најдеш храна. Таа храна сигурно од Германија не ја носиш. Ја носиш од соседи. На соседи зеленчук продава Македонија. Ти куувај и од нив, нас не ни смета. Босна нас ни плаќа, Косово неа. Апсолутно немаме проблем со тоа.
А храна произведува само македонија

Зеленчук произведува и Косово и Албанија
А многу скоро , Струмичани ќе треба да мислат за други држави , пошто Косово и Албанија нагло ги зголемуваат површините со зеленчук , субвенциите се зголемуваат , патиштата се градат (без патарини)
Ако блокадава потрае на Блаце плус пешки и такса да си платат, најнервозни и најзагубари се Косоварите како народ. Ние како народ не губиме ништо. Ние не сме нервозни. Косоварите сакаат да се лечат кај нас. Ете им соседи нека се лечат у Србија и нека не откачат? Зошто плачат на видеава? Неможе да минат, неможе. Ете им една лекција кога и како се користи ембарго. Во следните 30 години нема да им текне.
Тие кои блокираат патишта се нервозни , кој се тие ? Македонија (македонците)
Тие кои плачат се на граница , пијат ракија (од подрумските резерви) , им зависат фамилиите од работата на Косово. Мислам дека во следните 300 години не ќе смеат да се закачат со Косово.
Никаква блокада симнување, после паѓање на ембарго и визи. Ете тоа би бил полн погодок. После ќе ги броиме штетите ако сакате јавно и транспаретно. Ако се јаки Косово нема да имаат потреба од нервози и плачење да влезат во земјава. Нели имаат алтернативи, што кур плачат на Блаце да влезат овде? Ние да не плачеме случајно![]()
Штетите се јасни, 1 милион долари дневно.
Косоварите се оштетени пошто не можат да остават пари во Македонија.
Што значи: Штетата врз косоварите е што наштетуваат уште дополнителни 1 милион долари врз македонците , освен оние 1 милион заради извозот.
Они секако ќе се лечат , секако ќе јадат пиперки и домати , секако економски немаат никакви сериозни загуби.