Каква музика слушаш, таков си во кревет

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.619
"Уште од поодамна е познато дека музиката зборува многу за нашата личност и карактерни црти. На пример, утвредно е дека термитите јадат дупло побрзо кога "слушаат" хеви метал. Исто така, музиката може да биде показател и на вашата сексуална преференција.

Прочитајте и видете дали ќе се пронајдете. Прашањето "Што слушаш?" доби сосема нова димензија.

Народњаци

Луѓето кои слушаат народна музика најчесто се мазохисти. Сакаат секс со луѓе кои им се недостапни и малку "погруба" акција. Мажите кои се фанови на овој жанр уживаат кога нивната сперма заврши на сите оние делови на телото "кои не се за тоа предвидени". Жените често сакаат постари мажи во кои гледаат татковска фигура.

Класична музика

Јасно, добар дел од овој аудиториум нема секс. Оние кои имаат помалку се срамат од своето тело и им е потребна интелектуална врска со партнерот, со подлабоки разговори и помалку акција.

Реге

Обожавателите на реге музиката сакаат да запалат мариухана пред сексот. Во врските се добри пријатели, а во сексот се малку пасивни. Сепак, во сексот уживаат на духовен начин, опуштено, без многу брзање и акција.

Кафански

Со нив сексот трае и трае - пијан човек не може туку така да сврши. Во креветот се традиционални, без многу иновативни пози и потези, но се добри.

Џез

Одлични љубовници кои во сексот уживаат и со тело и со душа, а и едното и другото го даваат додека водат љубов. Сакаат да имаат музика за време на сексот и се страствени. Тешко се посветуваат но кога ќе се одлучат, нема назад.

Квалитетен рок

Стоунс, Дорси и така натаму? Вие сте креативен љубовник со кој никогаш не е досадно.

Drum'n'Base, Deep House, Techno

Сигурно ќе ги сретнете на Exit или некоја 72 часовна журка со 25 диџеи. Најмногу уживаат во секс под алкохол или наркотици. А какви се во сексот? Како ритамот на музиката!"

22.jpg

Статијава ја најдов копи пејст на многу македонски портали. И затоа не го споменувам изворот. Ма небитни се!

Нека ми го позајми некој мозокот за да успеам да се сложам со напишаното. Уствари се препозна некој ? Се сложува? Енибади?

Од кога музиката е огледална рефлексија на мојот сексуален живот? Од кога музиката ја скицира синтаксата на моите пенетрации и ветените оргазми? Стварно музиката сталка низ ролетните на спалната ми соба?
Музиката ми е за интимна консумација и секако може да биде бејбиситер (негувач) на моиве чувства, но читајќи ги се почесто ваквите статии се наоѓам затечен како не се сложувам со муабетите кои ми ги продаваат дека музиката може да ме смести во некој си човечки подвид или може да го детерминира моето однесување.

Ајде бе да воопштиме. Колку мислите дека музиката е продуцентот на вашата продуктивност, интелегенција, религиозност, мирољубивост, љубезност, агресивност... ?

Човекот е артефакт на музиката или (логично) музиката е артефакт на човекот?

11.jpg
 
Ами ние шо слушане One Republic шо прајме? :D
бтњ Тесла изгледа слушал класика, зато никогаш нема секс.

Да тргнам од продуктивноста. Минатото лето кога чкрапав една книга во word, на слушалки обавезно пуштав музика која ми создаваше амбиент каков што ми требаше во моментот. Обично тоа беше некоја инструменталка(пост рок), но не ретко се случуваше да пуштам и песна со текст кој не ми ги одвлекуваше мислите. Пример во план сум бил да опишувам зимски период, сум пуштал некоја помрзелива, послоумоушн, пофлегматска музика која правеше да се чувствувам како да сум на лулашка, сместен покрај ѕидан камин во кој дрвата тивко баботат во темната соба. Што значи музиката ги приближува работите, ја разбудува имагинацијата, отвора видици кои тешко се фаќаат при нормални услови во тишина. Се разбира дека и тишината е некогаш страшно потребна, но музиката си има магија која на секој од нас му е потребна.

За музика и религиозност нема да коментирам. Само ќе кажам дека едни од помоќните музички остварувања сум ги пронашол во црковната музика која ми е доста силна со таа своја интересна хармонија.

Што се однесува до агресивноста, добро ми стои во мисливе дека во средно често пати имав потреба од гласна, брза музика, музика темелена на металски дисторзии, некогаш со дупли педали и триста курци, додека бенгав до момент на болка во пределот на вратот. Дете, енергија, жилавост, мислиш дека со глава ѕид се турка и си семоќен се да превземиш во свои раце и да стопиш.

Сега обично практикувам потивка, поспора музика. Обично и така некако животов го затерав. Поспоро, по плановите, кроце кроце кон одредени цели. Немам честа потреба од силно галамење и таква енергија на испукување. Седам, кулирам, додека во позадина крцка нешто пријатно за уво, читам, работам по нешто без да ми се одзема фокусот. Дури и ми создава мачнина музиката која ми чинела задоволство во средно. Се доживувам како посмирен, далеку посозрел од пред 7-8 години, со еден поинаков видик општо за животов. Работите ги гледам поладнокрвно, без да се оптеретувам за глупави ситници кои порано во ,,досадни времиња" (кои сега ги немам), ме ваделе од такт. Младост-лудост, така иди муабетов.
 
Овој што пишал пред мене е лудак. Цел реферат на ваква „глупа“ тема. Инаку зошто не’ нема и нас раперите во листава?

На рапери не им се дигал. Па така авторот ги прескокнал.

Инаку ако ги скокниш ,,глупостите"(поделба по жанрови, каде те нема), надолу имаш основа за пишување. Само тоа е , си се фокусирал на реперите јо мен јо.
 
Музиката дефинитвно има огромно влијание врз секој поединец, ама ваквите статии се во најмала рака дебилни.
Не верувам ниту дека воопшто некакво истражување е направено.
Сигурно си седнал некој по дома пред ПЦ, кафенце, нешто благо и си рекој ај ќе пишувам статија на база на стереотипи.
Како демек ако слушам техно по дифолт се дрогирам, ако слушам реге по дифолт дувам трева, ако слушам класична музика по дифолт сум некој чудак кој не може да се социјализира.

Ако беше вистина ова значи во пред 20 век никој не се е*ел ако идеме по таа логика дека оние кои слушаат класична музика немаат секс.

Вреди да се дикутира на темава како музиката влијае на сексуалниот живот ама да се направи автентично истражување, а не на база на стереотипи и предрасуди.
 
Според статијава, ја пошто слушам гоа транс од оној најбрзиот треба да правам цел луна парк у кревет. :icon_mrgr:
(според ритамот на музиката)
 
Не познавам човек што слуша конкретно еден жанр така што ова е грешка у старт.
 
"
Ајде бе да воопштиме. Колку мислите дека музиката е продуцентот на вашата продуктивност, интелегенција, религиозност, мирољубивост, љубезност, агресивност... ?

Човекот е артефакт на музиката или (логично) музиката е артефакт на човекот?

Шо ве мрзи да дочитате до крај, ко фудбалери на стони фудбалче сте. Значи глупата статија ми беше само инцијална каписла за влијанието на музиката врз нашето однесување, мислење, интелегенција...
 
Ова се глупости за мене, за вас незнам.
Инаку се знае
Drum'n'Base, Deep House, Techno (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom