Ваљда оти на тој граничен премин неможе да царинат роба и нема потреба од блокирање.
Не би сакала транспортерите да се нарекуваат владини потрчковци, од проста причина што најголемите блокади во земјава вклучувајќи ги и оние кон Грција се направени со пари и време на транспортери. Не е фер не за друго. Иако на власта долги и се прстите, ниеден друг сектор досега не преземал блокади освен транспортерите.
--- надополнето: 11 септември 2013 во 11:22 ---
Патем некој веќе полуде од блокадава :
Итно да се деблокира македонско-косовската граница, ова барање Стопанската комора на северозападна Македонија го упати до Здружението на транспортери „Макамтранс“.
Бизнисмените од оваа комора истакнуваат дека континуирано барале да се преземат конкретни мерки за изнаоѓање на решение преку институциите кои ги претставуваат двете држави.
-Ниедна блокада на границата не може да се деблокира со нови блокади, затоа секоја иницијатива од овој вид само придонесува кон влошување на ситуацијата, која и така е економско и социјална лоша во земјата. Иницијативите од ваков вид уште повеќе ја зголемуваат иритацијата кај локалното население, која може да се случи многу брзо да ескалира, додека последиците може да бидат различни. Во оваа фаза се бара зрелост кај сите страни и да седнат на маса за да се најде итно решение и оддржливо меѓу владите на двете земји, се вели во соопштението од Стопанската комора на северозападна Македонија.
http://grid.mk/read/news/505787625/...deblokiranje-na-makedonsko-kosovskata-granica
Одговор од транспортерите на Блаце: Нека дојде некој слободно еве ракијава ја допиваме