Gregor
Оbserver
- Член од
- 6 февруари 2013
- Мислења
- 1.021
- Поени од реакции
- 1.935
Прилично сум сигурна дека не ми е за во темава прашањево, ама па не знам каде на друго место а е од оваа област.
Ми треба слики од магнетна резонанца да праќам во странство и ако ги пратам преку пошта ќе се уништат, па би сакала некако да ги префрлам на компјутер (цд/усб и сл).
Разбрав дека во странство така и правеле, не давале снимки како кај нас туку ти давале цд со снимката па се надевам дека можам да направам слично нешто. Па дали некој има информација ДАЛИ може да се изведе ова некако и каде.
Фала.
Најчесто кога те снимаат на магнет сликите остануваат во системот, а технологот само прави реконструкции на одредени делови кои се од интерес, можеш да побараш да ти ги снимат на CD. И кај нас ги даваат на CD, ама само ако побараш.
Друга опција, да ги сликаш сликиве со некој квалитетен фотоапарат, пошто скенер тука многу работа нема да ти заврши, пошто сликиве се темни и треба да се осветлат одозгора.
Значи снимката на негативоскоп (или пак бела светлина, неонка) и апарат со висока резолуција и мирна рака (или статив) ќе ти завршат работа.
Јас имам така сликано за трудови, успева, убаи слики се вадат.

