Ја колку што знам.. не постои верска нетрпеливост, помеѓу христијаните и муслиманите..
Постојат само испрани мозоци и луѓе кои се задоени со омраза и гнев према се она што не се вклопува во нивниот поглед на светот и нивните сфаќања. Без разлика дали се работи за верници или атеисти.. и кај едните и кај другите имаш вакви типови на луѓе кои имаат предрасуди и чувствуваат омраза кон нешто или некого, само затоа што не се совпаѓа со нивните размислувања.
Како што има христијани кои мислат дека треба да ги снема сите муслимани и дека е во ред да се палат џамии и да се тепа некој затоа што носи брада и затоа што сигурно е терорист. Така има и муслимани, кои мислат дека е во ред да се убијат христијани, да се палат и ограбуваат цркви, да се прави криминал во името на Алах..
Така има и атеисти кои си земаат за право да критикуваат и да зборуваат како нешто е измислено и глупаво, да прават карикатури и да ги омаловажуваат останатите кои се одлучиле да бидат верници.
Значи за да дојдеме до некое решение, до некоја средина, ние треба прво да расчистиме некои работи во себе. Ако јас изјавам дека го почитувам мислењето на секого, а потоа речам дека некој атеист е глупак само затоа што ете.. не верува во она што јас верувам. Значи дека ништо не сум променила. Така постојано ќе се вртиме во круг, како што е и случај на форумов со темите за религија.
Постојано имаш едно та исто што се врти во круг.. едни докажуваат едно, други друго, потоа кога не можат да најдат средина, преминуваат на провокации и навреди и секако... фаќање за сламка.
Дали нешто добиваме од тоа?
Доволно е да ја видиш состојбава на форумов и да ти стане јасно дека во Македонија никогаш нема да има соживот ни разбирање, па макар и само христијани да има или муслимани. Секогаш ќе има нешто друго за кое ќе си ги вадиме очите.
Ако не е религијата, тогаш е националноста...
Ако не е националноста, тогаш е политичката определеност
Ако не е политичката определеност, тогаш е вечната кавга кој е Скопјанец а кој провинцијалец,
Ако не е ни тоа, тогаш е она, кој е педер а кој не...