При трговско ембарго отворени се само шверцерските патишта. Ниту една земја не останала под класично ембарго. Бидејќи Косово сеуште нема систем како држава, вие билбордите може да ги пренесете со личен автомобил еден по еден. Се разбира јас ви предлагам колата да е на приватно лице и да ја вози Албанец. Доколку го прашаат треба да измисли прича дека робата во овој случај билбордите ги носи да ги видат во никој случај за монтажа.
Иако сум убедена дека меркава веднаш ќе ја симнат, чим се членови на Цефта ќе го натераат ценетиот ни наш премиер да се помоли и извини и ќе се среди работата.
--- надополнето: 9 септември 2013 во 12:54 ---
Таксата од 100 евра ја воведоа како заштита на својот извоз. Србија и Македонија кон Косово имаат воспоставено такви такси кон Косоварски превозници за да им ја подигнат цената на Косовските производи. Мерката од 100 евра беше времена и траеше само 24 часа по наша жестока реакција. Секој како држава има право и ги има сите инструменти да си го заштити извозот, затоа политиката е во улога на олеснувач на економија, а ова денес што ни се дешава е обратен процес во кој ради политика ќе плати пак економија.
--- надополнето: 9 септември 2013 во 13:03 ---
Да во ЦЕФТА е каде сме и ние. И бидејќи сме во ЦЕФТА воведовме забрана за увоз на брашно времена мерка. Тоа е спротивно од регулативите кои сме ги потпишале. Поради тоа секоја земја има право да ни воведе контра мерка ако е оштетена од наша одлука. Во случајот наш само Србија беше оштетена и само поради неа ја ставивме. Но не биле Косовари ако не увиделе кец на десетка ситуација, ја искористија ситуацијата и со 2% увоз од кај нив ни ставија времена мерка од 4 ри царински тарифи за забрана на увоз од производи на жито. Со полно право, иако не беа оштетени си го испраа задникот со наша одлука и си го заштитија пазарот додека трае мерката. Тука требаше да се преговара кога веќе пред два деан сфативме дека не изиграа. Но ние наместо да се испереме, се испонашавме како прво одделенци. Сега не само што ќе ги симнеме сите мерки туку и ќе молиме.
Нема што ние на ред да бидеме, не е ова игра па да си го мериме. Пред ЦЕФТА сме ние провокатори, не они. Они само ни шутираа пенал.
Велиш струја нема да им даваме и? Пак кој губи?

Да бевме ние увозници сега можеше само да се насмееме, али во овој случај ти стојат компании на глава, неможеш да речеш ај шо ве вртам сега ние сме на ред да ставиме мерка. Не оди тоа така, пари се во прашање, производство, потрошени ресурси, пазари, плати, даноци, девизни приливи. Тоа е цел комплициран систем.
--- надополнето: 9 септември 2013 во 13:08 ---
Ние сме од сите комшии зависни. Кога Грција не блокираше на неколку пати ние ги баравме супститутите кај другите комшии. Ние неможеме да извезуваме у Пакистан, се знае дека на прва линија се оние на најблиска далечина поради мали трошоци.
Сите се еден позади друг, сите од своите комшии се зависни, така и ние. Таква ни била среќата.