Косово? Ембарго? Сам себе чифшал?

  • Креатор на темата Креатор на темата kviki
  • Време на започнување Време на започнување
Јасно е кој губи у ситуацијава ама ако педеров наш ги пренасочи парите од такса према оние што губат од извоз како оштета верувај дека ситуацијата нема да биде како што изгледа. Како што разбирам ја еден автобус со 50 патника за влез у земјава би требало да плати 110 евра.
Друга работа е што продавачов на органи сака да удри рекет на државава а притоа блефира знаејќи дека едно 30 посто од извозот го прават неговите браќа.
Според мене решението е тоа со таксата да се обештетат нашиве извозници, на тој начин ние не губиме ништо а они многу.

Ние секако губиме многу. Ако воведат целосно ембарго ќе губиме 300.000.000-400.000.000 евра годишно! Колку Косовари треба да ја посетат Македонија за да се надоместат тие пари?

Се наплаќало 5 евра за патничко возило, 10 за камиони и автобуси. Да земеме просек 6,5; сепак очекувам повеќе автомобили. По две евра од човек. Во просек да земеме 5 души во едно возило (земени предвид и автобуси) - тоа се плус 10 евра. Значи 16,5 евра од едно влегување. Груба пресметка вели дека за да се вратат тие пари треба отприлика 22.000.000 премини на границата! Од земја со 1.600.000 жители.

Контра-мерката е чисто колку да се кажи „на ви!“, ама и тоа е нешто.
 
Ете јас немам појма од економија па затоа сакам да прашам?
Кога веќе ни закачија ембарго ( тоа дали можело да се спречи или незнам што веќе е завршена приказна) што понатаму.
Се молат експертите да дадат солуција што би направиле кога од нив би зависело?
 
Ќе ги пуштиш Али и Сараќини да го молат Косоварот да го тргне ембаргото и ќе ги укинеш сите забрани од наша страна.
 
Ова е смислено сценарио , единствена земја со која имаме суфицит во трговска размена е Косово . Нас воопшто не ни одговара оваа ситуација , но ова е политичка игра не е економска .

Али Ахмети оди во Грција по решение за спорот , Косово ни става забрана за извоз , Бугарија бара нешто безвезе итн . Хмм :unsure:
 
Какви забрани имаше од наша страна?
Увоз на брашно пред некој месец од сите земји, меѓу кои и Косово кои се само 2% од нашиот увоз, али Косовар ти е Косовар бам ембарго. Србија крекаше накрај помиваме со договор. Со овие неможеш да разговараш, веднаш калаш.
 
Оваа одлука е насочена директно против македонската економија и македонскиот народ. Бројот на косовски граѓани кои секоја недела доаѓаа во Македонија (најмногу во Скопје) се броеше во илјади. Дури и од Приштина која е најголем град на Косово доаѓаа овде. Сите тие овде трошеа пари на најразлични работи, од трговските центри, рестораните итн. Се тоа е директен девизен прилив во Македонија, кој, почитувани форумџии, одеше во буџетот и џебовите на македонските граѓани. Сега, кога тие ќе престанат да доаѓаат, кога ќе останат без работа и оние луѓе кои се радуваа на платата иако работеа и недели и празници, некој дибек што крка од администрација ќе ни соли памет. Убаво викаат некои дека ние не треба да имаме држава, самоуништување 101.
 
Нема врска увозот на брашно со ова , ова е со сосема други побуди.
 
Ќе ги пуштиш Али и Сараќини да го молат Косоварот да го тргне ембаргото и ќе ги укинеш сите забрани од наша страна.

Ова ти е одговор на моето прашање?
Чисто за да знам ?
 
Нема врска увозот на брашно со ова , ова е со сосема други побуди.
Те молам во економија нема граници и нации се се врти околу пари. Не ги талкам заговорите и политиката и виши сили. Чиста ситуација ставаш забрана-добиваш забрана- се праиш паметен носиш детска одлука - ти ставаат ембарго. Автогол во фудбалски жаргон.
 
Оваа одлука е насочена директно против македонската економија и македонскиот народ. Бројот на косовски граѓани кои секоја недела доаѓаа во Македонија (најмногу во Скопје) се броеше во илјади. Дури и од Приштина која е најголем град на Косово доаѓаа овде. Сите тие овде трошеа пари на најразлични работи, од трговските центри, рестораните итн. Се тоа е директен девизен прилив во Македонија, кој, почитувани форумџии, одеше во буџетот и џебовите на македонските граѓани. Сега, кога тие ќе престанат да доаѓаат, кога ќе останат без работа и оние луѓе кои се радуваа на платата иако работеа и недели и празници, некој дибек што крка од администрација ќе ни соли памет. Убаво викаат некои дека ние не треба да имаме држава, самоуништување 101.

Значи на каде и да се завртиме ние сме нагузени.
Не ни одговара ни контрамерката такса за секое возило бидејки убаво велиш овие остават некоја пара во нашата економија.
А за ембаргото да не зборам 400 милиони тоа се илјадници работни места.
Треба преговори и ништо друго од мерки и контрамерки само губиме.
 
Те молам во економија нема граници и нации се се врти околу пари. Не ги талкам заговорите и политиката и виши сили. Чиста ситуација ставаш забрана-добиваш забрана- се праиш паметен носиш детска одлука - ти ставаат ембарго. Автогол во фудбалски жаргон.

Косово е увозник на брашно , значи не може да ги задоволи сопствените потреби од своето производство , мерката од Македонија воопшто не ги засегна нив туку Србија.
 
Оваа мерка на Косово нема врска со економијата,таа е за внатрешна употреба.За кратко време таму ќе има избори па така тТачи само си го билда рејтингот врз наши плеќи.По обичај
 
Ќе ги пуштиш Али и Сараќини да го молат Косоварот да го тргне ембаргото и ќе ги укинеш сите забрани од наша страна.

А да ги тргниме забраните пред или откако тие би го укинале ембаргото? Чисто ако читат Али и Сараќини да знаат како да се постават.
 
А да ги тргниме забраните пред или откако тие би го укинале ембаргото? Чисто ако читат Али и Сараќини да знаат како да се постават.
Тоа се прави на договорен термин, ние веќе се обврзавме до 15 Септември забраната за брашно да ја тргнеме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom