Во овој случај на големи количини ако трае ембаргото ќе треба да направите реекспорт на робата во Албанија. Реекспорт значи вашата компанија да ги извезе билбордите за Албанија, таму се прават нови документи платени давачки од Албанска фирма и на тој начин производите влегуваат како Албански во Косово. Или доколку Турците сакаат можат со турски документи да ги изнесат од земјава. Односно вие правите извозни документи за Турција, Турците се јавуваат како извозници. Се разбира тоа се дополнителни трошоци, но чим плаќач е друга земја постои можност да се изнесе. На нив нема декларации и потекло на роба така да може да се измени испраќач.
--- надополнето: 9 септември 2013 во 14:24 ---
Македонските компании извезуваат најмногу во Бугарија, Србија, Грција и Косово. Тоа е поради близината и давачките, за подалеку сме поскапи. Секоја земја на светот најмногу трговска размена врши со своите комшии. Затоа јас не би рекла дека они легнале на Косово и од него очекуваат. Напротив ги има насекаде околу нас. Тоа се мали пазари на кого нашите производи им се доволни. Поради тоа се ствара и таа зависност. Ние на пример со ембарго може многу да влијаеме на Бугарија и Србија кои се едни од главните увозници кај нас. Само така не се води економија. Не е работата во 2013 да ставаме рампи, туку да најдеме начин да се пробиваме, да се штитиме без ембрага и да покачуваме нечии други цени за да станат неконкурентни. Косово не е линија на движење на Балканов, што ние направивме во врска со тоа? Ништо, апсолутно ништо. Они соработуваат доста со Грција, Турција и Бугарија, а минат низ нас ние само ги гледаме. Бугарите како не исчистија од Бугарија? Зад секое дрво џандар и мито од 100 евра, иди вози да те видам. Си го кренаа транспортот само на бугарски превозници и се заштитија. Ни лук јал ни лук мирисал, не им треба ембарго за да некој те избрка од терен онаму каде му одговара. Само работата е што некој кај нас ем незнае да работи, ем боде.