- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.941
- Поени од реакции
- 16.253
Последната група на првенството, групата Д, во неа се наоѓаат три речиси изедначини репрезентации, репрезентации кои ќе претендираат за првите места во групата кои носат пласман во наредната фаза, и три репрезентации кои се со помал квалитет, но сепак и не се така баш за потценување.
Во оваа група како најголем фаворит се издвојува репрезентацијата на Турција, која со неколку НБА играчи, можеби и ќе се вмеша во завршницата на првенството, после неа следува репрезентацијата на Грција, исто така квалитетна репрезентација, со успеси позади себе, но во последно време баш и не импресионира со квалитет и со резултати за гордеење, за тоа говорат и последните две пријателски натпревари, едниот против нашата репрезентација, а другиот против БиХ, во кои беа поразени, што пред почетокот на првенството баш и не е добар резултат, за репрезентација како што се тие, која секогаш претендира на висок пласман. Од по квалитетните играчи ќе недостасува Дијамантидис, кој го откажа настапот на ова првенство, исто така и црномурестиот кошаркар Скорцијанитис.
Како трета репрезентација по квалитет е Русија, со неколку измени во составот, без Кириленко, нивниот најдобар играч, и без Кријапа тешко дека на ова првенство ќе направи некој добар резултат, и ќе го повтори бронзениот медал од минатото ЕП во Литванија 2011, но сепак не смее да се потцени една таква селекција како што се тие.
Останатите три репрезентации во оваа група се селекциите на Италија (без Галинари и Барњани, тешко до тоа трето место во групата), Финска и Шведска, скандинавците, посебно Финска можеби и ќе биде изненадување на турнирот, не е отпишано да изненадат некои од фаворитите во групата. Шведска е тотален аутсајдер во оваа група.
Натпреварите во оваа група ќе се играат во Копер, во Бонифика Арена, која е со капацитет од 5000 гледачи.
Распоред на натпреварите:
Прво коло, 4 септември
Турција - Финска
Шведска - Грција
Русија - Италија
Второ коло, 5 септември
Финска - Шведска
Италија - Турција
Грција - Русија
Трето коло, 7 септември
Русија - Шведска
Италија - Финска
Турција - Грција
Четврто коло, 8 септември
Финска - Русија
Грција - Италија
Шведска - Турција
Петто коло, 9 септември
Грција - Финска
Италија - Шведска
Турција - Русија
*За да нема глупи прашања/заклучоци од типот, си отворил тема за сите групи, само за нашата си заборавил, не, не сум заборавил, ја оставив за на крај, па така да, ќе следува за некој ден и тема за нашата група.